Д-р Пановски и д-р Даниловски: Да се искористат познанствата за набавка на вакцини


 

За распределбата на вакцините во светот смета дека личните познанства се многу важни, смета микробиологот д-р Никола Пановски.

Тој вечерва во Само вистина на Канал 5 рече дека ние обично му веруваме на западот, но во овој случај со вакцините сме излажани бидејќи тие доцнат.

Треба да се искористат контактите и познанствата со главни луѓе на производителите и на тој начин да се набават вакцини.

Со овој став се согласува и неговиот колега, д-р Драган Даниловски, кој сугерира дека секаде по светот има наши луѓе, кои можеби пијат кафе со некој важен кај прозиводителите, па тој да потегне конци за да добиеме вакцини.

Пановски смета дека бидејќи нашиот народ се угледува на север, и откако ќе види дека во Србија кафеаните работат, и луѓето се шетаат без маски, нашите граѓани ќе бидат мотивирани да се вакцинираат.

„Во затворен простор секогаш се носи квалитетна маска“, вели тој.

Тој додава дека шал и марама во затворен простор веќе не штитат, и треба да се носат хируршка или Н95 маска. За соседна Србија рече дека иако луѓето се вакцинираат, сепак се опуштиле и тоа довело до раст на бројот на заразени.

„Сè на сè е најавено дека во земјава ќе стигнат 1,4 милиони вакцини во текот на 2021 година, што значи дека околу 700.000 граѓаните би се вакцинирале. Оваа бројка на 110 илјади пријавени граѓани е премногу. Ако вака остане, ако не се свеста луѓето, ќе треба да фрлиме. Тоа е мала бројка на пријавени“, вели макробиологот, Никола Пановски за емисијата „Само вистина“.

Според него, на 400 милиони вакцинирани во светот, граѓаните кај нас се уште прашувааат дали ќе умрат од вакцината, па затоа е мал бројот на пријавени.