(Видео) Сашо Мијалков е тука, бил изолиран поради висока температура


Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор. Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за кој даде изјава. – Јас кога ќе […]

Заев: Работиме да ја трансформираме Северна Македонија како нов регионален центар на иновации


Посветени сме и работиме со сите сили да ја трансформираме Северна Македонија како нов регионален центар на иновации. Во постковид ерата која е пред нас час поскоро треба да ги впрегнеме сите алатки како што е и акцелераторската лабораторија во изнаоѓање на иновативни решенија кои за сите нас ќе создадат економски патеки, кои се пред […]

Почина легендарниот Војкан Борисављевиќ, автор на хитовите „Одисеја“ и „А сега, адио“


Србија– Композиторот и диригент Војкан Борисављевиќ почина денеска во Белград на 74-годишна возраст, пишува српски „Новости“. Ќе остане запаметен како автор на хитовите како „Одисеја“, „Љубовта е само збор“ и „А сега, адио“. Неговата кариера траеше повеќе од пет децении. Роден е на 5 мај 1947 година во Зрењанин, а од 1948 година живее во […]

Утре пристигнува втората пратка вакцини од Србија


Министерот за здравство Венко Филипче утре, во 13.30 часот, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“. Настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, информираат од Министерството за здравство. Првата пратка од Србија […]

Се зголемува капацитетот на патници во автобусите од 50 на 75 проценти


На денешната седница на Владата прифатена е согласноста на Комисијата за заразни болести по барање на група општински и меѓуопштински превозници. Барањето се однесува на зголемување на дозволениот број патници од 50 на 75 % од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена.

Принцот Филип седум дена е во болница


Англија – Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета седум дена е хоспитализиран и добро се чувствува, јавија британските медиуми. Војводата од Единбург минатиот вторник беше хоспитализиран во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми“. Кралицата и нејзиниот сопруг примија прва доза од вакцината против Ковид-9, но влошената здравствена состојба не е поврзана со вакцината. Принцот […]

Осумнаесет европски компании го напуштаат проектот Северен тек 2


 Најмалку 18 европски компании веќе го напуштија „Северен тек 2“ поради заканите на САД да воведат санкции за учесниците во проектот, објави германски „Тагесшпигел“, повикувајќи се на извештај на американскиот Стејт департмент. Меѓу компаниите кои одбија да учествуваат во проектот се германските концерни „Билфингер СЕ“ и „Минхен Ре Синдикат“. Соединетите Американски Држави донесоа голем број закони […]

Германците добија 1.200 нови зборови поради пандемијата на Ковид-19


Лингвистите во Германија собраа околу 1.200 нови зборови што се појавија за време на пандемијата на корона вирус, а списокот го состави Институтот Лајбниц за германски јазик. Меѓу новите зборови се „коронамиде“ (уморен од ковид) и „коронафризур“ (корона фризура), објави „Гардијан“. Исто така, постојат зборови што ја опишуваат нечија состојба, како што се  „оверзумед (под […]

Чешка ќе бара Германија да прима нивни пациенти, болниците се преполни


Чешките оддели за интензивна нега го достигнаа максимумот на капацитетот, објави денеска министерството за здравство. Чешка е на светскиот врв кога станува збор за новозаразени на 100.000 жители, во текот на 14 дена, а втора на свет по Словачка по стапката на смртност, според податоците на АФП. Владата, која успеа да го сузбие ширењето на […]

Студентските домови ќе бидат енергетски ефикасни


Владата денеска на 47-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, кој се однесува на реконструкција и модернизација на студентски домови во државна сопственост, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност.   Како што соопшти владината прес-служба, Програмата ќе се фокусира на студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид […]

Нови 509 случаи со Ковид-19, девет починати, 354 оздравени пациенти


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, […]

Одобрена согласност за грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за пругата Крива Паланка – граница со Бугарија


Владата ја разгледа Информацијата за доделување грант преку 25. повик за техничка помош и за 6. повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од Коридорот 8, со укажување со ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој […]

Прифатено барањето на превозниците – бројот патници ќе биде 75 отсто од возилата


Владата ја прифати согласноста на Комисијата за заразни болести по барањето на група општински и меѓуопштински превозници да се зголеми дозволениот број патници од 50 на 75 отсто во превозните средства. Оваа одлука е донесена на денешната редовна 47. седница. Ограничувањето на бројот на патници е воведено поради ковид пандемијата. 

Како побегнал Мијалков – хронолошка анализа на МВР


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков. На прес-конференција информираше дека МВР ги презема сите расположиви мерки за обезбедувањето на  бегалецот. Министерот во неговото хронолошко појаснување на настаните како и кога добиле повик од Јавното обвинителство рече дека обвинителката Вилма Русковска во […]

Вангеловски не сторил кривично дело кога ги криел предметите во фиока, заклучи обвинителството


Обвинителството со резолуција заклучи дека поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, не направил кривично дело кое се гони по службена должност затоа што долго време чувал одредени предмети во фиока. Во денешното соопштение, ОЈО информира дека е донесена резолуција во однос на известувањето од Врховниот суд од 29.10.2019 година во кое се наведени предмети […]

МОН ги повикува средните стручни училишта и компаниите да се пријават за грантови на Германската развојна банка


На средните стручни училишта и компаниите им стануваат достапни финансиски средства за опремување н работилници и лаборатории неопходни за реализирање практична настава и дуално образование преку Регионалниот фонд за предизвици.   Фондот функционира со овластување од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој и е поддржан од Германската развојна банка (KfW). Има цел да ја зајакне важноста на пазарот […]

Ќе се формира нов совет за заштита на потрошувачите, одлучи Владата


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за формирање нов совет за заштита на потрошувачите и донесе Решение за именување членови на советот за заштита на потрошувачите. -Советот во основа има за цел да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси […]

Нуредини: Процесот за интегрираната заштита на Водно е резултат на обврската за репрогласување на заштитените подрачја


Овој процес кој е сега пред крајот за конечно остварување на интегрираната заштита на Водно, е резултат пред се на обврската за репрогласување на заштитените подрачја во државата согласно новата регулатива и современите стандарди. Апсолутно е неточно дека претходниот статус на заштита бил од повисоко ниво, како што е и неточно дека категоријата заштитен предел […]

Француски научници развија посигурен тест за корона вирусот


Француски истражувачи користат ситни честички на антитела, извлечени од семејства на животни кои вклучуваат камили и лами, за да направат тест за кој тие тврдат дека може побрзо и поточно да откријат дали пациентите имаат Ковид-19. Прототипот тест, наречен KorDial-1, не е одобрен за употреба, но првичните истражувања на 300 примероци покажаа точност од 90 […]

Словенија доби нова авиокомпанија


 Во Словенија е основана нова авиокомпанија наречена „СаутИст Ерлајнс“ (SouthEast Airlines), објави денеска авио-порталот Сиера5, додавајќи дека превозникот првично ќе нуди чартер летови користејќи ја флотата Ербас А320. „СаутИст Ерлајнс“ ќе се фокусира на пазарите на Европската унија, а првиот комерцијален лет е планиран за почетокот на јуни, пренесува агенцијата СТА. Компанијата ќе започне со […]