Британците веќе направија резервации за летување, најбарани Грција, Турција и Шпанија


Резервациите за летни одмори скокнаа за 600 проценти оваа година, откако Велика Британија донесе одлука за укинување на рестриктивните мерки, давајќи им надеж на авиокомпаниите и туристичките агенции дека ќе можат да работат нормално годинава. Британската туристичка организација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации, почнувајќи од јули. „компанијата Изиџет“ соопшти дека резервациите […]

Спасовски: Мијалков е се уште во државата – одговорноста за бегството не ја гледа кај себе


Според анализите и проценките кои се прават и информациите кои ги добиваме  Мијалков е се уште во државата, изјави на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој не гледа лична одговорност за бегството на обвинетиот Сашо Мијалков и за тоа ги посочи пропустите во системот. Тој денес на прес конференција ги отфрли шпекулациите […]

Османи во Париз по француска поддршка, се сретна со шефот на дипломатијата Ле Дријан


Остануваме посветени на реформите, на развојот на добрососедските односи и на унапредување на довербата со Бугарија. Ние се гледаме себеси како дел од ЕУ и тоа ќе го оствариме пред сѐ за да обезбедиме успешна иднина на нашите граѓани, но и како наш влог за успех на иднината на Европа, порача денеска во Париз министерот […]

Отворен конкурсот за наградата од Европската унија за истражувачко новинарство


Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната Награда од Европската унија за истражувачко новинарство. На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година поврзани со слободата на изразување, владеењето на правото, транспаретноста, злоупотребата на […]

ЕК бара ублажување на ограничувањата на границите во рамките на ЕУ


Европската комисија испрати писма до Белгија, Германија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска во кои изразува загриженост за едностраната примена на строгите гранични мерки во врска со влез и излез од тие земји. – Ние ја истакнавме потребата ограничувањата на движењето да бидат недискриминирачки и пропорционални. Бараме од земјите-членки да ги усогласат своите мерки со заеднички усвоените […]

Џонсон оптимист дека ограничувањата ќе завршат до 21 јуни


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека е голем оптимист дека сите ограничувања против Ковид-19 во Англија ќе завршат до 21 јуни, додавајќи дека британската Влада ќе изврши ревизија на сертификатите за вакцини. -Се надевам дека ќе биде така, но очигледно е дека ништо не може да се гарантира, рече Џонсон, пренесен од британските медиуми. […]

Седумдесет отсто од Израелците ја примиле првата доза на вакцината


Повеќе од 70 проценти од луѓето постари од 16 години во Израел ја примија својата прва доза вакцина против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Јули Еделштајн.   Еделштајн на Твитер напиша дека 4.456.000 луѓе ја примиле својата прва доза вакцина, од кои 3.076.000 примиле и втора вакцина.   Во понеделникот беа пријавени 4.677 нови […]

Нови 5.500 семејства корисници на социјална помош


За околу 5.500 семејства се зголемила бројката на корисници на гарантиран минимален доход или таканаречена социјална помош од почетокот на пандемијата до крајот на минатата година. -Гарантираниот минимален приход претставува облик на подддшка и финансиска помош што ја добиваат семејствата во социјален ризик. Пред почетокот на пандемијата 27 илјади домаќинства беа во системот на приматели […]

Мицкоски по стоти пат бара техничка влада


Оставка на министерот Оливер Спасовски не е доволна, потребна е оставка на целата влада и формирање на техничка, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција. Тој се обрати и кон пратениците од владината коалиција од кои побара заедништво во изгласување недоверба на владата, а потоа и формирање на техничка влада којашто […]

Просечната плата во декември 28.294 денари, забележан раст од 5,4 отсто


Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала  28.294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика. Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто […]

Обвинение за инвеститорот што градеше спроти американската амбасада


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за случајот што го отвори поранешното СЈО за дивоградбата спроти Амбасадата на САД во Скопје.Иако кодното име на предметот алудира на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на лидерот ма ДУИ, Али Ахмети, кои во бомбите зборуваа за овој објект, тие не се обвинети, туку инвеститорот. Тој се […]

Шахпаска: Не може да се зголеми опфатот на деца во градинките


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека по барање на родители и на градинките од Комисијата за заштита од заразни болести побарале мислење за евентуално зголемување на бројот на деца кои во овие услови на пандемија би можеле да посетуваат градинка, но, оти таа останала на ставот дека опфатот не треба […]

Жестоки кавги во Владата за бегството на Мијалков, тврди ТВ24


  ТВ24 ексклузивно дознава  дека утринава премиерот Зоран Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите околу случајот Сашо Мијалков.   На средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките. Според наши извори […]

Побрзо да се донесат законските решенија за мерките од петтиот пакет, апелира Битиќи


Потребна е побрза динамика во носењето законски решенија за да се овозможи примена на одредени мерки од поддршката за стопанството, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според Битиќи, досегашните предвидувања и активности на Владата во однос на КОВИД кризата даваат резултат и оваа, 2021-ва, ќе биде година на заздравување на економијата. -Сепак, оваа криза […]

За викендот натпросечно топло време


УХМР соопшти дека продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, […]

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 658 пациенти со Ковид-19


Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 254 лица […]

НБ: Девизните резерви во сигурна зона, домашната економија со поповолни движења


Девизните резерви се во сигура сона, а расположливите податоци за последниот квартал од 2020 година упатуваат на поповолни движења во домашната економија, оценува Народната банка во објавената месечна информација. -Последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети […]

Битиќи најавува четири инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2.000 работни места


Вицепремиерот Фатмир Битиќи најави четири нови инвестиции со вкупна вредност од над 300 милиони евра и отворање нови 2.000 работни места.  Битиќи ова го најави во дебатната емисија Топ тема на Телма, каде што истакна дека сака да ги дели компаниите на странски и домашни и дека она за што сака да зборува се инвестиции […]

Албанија доби нова пратка со 8.190 вакцини од Фајзер, Рама најави 360.000 дози од пријателска земја


Во Албанија пристигна нова пратка од 8.190 вакцини од компанијата Фајзер, со што до сега од оваа компанја пристигнати се вкупно 16.380, од договорените 500.000 вакцини. Во комуникација со новинарите на Меѓународниот аеродром во Тирана, пред пристигнувањето на вакцините, премиерот Еди Рама рече дека е во постојана комуникација со пријателска земја, за да обезбеди 360.000 […]