Најстудено на Попова Шапка, утрово 11 степени под нула


Попова Шапка утрово во 7 часот е со  најниска температурата, -11, а температури под нулата се измерени и во Маврово и Крушево (-6), во Пожар -5, Ѓуршите -4, Пожаране -3, два степена под нула во  Берово, Дебар и Тополчани и -1 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница. Во  Скопје-Зајчев Рид се измерени нула степени, […]

Во Битола гостува ракометниот „бундес“ гигант Магдебург


Вечер во Битола во рамки на натпреварите од европската ракометна лига ќе гостува „бундес“ гигантот Магдебург од истоимениот германски град. Во пресрет на првата осмина-финална средба, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека против Еурофарм Пелистер никој не може да се смета за фаворит. – Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа […]

Лавров: Москва нема никакви врски со ЕУ заради едностраните активности на Брисел


Москва нема врска со ЕУ како организација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. -Целокупната инфраструктура на односите со Европската унија е уништена од едностраните активности на Брисел, па сега Москва нема никаква врска со организацијата, рече рускиот министер за надворешни работи на заедничката прес-конференција со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Лавров […]

„Дедо и внук“ најдобар странски филм на фестивал во Лондон


Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот „Independent Film Awards“ во Лондон. Лондонскиот независен филмски фестивал е еден од најреномираните, се одржува секоја година и има над илјада пријавувања на филмови од повеќе од 50 земји. Се доделуваат признанија на филмови и сценарија во над […]

Шпанија ја крена старосната граница на 65 години за вакцинирање со „АстраЗенека“


Шпанската министерка за здравство, Каролина Даријас, денеска ја информира јавноста дека здравствените влаасти во земјата ја кренаа возрасната граница од 55 на 65 години за употреба на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“. -Возрасната граница од 55 се крева на 65 години, рече шпанската министерка. Шпанските власти првично ја ограничија употребата на вакцината „АстраЗенека“ на лицата […]

Научниците имаат сè повеќе докази дека изворот на корона вирусот треба да се бара надвор од Кина


Научниците кои се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот што го предизвикува Ковид-19 велат дека има сè повеќе докази кои укажуваат на тоа дека истрагата треба да се прошири и надвор од Кина. По првиот потврден случај на Ковид-19, што кинескиот град Вухан го стави во центарот на светската јавност во декември 2019 година, […]

Прекинат состанокот на покраинските влади со Меркел за мерките против коронавирусот


Преговорите меѓу федералните и покраинските влади на Германија за понатамошни мерки во борбата против коронавирусот се прекинати поради несогласување околу воведувањето построги мерки, што ги бара канцеларката Ангела Меркел. – Мерките за кои се договоривме досега не се доволни за да се запре динамиката на ширење на инфекцијата, рече Ангела Меркел. Како што пренесуваат германските медиуми, најспорно […]

Крипто-валутите не се корисни чувари на вредноста, вели првиот човек на Федералните резерви на САД


Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во понеделникот изјави дека крипто-валутите остануваат нестабилни чувари на вредноста и дека централната банка не брза да воведе конкурент. „Тие се многу непостојани и затоа не се многу корисни залихи на вредноста и не се поддржани со ништо“, рече Пауел за време на дискусија на виртуелен панел за дигитално […]

Полицискиот час од 22 до 5 часот останува во сила до 6 април


По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, од 23 март до 6 април. Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта […]

Презентација на резултатите од поддршката на ЕУ за системот за управување со јавните финансии


Министерот за финансии Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп денеска ќе ги презентираат резултатите што произлегуваат од поддршката од Европската Унија во областа на јавните финансии, обезбедена во форма на твининг-партнерство со Холандија, Хрватска, Бугарија и Летонија за зајакнување на националниот систем за […]

Австрија го одложи отворањето на рестораните, најавени нови ограничувања


Поради зголемувањето на новите случаи на корона вирус, Австрија го одложи повторното отворање на терасите на кафулиња, ресторани и барови закажано за 27 март, а регионите се подготвуваат за нови локални ограничувања, соопшти свстриската Влада. Владата во понеделникот се состана со гувернерите на провинциите за да разговара за планот за повторно отворање на терасите следниот […]

Мерките од петтиот пакет ќе почекаат, поради заболени од Ковид-19 собраниските седници одложени на неодредено време


Во Собранието нема да се гласа за законите поврзани со петтиот пакет антикризни мерки за Ковид-19 се додека владејачките партии не соберат мнозинство, односно 61 пратеник. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера попладне го потпиша решението за неодредено одложување на 36. седница што требаше да се одржи денеска, а на која освен овие закони имаше […]

Османи на состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии. Како што соопшти МНР, ова е прв состаноко на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на НАТО, по пауза од една година заради […]

Променливо облачно и студено со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје […]

Остатоци од кашест снег на коловозите, снежни врнежи само во Маврово


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег. Врнежи од снег се бележат само во Маврово. АМСМ препорачува приспособување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност […]

Десет лица, меѓу кои и полицаец, загинаа во пукотница во Колорадо (видео)


Во пукотница во супермаркет во округот Булдер, во сојузната држава Колорада, синоќа загинаа десет лица, меѓу кои и еден полицаец.    Од полицијата јавија дека напаѓачот бил уапсен. Оттаму укажаа и дека осомничениот е ранет. Неколку видеа покажуваат како полицајци придружуваат маж со лисици на рацете без горна облека, а десната нога раскрварена.  Пукотницата се случила […]

Белата куќа подготвува план за силен развој на американската економија тежок 3.000 милијарди долари 


Администрацијата на претседателот Џо Бајден подготвува нов законски проект во висина од околу 3.000 милијарди долари за развој на инфраструктурата и нови вработувања, а кој вклучува и такви приоритетни домашни политики како бесплатни локални колеџи и детски градинки, како и развој на обновливи извори на енергија, јави синоќа Вашингтон пост.  Новиот нацрт закон треба да […]

Илхан Ќучук, известувачот за Македонија, ставен на црната листа на Кина по санкциите на ЕУ


Бугарскиот европратеник и извесувач за Македонија, Илхан Ќучук, се најде на списокот Кина во кој се најдоа десет личности и четири организации за кои Кина воведе контрасанкции откако ЕУ стави на црн список четири лица и една организација поради состојбата на Ујгурите во автономниот регион Ксинџијанг. Четирите лица се функционери од Ксинџијанг. Ќучук не може […]

Македонските фудбалери се собраа во Скопје за почеток на мундијалските квалификации


Четири месеци по последниот официјален натпревар против Ерменија во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација се собра денеска во Скопје на завршни мини подготовки за претстојниот старт на квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски до крајот на март ќе одиграат три квалификациски натпревари во рамки на групата Ј, […]

Секој трет пациент отпуштен од болница со Ковид-19 има долгорочни здравствени проблеми


Секој трет хоспитализиран пациент со коронавирус има долгорочни здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со органи и влошено ментално здравје. Тоа се наведува во преглед на истражување за долгорочните ефекти на вирусот врз луѓето, јавија западни медиуми. Прегледот е објавен во списанието Nature Medicine и се фокусира на зачестеноста на симптомите кај пациенти со „долг Ковид-19“. Најчести […]