Повторно земјотрес кај Сисак


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер ја потресе синоќа околу 2 часот околината на хрватскиот град Сисак, соопшти Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ). Епицентарот на потресот бил на 14 километри од Сисак, на длабочина од два километри, пренесе Хина. Според описите на локалните жители кои оставаа коментари на страницата на ЕМСЦ, потресот […]

Јавниот обвинител на Њујорк отвори истрага против гувернерот Куомо за сексуално вознемирување


Јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс, оформи тим што ќе ги провери наводите дека гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, сексуално ги вознемирувал своите соработнички. Во тимот ќе бидат поранешниот сојузен обвинител Џон Ким и адвокатката за трудово право Ана Кларк, соопшти обвинителството. „Несомнено е дека и двајцата имаат знаење и искуство потребно за да […]

Ноќниот полициски час во Холандија ќе трае најмалку до 31 март


 Холандскиот премиер Марк Руте вчера изјави дека ноќниот полициски час во земјата мора да важи најмалку до 31 март, поради континуираниот голем број нови случаи на корона вирус. Исклучоци ќе бидат направени за време на националните избори од 15 до 17 март. – Не би било разумно да се најави некакво ублажување, рече Руте додавајќи дека некои […]

Создавачите на „Спутник V“ бараат извинување од претседателот на ЕМА


Создавачите на руската вакцина „Спутник V“ побараа извинување од претседателот на Европската агенција за лекови (ЕМА), претставничката на австриската здравствена агенција Криста Виртумер-Хохе за споредување на можноста за итно одобрување на вакцината со „руски рулет“, пренесува ТАСС, повикувајќи се на објава на Твитер. „Ние сакаме јавно извинување од Криста Виртумер-Хохе од ЕМА за нејзините негативни коментари […]

Филипини: Полицијата уби градоначалник и неговите помошници


  Полицијата на Филипините го уби градоначалникот на еден град во централниот дел на земјата и неговите двајца помошници, а во престрелката убиени се и двајца полицајци. Регионалниот полициски командант рече дека врз основа на првобитните полициски извештаи единствено може да претпостави дека се работи за грешка. Полицајците биле во рутинска патрола кога на нив […]

Филипче: Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот на секоја жена


Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена, порачал министерот за здравство Венко Филипче кој вчера по повод Меѓународниот ден на жената бил во посета на Организацијата на жени на СДСМ во скопската населба Гази Баба.   Како што информира Министерството за здравство, Филипче говорел за женското здравје и за правата […]

Вакцината – нова трка во вооружувањето


Вакцините против Ковид-19 не се само желба на сите, затоа што САД ги штедат своите вакцини само за Американци, а Европејците се борат против залихите. Пекинг и Москва, како и Индија, го подобруваат својот престиж со споделување на залихите на вакцини со сиромашните и ранливите земји за заштита од смртоносниот вирус, а тие, исто така, […]

Околу 200 државни службеници Хонг Конг ќе бидат отпуштени затоа што одбиле да се заколнат на верност


Властите во Хонг Конг ќе отпуштат околу 200 вработени кои одбија да положат заклетва за верност кон Основниот закон, објави „Саут Чајна морнинг пост“, повикувајќи се на министерот за државни службеници Патрик Нип. Од октомври минатата година, постапката за задолжителна заклетва ги опфати сите 180.000 државни службеници во овој специјален административен регион на Кина. Сепак, поради некоја причина […]

СЗО не го препорачува „туристичкиот“ Ковид пасош


Светската здравствена организација (СЗО) денеска повтори дека вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна врз фер основа. Високиот официјален претставник на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека таканаречените Ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради големиот број проблеми, вклучувајќи ги и етичките причини, бидејќи вакцините против коронавирусот не […]

Врнежи од снег на неколку патни правци, сообраќајот без забрани


Врнежи од снег утринава има на Попова Шапка, Маврово, Стража и Пресека, но, според информациите од јавното претпријатие „Македонија пат“, снегот не се задржува на коловозот. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и засега без забрани. 

