Вакцините на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто


 Една доза од вакцините на АстраЗенека/Оксфорд или Фајзер/БиоНТек против Ковид-19 ги намалува шансите за болничко лекување за повеќе од 80 отсто, покажува анализата спроведена во Англија. Податоците на јавното здравство во Англија за луѓето на возраст над 80 години се совпаѓаат со слично „шпекулативните“ резултати во Шкотска. Секретарот за здравство Мат Хенкок истакна дека наодите […]

Симовски: Паднаа во вода тврдењата дека пописот не е според европски стандарди


Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика, смета дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди паднало во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал и потенцирал дека тие се целосно усогласени со меѓународните стандарди.Затоа, рече Симовски, не сакам […]

Во Израел со вакцинацијата ќе се испразнат ковид болниците


Од 1,82 милиони жители на Израел кои први се вакцинираа, само 0,07 проценти се заразиле со коронавирусот, покажуваат резултатите од најновата израелска студија за ефикасност на вакцините.   Едно од 1.500 целосно вакцинирани лица имало позитивен тест за Ковид-19, што се смета за најсилно навестување досега дека распространетата имунизација ќе ги испразни ковид одделенијата, објавија […]

Силен пораст на индустријата во еврозоната во февруари, производителите ги мачат набавките


Активностите во индустријата во еврозоната во февруари пораснаа со најсилно темпо во последните три години, поттикнати од странската побарувачка, што истовремено предизвикува проблеми во снабдувањето со суровини и зголемување на цените на влезните елементи, што сигнализира зајакнување на инфлацијата, покажа извештајот на „Маркит“. Индексот на менаџери за набавки на индустријата во еврозоната во февруари порасна […]

Пукање во училиште во САД: Ученик на првиот ден донел оружје


  Еден ученик пукал од огнено оружје во средно училиште во Арканзас рано во понеделникот, а при тоа повредено е едно малолетно лице. Инцидентот во средното училиште „Вотсон чапел“ во Пајн Блаф се случил на првиот ден откако окружните училишта вовеле целодневна настава по повеќемесечно ограничување поради корона вирусот. Според официјалните лица, сите кампуси се […]

Д-р Пановски и д-р Даниловски: Да се искористат познанствата за набавка на вакцини


  За распределбата на вакцините во светот смета дека личните познанства се многу важни, смета микробиологот д-р Никола Пановски. Тој вечерва во Само вистина на Канал 5 рече дека ние обично му веруваме на западот, но во овој случај со вакцините сме излажани бидејќи тие доцнат. Треба да се искористат контактите и познанствата со главни […]

Кинеските власти забранија остри казни за учениците


Кинеските власти од денеска им забрануваат на наставниците да прибегнуваат кон казни што можат да предизвикаат физичка или ментална траума кај учениците, бидејќи во последните години во земјата се забележани случиа на смрт на ученици кои биле строго казнети во училиштата. Со новите правила кинеското Министерство за образование во иднина забранува понижувачки казни за учениците […]

Шахин: До крајот на летото треба да ја ставиме пандемијата под контрола


Германија – Професорот по медицина и коосновач на „БиоНТек“, Угур Шахин предвидува дека новите случаи на коронавирус во Германија „ќе покажат значителен пад кон крајот на мај или почетокот на јуни“, како резултат на вакцинацијата. Тој исто така смета дека британската мутација на вирусот Б.1.1.7 почнува да се шири во Германија. Од средината на март, според […]

Гебрејесус: Зголемен бројот на новозаразени, првпат по седум недели


Швајцарија– Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека бројот на нови случаи на коронавирусот се зголемил минатата недела, првпат по седум седмици. Тој го нарече таквиот пораст „разочарувачки, но не и изненадувачки“ и ги повика земјите да не ги ублажуваат мерките во борбата против ширењето на инфекцијата. Досега во […]

Над 900.000 вакцинации во Грција, пријавени само шест алергиски реакции


Грција – Денеска спроведовме 30.000 вакцинации, а очекуваме да надминеме 34.000 и можеби ова да биде дневен рекорд од почетокот на имунизацијата. Од декември спроведовме 915.000 вакцинации, 915.000 наши сограѓани се вакцинираа и во текот на неделава се очекува да надминеме еден милион вакцинации, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на […]

