Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ


Изет Меџити преку својот ФБ профил го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, напиша на неговиот ФБ профил Меџити, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна […]

Уште 11 жртви на Ковид-19 во земјава, новозаразени се 316


Нови 316 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие, од 1.562 тестирани. Во Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница […]

Спасовски: Горд сум на зголемениот процент на жените во МВР, во полицијата, во командните структури


Горд сум на зголемениот процент на жените во управувачката структура на Министерството кое го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената, на неговиот ФБ профил. – Напорно работевме на подготвувањето на Законот за […]

Фон дер Лајен предупредува дека Унијата може да спречи поголем извоз на вакцини


Шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен денеска предупреди дека Унијата може да го запре понатамошниот извоз на вакцина за коронавирус, откако Италија ја запре пратката за Австралија. – Тоа не беше еднократно, рече претседателката на Европската комисија за деловниот весник Виртшафтсвоче. Минатата недела Италија соопшти дека го блокирала извозот на 250.700 дози вакцина АстраЗенека […]

Заев:Нашата намера е да партиципираме со 10 отсто во гасниот терминал Александрополис вреден околу 400 милиони евра


Преку договорот од Преспа остваривме соработка со Грција во енергетиката со што стануваме земја којашто предничи во регионот по инвестиции во зелена енергија, напиша на неговиот ФБ профил премиерот Зоран Заев. – Нашата намера е да партиципираме со 10 проценти во гасниот терминал Александрополис којшто е вреден околу 400 милиони евра, со 25 проценти во […]

Илон Маск загуби 27 милијарди долари минатата недела


Бизнис магнатот Илон Маск минатата недела загуби богатство од 27 милијарди долари, објави Си Ен Ен. Минатата недела акциите на Тесла се намалија за 11,5 отсто, а Маск има речиси 18 отсто од сите акции во најтехнолошки развиената компанија за автомобили во светот. Според индексот на милијардери на Блумберг, Маск минатата недела загубил 27 милијарди […]

Евростат: Платите на жените во ЕУ за 14 отсто пониски од платите на мажите


Европската агенција за статистика објави дека бруто заработката на жените во ЕУ за еден час е во просек 14,1 процент пониска од заработката на мажите. Евростат констатира дека нерамнотежата во заработката меѓу жените и мажите е најголема во Естонија (21,7 отсто), Летонија (21,2 отсто), Австрија (19,9 отсто) и Германија (19,2 отсто). На другиот крај од […]

ССМ ги поистовети работодавачите со робовладетели заради нивните ставови за недела неработен ден


Соузот на синдикати на Македонија жестоко реагираше на ставовите на работодавачите за недела како неработен ден, поистоветувајќи ги со робовладетели. Реакцијата доаѓа по дебатата што се одржа денес онлајн во организација на Стопанската комора на Македонија, каде што претставници од неколку стопански дејности рекоа дека решенијата што се предлагаат за недела неработен ден ќе доведат […]

Колкава е опасноста да се заразите со коронавирус на отворено?


Надвор е се потопло и се повеќе луѓе излегуваат на воздух. Колкава е веројатноста да се заразите со коронавирус на отворено?  Веројатноста да се заразите со коронавирусот на отворено е екстремно помала отколку во затворена просторија – ова важи и за основната варијанта на вирусот и за мутациите. Аеросолите, оние најситни капки во воздухот играат […]

Анкета: Американците очекуваат до 2030 година на имаат жена претседател


 Повеќе од 90 отсто од Американците сметаат дека САД до 2030 година би можеле да имаат жена претседател, покажуваат денеска објавените резултати од испитувањето на јавното мислење спроведено од Галуп. Резултатите се објавени во момент кога потпретседателката на САД; Камала Харис се повеќе се смета како фаворит за претседателска номинација на Демократската партија во 2024 […]

Кој ќе пее на Греми 2021?


САД-Поп-ѕвездата Бијонсе има најмногу – девет номинации за доделувањето на Греми наградите 2021 на 14 март. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите . Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста.  Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната […]

Грчката влада се надева дека од мај ќе има постепено отворање на туризмот


Се надеваме дека во мај, кога ќе бидат вакцинирани нашите сограѓани над 60 години ќе можеме постепено да го отвориме и туризмот, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, истакнувајќи дека сепак сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика во земјата и процесот на имунизација, јави дописничката на МИА од […]

Македонската берза се приклучи кон иницијативата „Заѕвони за родова еднаквост“


Македонската берза се приклучи кон глобалната иницијатива „Заѕвони за родова еднаквост“ („Ring the Bell for Gender Equality“) со што првпат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно се означува почетокот на тргувањето. Во Македонската берза, како што информираа оттаму, почетокот […]

Двајца германски политичари дадоа оставки поради аферата со набавка на заштитни маски


Двајца германски политичари денеска објавија дека ги напуштаат своите партии и се повлекуваат од сите позиции под притисок на јавноста и партиските лидери во врска со скандалот со мито, поврзан со набавка на заштитни маски во пандемија на коронавируси, пишуваат германските медиуми. Политичарот на владејачката Христијанско-демократска унија, ЦДУ, Никола Лобел, денеска поднесе оставка од сите […]

Повторно повеќе од 4.000 новозаразени во Србија, починаа 17 пациенти


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 13.596 лица за корона вирус, од кои 4.091 биле позитивни, додека починале 17 лица. Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 176 лица на апарати за дишење. Денес се одржа состанок помеѓу министерот за здравство, Златибор Лончар и директорите на ковид-болниците, по што беше […]

Дебата: Пандемијата покажа дека потенцијалот на жените за лидерство е неискористен во светот


Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната дебата на тема како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19, рече дека влегла во политиката затоа што била жртва на мобинг на работното место. Таа порача дека како Влада, избрана на избори и соочена со здравствените и социоекономските последици од […]

Полицискиот час од 22 до 5 часот треба да трае две недели


Засега не се планираат нови мерки и рестрикции за угостителските објекти   Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој […]

Вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе почне со повозрасните лица


Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитевен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација.  – Сега има […]

Хрватска не престануваат да ја тресат земјотреси


  Денеска околу 13.45 часот во Хрватска бил почувствуван послаб змејотрес, југозападно од Сисак. Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени според Рихтер, со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак кај Глина. Сеизмолошката служба дополнително извести дека јачината била 3.6 степени според Рихтер. #potres (#earthquake) 8.3. u 13:44 kod Gline, M3.6. Opširnije na https://t.co/RiVKEPdzPg. […]

Вакцинирани 3.546 здравствени работници, 128.251 граѓанин се пријавиле за вакцинација против Ковид-19


 Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.546 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 75.900 граѓани, а 52.351 преку матичен лекар, посочуваат од Министерството и додаваат дека од вкупно пријавените 128.251 за вакцинација, 60.959 се на возраст над 70 години.