„Skopje on Ice“- викендов се одржува петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање 


Викендов на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“. Љубителите на овој спорт ќе имаат можност да гледаат настапи на 55 натпреварувачи, поделени во вкупно 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција. И покрај пандемијата со Ковид-19, на […]

Блинкен: Америка се врати


САД– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД се „вратија“ и целосно се ангажирани во решавање на прашањата, како што се пандемијата на Ковид-19, климатските промени и иранската нуклеарна програма. Тој за Би Би Си ја истакна важноста на вакцинацијата протов коронавирусот и упати критики за Кина поради, според негова проценка, недостигот на транспарентност […]

Новиот Закон за безбедност и здравје при работа се очекува до крајот на годинава


Законот за безбедност и здравје при работа е донесен во 2007 година и оттогаш се направени низа истражувања кои покажуваат дека не е постигнат очекуваниот прогрес во унапредувањето на условите за работа и превенцијата на професионалните болести и повреди на работа. Податоците на Македонското здружение за заштита при работа, кое од 2008-та секоја година редовно […]

Почнува јавната дебата за потребата од закон за вонредна состојба


Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“. Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност за потребата од изготвување закон за вонредна состојба, а ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски. Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, обраќања […]

Отворање на Европска куќа во Струмица


Евроамбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев денеска ќе ја посетат Струмица за да ја отворат новата Европска куќа (Europe House), која е основана од Делегацијата на ЕУ за да им служи на младите луѓе од Струмица и да функционира како младински центар за поширокиот регион. -Околу една година по отворањето на Europe House во Скопје, и само неколку дена по […]

Вакцинирани 652 здравствени работници, во пораст бројот на нови случаи со Ковид-19


Бројот на заболени од Ковид-19 и на хоспитализирани дневно во земјава се зголемува. Вчера беа регистрирани 415 нови случаи, завчера 373, а ден пред тоа 347. Расте и бројот на хоспитализирани со Ковид-19. Нивниот број на инфективните оддели во земјава изнесува 636 од кои 261 во Скопје, а завчера тој број изнесуваше 616… Според вчера […]

Облачно со сончеви периоди, вечер повремени врнежи од дожд


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег кои до утринските […]

Бајден подготвен да прогласи елементарна непогода во Тексас


  Американскиот претседател Џо Бајден рече дека подготвен да прогласи состојба на елементарна непогода во Тексас, кој е зафатен од снежно невреме, штом документот му пристигне на маса и дека ќе ја посети таа сојузна држава кога неговото доаѓање нема да биде проблем за тамошните власти. Милиони жители на Тексас немаат струја по големото снежно […]

Пресудата за „Тврдина-Таргет” на 26 февруари


Маратонското рочиште со завршните зборови за случајот „Тврдина-Таргет” заврши со излагањата на дел од обвинетите, поранешни вработени во УБК, кои според обвиненитето за масовното незаконско прислушување учествувале директно во незаконските дејствија со кои се прекршени основнте човеки слободи и права. Обвинетиот Васил Исаковски, вработен во 2012 во УБК, пред судот во своите заврши зборови се […]

Хрватите му ја исполнија желбата на Балашевиќ – напишаа „беќарац“ на кирилица во центарот на Загреб


Вечерва на централниот плоштад во Загреб, се собраа луѓе, кои ги пеат песните на Ѓорѓе Балашевиќ, кој попладнево почина од последиците на корона вирусот. Во неговите песни, често знаеше да задре во политичките, општествените и етничките прилики и неприлики на Балканот. Така, во песната „Стих на асфалту“, Балашевиќ пее: „Да ми је још једаред проќи […]

Во акцијата „Спас за Вардар” продадени 32.000 билети


Националната Арена Тодор Проески, со која стопанисува АДСДП, вечерва беше осветлена со факели од страна на навивачката група Комити. На овој начин симболично беше означен успехот на акцијата „Спас за Вардар” преку која беа продадени 32 000 билети. Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот, соопшти АД за изградба и стопанисување со станбен […]

Струмичанката која беше пронајдена мртва во својот дом, била убиена


 Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство. Од полицијата информирaа дека кај нив бил пријавен случајот по што увидни екипи излегле на терен, а во куќата бил пронајден […]

По речиси 9 часа заврши рочиштето за „Таргет – Тврдина“, пресуда на 26 февруари


По речиси 9 часа заврши рочиштето за завршните зборови на одбраната во случајот „Таргет-Тврдина“, пресудата е закажана за 26 февруари. Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви […]

Филипче: До 17 часот вакцинирани 199 здравствени работници од Скопје и другите градови


Попладнево бев во модуларната болница на Инфективната клиника каде во тек е вакцинација на здравствени работници од првата фаза за имунизација. До 17 часот вакцинирани се 199 здравствени работници, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочува дека имунизацијата се одвива непречено на 10 минути на шест вакцинални позиции. – Во […]

Спорот со Бугарија мора да се реши билатерално, вели американската амбасадорка


Кејт Брнз, амбасадорката на САД, го повтори уште еднаш ставот на Вашингтон дека се разочарани што Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија и нагласи дека до решение мора да се дојде преку билатерален дијалог. Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 таа изјави дека „процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања […]

УЈП со појаснување за враќање на финансиската поддршка за исплата на плати и претворање на поддршката во грант


Работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19, заради исплата на платите за април, мај, јуни 2020 година и/или согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од […]

Меркел: Богатите треба да обезбедат вакцини за сиромашните


 Германија и другите богати земји, покрај паричната помош, треба да донираат дел од своите залихи на вакцини на сиромашните земји, бидејќи пандемијата може да ја завршиме само доколку ги вакцинираме сите луѓе на Земјата, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по видео самитот на Г7. Таа додаде дека не се разговарало за тоа колку проценти […]

Гутереш: Сè поголеми предизвици, а сè помали адекватни одговори


Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш вели дека светот денес се соочува со глобални предизвици кои стануваат сè поголеми и посложени, додека одговорите на нив се сè повеќе расцепкани и неадекватни. – Пандемијата на Ковид ги зголеми разликите и поделбите во светот, рече Гутереш на годинашното специјално издание на Конференцијата за безбедност во Минхен, додавајќи […]

Во Франција, бегалец од Судан, уби миграциски полицаец


  Бегалец од Судан на смрт избоде со нож вработен во центарот на баратели на азил во градот По на југот на Франција, рече денеска еден полициски службеник. Телевизијата BFM јави дека до инцидентот дошло откако на бегалецот му било речено дека неговото барање за политички азил е одбиено. Службеникот на центарот за баратели на […]

Градот Скопје исфрли едно од предложените имиња на улици, реагирала една од заедниците


На денешниот состанок на Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје била донесена одлука од присутните членови да се исфрли името на Али паша Јанински од предлог-листата за имиња на улиците во Скопје, инормираат од градската администрација.  Од таму велат дека одлуката на оваа комисија доаѓа […]