Истражување: Германија последиците од пандемијата ќе ги чуствува најмалку до 2025 година


Германија– Негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот германската економија ќе ги чувствува најмалку до 2025 година, соопшти денеска Институтот за истражување на вработувањата (ИАБ). -Како резултат на кризата во следните пет години стапката на економски раст во земјата ќе се намали за 0,6 процентни поени, изјави коавторот на извештајот на ИАБ, Енцо Вебер. Пазарот на трудот, […]

ЕУ воведува санкции против четворица високи руски претставници поради Навални


Белгија – Земјите членки на ЕУ се согласија денеска за воведување санкции против четворица високи руски претставници вмешани во правните постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални.   Санкциите подразбираат забрана за издавање визи и замрзнување на имотот на овие претставници во ЕУ, се наведува во соопштението по состанокот на амбасадорите на земјите од Унијата.   Според […]

Во Србија расте бројот новозаразени, се бара затворање од седум до 10 дена


  Според последните податоци, во Србија починале уште 16 пациенти со Ковид-19, а вкупниот број починати досега од епидемијата изнесува 4.398.‬ За денеска тестирани биле 15.074, а потврдени се 3.588 случаи на зараза. Во болница се лекуваат 3.832 пациенти, а на респиратор се 153. Од почетокот на пандемијата во Србија од Ковид-19 потврдени се 449.901 […]

Во Ѓорче Петров ранет полицаец – пукале додека бил во возило


Околу 16.40 часот пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата „Св.Петар и Павле“, лице од возило „голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на […]

Жерновски за однесувањето на Мицкоски: Генијално!


„Одиш во партија, носиш одлука за бојкот на пописот за да прикажеш некаква политичка активност, почнуваш да собираш потписи по штандови на пазар, и на крај… ја повикуваш дијаспората на масовен одзив на пописот, кој инаку го бојкотираш. Генијално !!!“  Со ваква реакција излезе Андреј Жерновски откако излезе веста дека  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, […]

Коцарев се радува место да се срами за небулозните тврдења околу катедрата за македонски јазик


Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, се радува што се покажале како неточни неговите тврдења дека се укинува Катедрата по македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, иако само тој поверува во таква небулоза, а е прв човек на врвната научна институција.   „Се радувам што на Филолошкиот факултет не […]

Курти најави можно преиспитување на одлуката за отворање косовска Амбасада во Ерусалим


 Лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, по победата на неговата партија на парламентарните избори на 14 февруари, на денешната средба со амбасадорот на Република Турција во земјата, Чагри Сакар најави дека е можно да ја преиспита одлуката на претходната влада за отворање амбасада во Ерусалим. На овој […]

Мариово и Трескавец во петте финалисти за награда за најдобра филмска локација, информира Агенција за филм


Ова е втора година по ред како нашата земја е дел од финалистите, по минатогодишната номинација на локацијата каде е снимена „Медена земја“   Агенцијата за филм ќе биде присутна во рамки на виртуелното издание на Европскиот филмски маркет, што се одржува од денеска до 5-ти март. – Оваа година, Агенцијата за филм закупи дигитален […]

Медицинскиот дел од Кризниот штаб во Србија предложи полициски час и забрана за контакти


Србија – Единствената опција што ја предлага медицинскиот дел на Кризниот штаб е апсолутен локдаун, односно полициски час и забрана за контакти, бидејќи, според нив, тоа е најефикасен начин за седум до 10 дена да се намали бројот на заразени од коронавирус во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Имаме големо оптоварување на здравствениот систем […]

Засега пријавени 329 кандидати за Нобеловата награда за мир


Шведска – Засега за Нобеловата награда за мир за 2021 година се пријавени 329 кандидати, што е најголем број досега и повеќе отколку рекордната 2016 година, кога на крајот вкупно биле пријавени 376 кандидати. Досега се пријавени 234 поединци и 95 организации, и иако имињата на кандидатите не се соопштуваат, оние кои ги предлагаат кандидатите можат […]