Продажните цени на индустриските производители во јануари повисоки и на месечно и на годишно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 1,8 отсто на месечно ниво, а за 2,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, во јануари 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски […]

Захариева позитивна на Kовид-19


  Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева е позитивна на коронавирусот, соопштија од прес-службата на бугарското МНР.Оттаму додаваат дека таа е во добра општа состојба и дека работните обврски ќе ги извршува од својот дом. За време на изолацијата, неа ќе ја замени заменик-министерот Петко Доиков, пренесе бугарскиот портал „Топновини“.

Заев: Трговските центри треба да работат и во недела


Премиерот Зоран Заев смета дека трговските центри треба да работат и во недела, но вели дека им дава шанса на ресорните министри, работниците и коморите да утврдат кое е најдоброто решение. -Ако во недела не работат трговските центри во Скопје нашите граѓани ќе одат во Косово и во Србија. Ако, пак, работат, тие ќе дојдат […]

Павле Трајанов бара да се формира ново „СЈО“


Демократскиот сојуз го поддржува Планот за борба против корупцијата и инсистира да се изградат инструменти за негова имплементација, како и негово надградување.Во оваа насока Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, предлага да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција. Во законот да се предвиди да нема застареност […]

По ова ќе посипувате сол секаде во домот


Солта не се користи само за солење храна, еве за што друго е корисно! Солта има своја улога во нашето тело, но сите знаеме дека не треба да претеруваме со внесувањето на оваа храна. Сепак, она што многумина не го знаат е дека солта не служи само за солење храна, еве што друго можете да […]

Седум години по објавувањето, се поголем интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Бужаровска


Седум години по објавувањето, се поголем интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, објавена на германски јазик со што ова дело стануава достапно за читателите во Германија, Австрија и Швајцарија, а наскоро се очекува и фрнацуски превод во издание на Галимар, издавач со богата и долга традиција.  -„Мојот маж“е објавена и во САД, […]

Новиот шопинг мол Скопје Ист гејт забрзано се гради, најавени реномирани трговски марки


Во последна градежна фаза е изградбата на шопинг молот Скопје Ист гејт што се гради на локацијата на поранешниот Скопски саем. Во него е најавена вкупна инвестиција од над 350 милиони евра и се очекува да биде пуштен за десетина месеци. Премиерот Зоран Заев при увид на градежните работи со министри од владиниот економски тим истакна дека […]

Еуролинк осигурување се пресели, веќе не е во зградата на Еуростандард банка


Седиштето на Еуролинк осигурување заедно со централната филијала на компанијата се преместуваат на нова адреса на ул. „Пиринска“ бр.23, Скопје, спроти Соборниот храм Св. Климент Охридски, соопшти компанијата. Телефонските броеви и дигиталните канали за комуникација остануваат непроменети. До сега седиштето на компанијата беше во зградата во која е сместена Еуростандард банка.  „Нашиот тим брои повеќе […]

Битиќи им порача на музичарите дa се регистрираат, така полесно ќе им се помогне


Сметам дека на некои барања во овој момент е невозможно да се одговори, но секако креираме механизми за преку системско решавање да се помогне во овој момент или во наредниот период, рече денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи за ултиматумот што го упатија вчера музичарите. Битиќи порача дека кога оваа категорија граѓани ќе бидат дел од системот […]

Автобусите на ЈСП Скопје ќе возат до 22 часот


Од денеска, среда (10.03.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22.03.2021 година, соопштија од ЈСП. Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не […]

Основана нова индустриска зона Битола – дел од ДТИРЗ


На иницијатива на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Владата донесе одлука да се формира нова државна индустриска зона во Битола. Во оваа фаза, индустриската зона зафаќа површина од три хектари, на дел од локацијата каде предходно се протегаше општинската индустриска зона “Жабени“. Првично, Дирекцијата за ТИРЗ ќе вложи 1 милион евра за подобрување […]

Заев: Баравме вакцини на секој начин, но не незаконски


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека е вистина дека Владата соработувала со приватни фирми за набавка на вакцини против Ковид-19. Премиерот изјави дека не ја прочитал утринската вест на италијанскиот весник „Ла Верита“, но дека Владата се обидувала на секој начин да најде побрзо вакцини за граѓаните. „Во овој период правиме напори по […]

И партијата на Љупчо Георгиевски го осуди Каракачанов


Најостро реагираме на мафтањето со карти на „Голема Бугарија“ во која се искажани територијални претензии кон Македонија, наведено е во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП.   „Сметаме дека покажувањето на вакви карти за жал директно ги поништува сите договори потпишани помеѓу двете држави за добрососедство. Во таа насока, жалиме што се потврдува дека […]

Градоначалникот на Неготино бара карантин за градот


Ситуацијара во неготино со корона вирусот е алармантна и градоначалникот Тони Делков бара од државните и здравствените власти да биде прогласен карантин во градот. Гостувајќи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 Делков денеска изјави дека официјално дури 30 проценти од сите жители на Неготино во изминатава година биле заболени од Ковид-19. Бројката сигурно е поголема […]

Пратениците да ги донесат законите за да се имплементираат економските мерки, апелира Битиќи


Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска уште еднаш ги повика пратениците да ги донесат законите кои треба да овозможат спроведување на економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Битиќи порача да се заборават за момент политичките агенди и да преовлада разумот. -Апелирам пратениците да го направат тоа што треба – сите законски решенија кои ќе овозможат […]

Народна банка ја намали основната каматна стапка за натамошна поддршка на економијата


Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчера на седница одлучи основната каматната стапка да се намали за дополнителни 0,25 п.п., до нивото од 1,25 отсто. Како што соопштуваат од Народната банка одлуката за понатамошно монетарно олабавување се носи во услови на стабилни движења на девизниот пазар и умерена динамика на инфлацијата, а додека сѐ […]

Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција за развој на балканските економии


Балканските земји мора да ја развиваат конкурентноста, а не конкуренцијата. Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за земјите од Западен Балкан, порачаа денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. На билатералниот состанок во Скопје, Битиќи и Абазовиќ ги разгледале можностите за продлабочување на економската […]

Битиќи: Воведовме полициски час за да не дојде до порестриктивни мерки


Не беше лесно да се донесе одлуката за полициски час. Укажувам дека ова го правиме за да не дојде до порестриктивни мерки, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и уште еднаш потенцира дека здравјето на граѓаните е на прво место. – Треба да напрвиме се за да го забавиме покачувањето на бројките на […]

Околу 100 кумановци се вакцинирале во Србија за корона вирусот


Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека има македонски граѓани со двојно државјанство кои се вакцинирале во Србија. -Во Куманово според моите информации досега имаме некаде околу 100 вакцинирани лица, и тоа претежно луѓе кои работат во здравствениот систем. Дефинитивно постапката за имунизација оди споро, претпоставувам и недостатокот на вакцини е проблем, иако за тоа […]