(Видео) Сашо Мијалков е тука, бил изолиран поради висока температура


Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура.

Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор.

Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за кој даде изјава.

– Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи – вели Мијалков за телевизијата.

Мијалков тврди дека не ја напуштил Македонија овие денови, туку бил во изолација поради висока температура.

Од неделата попладне, полицијата го бара Мијалков, по барање на обвинителството, да биде приведен и ставен во притвор, поради опасност од бегство пред изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.

Министерството за внатрешни работи распиша и меѓународна потерница по екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од неделата е недостапен за полицијата.