Во Србија расте бројот новозаразени, се бара затворање од седум до 10 дена
Според последните податоци, во Србија починале уште 16 пациенти со Ковид-19, а вкупниот број починати досега од епидемијата изнесува 4.398.
За денеска тестирани биле 15.074, а потврдени се 3.588 случаи на зараза.
Во болница се лекуваат 3.832 пациенти, а на респиратор се 153.
Од почетокот на пандемијата во Србија од Ковид-19 потврдени се 449.901 случаи на инфекција.
Денеска, повторно заседаваше Кризниот штаб, при што српските медиуми јавија дека лекарите во штабот барале се да се затвори на седум до 10 дена за да се спречи ширењето на висурот.
Србија, поради растот на бројот новозаразени, викендов ги затвори трговските центри порано.