Хрватите му ја исполнија желбата на Балашевиќ – напишаа „беќарац“ на кирилица во центарот на Загреб


Вечерва на централниот плоштад во Загреб, се собраа луѓе, кои ги пеат песните на Ѓорѓе Балашевиќ, кој попладнево почина од последиците на корона вирусот.

Во неговите песни, често знаеше да задре во политичките, општествените и етничките прилики и неприлики на Балканот.

Така, во песната „Стих на асфалту“, Балашевиќ пее: „Да ми је још једаред проќи ‘Илицом’, па да беќарац нашврљам ќирилицом…“, а вечерва загрепчани му ја исполнија желбата.

На улицата „Илица“, која поминува низ срцето на Загреб, а завршува на плоштадот „Бан Јелачиќ“, напишаа „беќарац“, на кирилица, запалија свеќи и ги пеат неговите песни.