Градоначалникот на Неготино бара карантин за градот
Ситуацијара во неготино со корона вирусот е алармантна и градоначалникот Тони Делков бара од државните и здравствените власти да биде прогласен карантин во градот. Гостувајќи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 Делков денеска изјави дека официјално дури 30 проценти од сите жители на Неготино во изминатава година биле заболени од Ковид-19. Бројката сигурно е поголема бидејќи не сите инфицирани се јавиле на лекар, а многу биле и асимптоматски.
Делков рече дека за цела 2020 година од короната во Неготино имало 286 пациенти, а дека само за досега во 2021 имало 274. Според него, младите го шират вирусот најмногу поради седењето во групи во затворени кафулиња.
Во моментов во Неготино има 318 активни случаи.