Набљудувач на ОН: Иран го крши нуклеарниот договор во подземни постројки


Иран почна со збогатување на ураниум со трета серија напредни центрифуги IR-2 m во неговиот подземен објект Натанц, изјави пред земјите-членки набљудувачот на ОН за нуклеарната програма на земјата и додаде дека со тоа продолжува да го крши нуклеарниот договор на Техеран со големите сили од 2015 година. Техеран почна да ги крши ограничувањата откако поранешниот американски претседател […]

Истражување: Вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против бразлиската мутација на коронавирусот


Вакцина на „Фајзер“ и „БиоНТек“ успеа да ја неутрализира новата варијанта на коронавирусот што брзо се шири низ Бразил, покажаа лабораториските истражувања објавени вчера во списанието „New England Journal of Medicine“. Истражувањето објаснува дека крвта на луѓето кои примиле вакцина на „Фајзер“/„БиоНТек“ ја неутрализира вештачката верзија на вирусот што ги содржи истите мутации во „шилото“ […]

Поетите Катица Ќулавкова и Митко Гогов учесници на Шкотскиот меѓународен поетски фестивал Станца 2021


Како дел од програмата на шкотскиот поетски фестивал СТАНЦА, денеска ќе се одржи преведувачка работилница „Најдено во преводот: Од Станца до Скопје“ на која ќе учествуваат британските поети преведувачи  Питер Мекај и Танија Хершман, како и македонските поети Катица Ќулавкова и Митко Гогов. Заради кризата со Ковид-19, годинашното издание на „Станца“ ќе се одржи онлајн. Гледачите ќе можат да ги погледнат над стотината настани кои вклучуваат […]

Најмалку 19 повредени на протестот по повод Денот на жената во Мексико Сити


Петнаесет полицајци и четворица цивили се повредени за време на демонстрациите на Меѓународниот ден на жената во Мексико Сити, соопшти Министерството за јавна безбедност, додека илјадници жени протестираа против родовото насилство низ целата земја, јави ДПА. Феминистичките групи вчера излегоа на улиците во Мексико за да побараат запирање на убиствата и злоупотребите врз жени, во […]

Предлог – законот за измени на Законот за државјанството денеска пред пратениците


Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од група пратеници е на дневен ред на една од неколкуте за денеска најавени седници на Собранието на Република Северна Македонија. Предлог-законот го поднесоа пратениците Зијадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, […]

Влaдата денеска одлучува за полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот во времетраење од две недели


Владата денеска на седница треба да одлучува по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22:00 часот навечер до 05:00 наутро на територија на цела држава. Комисијата оценува дека ваквата ригорозна мерка ќе има ефект, а засега предлогот е да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус. […]

Османи од Рим: Унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на европската перспектива


Земјава цврсто останува на определбата за полноправно членство во ЕУ, а сите нејзини дипломатски напори се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на европската перспектива. Тоа е висок приоритет и на нашата надворешна политика. Ова е пораката што ја испрати вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи на средбите во […]

Одложен изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец обвинет за убиството на Џорџ Флојд


Американски судија го одложи изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец во Минеаполис, обвинет за убиството на Џорџ Флојд, во мај минатата година. До одложувањето дојде затоа што судијата чекаше одлука од Апелацискиот суд за тоа дали може да се додаде ново обвинение за убиство. Додека стотици демонстранти се собраа пред судницата да побараат […]

Дојче банка: Младите Американци ќе ја искористат државната помош за купување акции


Истражувањето на Дојче банка покажува дека младите Американци ќе потрошат значителен дел од парите што ги добиваат од државата (т.н. стимулативни чекови) за купување акции. Одговорите на истражувањето спроведено меѓу 430 мали инвеститори покажале дека половина од младите на возраст од 25-34 години планираат да потрошат 50 отсто од нивните стимулативни исплати на акции, што […]

Облачно со повремен дожд


Времето денеска во земјата ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните […]