„Телеграф“: Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува коронавирусот


Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф“. Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми. Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за […]

Концерт на Јордан Костов Квинтет вечер во МКЦ


Јордан Костов Квинтет вечер во 20 часот ќе има концерт во кино „Фросина“, Младински културен центар. Како што најави дискографската куќа „ПМГЏЕЗ“, во Младинскиот културен центар ќе биде реализирана серија од три концерти во живо на македонска џез музика и современа класика, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.   Јордан Костов е композитор, хармоникаш и […]

Лидерите на ЕУ се согласија да продолжат да работат на ковид-пасошите


Лидерите на Европска Унија синоќа се согласија да продолжат работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот оваа лето. Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот Самит на ЕУ истакна дека техничката работа на така наречените ковид-пасоши би требало да заврши до лето, а некои земји, вклучително Франција и Белгија изразија загриженост дека […]

Епилог за „Таргет-Тврдина“ – ќе биде објавена пресудата за нелегалното прислушување


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК и еден од обвинетите Сашо Мијалков, кој ќе биде […]

„Боинг“ се согласи да плати 6,6 милиони долари казна за непочитување на безбедноста


Американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) соопшти дека компанијата „Боинг“ се согласила да плати казна од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот утврдил дека таа не го испочитувала договорот за безбедност од 2015 година. Казната вклучува 5,4 милиони американски долари за непочитување на договорот во кој „Боинг“ се согласил да ги промени своите внатрешни процеси […]

Денеска Мијалков ќе ја чуе пресудата за „Таргет-Тврдина“, Бошковски и Грујевски одлуката ќе ја дознаат во азил


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој иако три дена беше недостапен, денеска, сепак, во Северна Македонија ќе ја чуе пресудата за „Таргет- Тврдина“, за разлика од Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои за одлуката на судот ќе дознаат додека се наоѓаат стотици километри јужно од границата, односно во Грција каде што побегнаа за да […]

Македонско-бугарската комисија го одржува 12. состанок, Скопје и Софија го координираат датумот за меѓувладината конференција


Македонските и бугарските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска во рамки на 12 состанок, втор ден ќе разговараат за отворените прашања. И додека историчарите се обидуваат да најдат решенија за она што е во нивна надлежнот, политичарите на двете земји, според соопштенијата на двете […]

Во Бразил има и до три пати позаразни мутации на корона вирусот


Бразил во моментов се соочува со нова фаза од пандемијата на коронавирусот, со нејзините нови мутации, што се тројно позаразни, изјави бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело. Пазуело кажа дека владата распределила меѓу 13 и 14 милиони дози вакцини и дека до средината на годината планира да вакцинира половина од 210 милиони жители во земјата. […]

Седумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата


Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Како што е најавено, претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на претседателот  Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на […]

Продолжуваат подготовките за пописот, власта ја повикува опозицијата на обединување


Патриотска партија која се залага за македонштината го повикува својот народ  да се попише за да бидат бројките толку колку што се во реалноста. Пописот ниту ќе даде плус право, ниту ќе одземе некому право. Само ќе ги констатира состојбите во државата, порача вчера премиерот Зоран Заев, повикувајќи ја повторно опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествува во […]

Една година по првиот случај на Ковид-19 кај нас – починаа 3.111 лица, над 100 илјади заразени


Помина точно една година од првиот потврден случај на заболен од Ковид-19 во земјава, а пандемијата се уште не стивнува. Веќе започна имунизацијата на медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите со вакцината на „Фајзер“, а деновиве треба да пристигнат и 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ по што, според најавите од надлежните, ќе почне масовната […]

За прв пат по седум години, ниту еден германски клуб не се пласираше во осминафиналето од ЛЕ


Ниту еден германски клуб не избори учество во осминафиналето во Лигата на Европа, за прв пат од 2014 година. Баер Леверкузен два пати загуби од Јанг Бојс во 1/16финалната пресметка (3:4, 0:2), додека Хофенхајм беше послаб од Молде (3:3, 0:2). Така, ниту еден клуб од Бундеслигата не се пласираше во 1/8 финалето на турнирот по […]

Макрон: Европа треба да биде солидарна со Балканот и Африка во борбата против пандемијата


Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на ЕУ, синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија, јави дописникот на МИА. -Пред една година ние ја лансиравме иницијативата Акт А – солидраност за Африка. Јасно е дека ние имаме потреба […]

Промоција на поштенска марка посветена на болест на Гоше


Поштенска марка посветена на ретката болест на Гоше ќе промовираат денеска Здружението на граѓани за ретки болести  ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола заедно со Пошта на Северна Македонија. Во изминитатите години издадени се поштенски марки за деца со ретки болести и за Алпорт синдром. Од здружението укажуават дека ретките болести се комплексни доживотни состојби кои најчесто […]

Денеска посебен режим на повеќе сообраќајници во Скопје поради протест


Министерството за внатрешни работи соопшти дека  денеска поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“  и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување […]

Наполи елиминиран од Лига Европа


Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи доживеа вечерва елиминација во осминафиналето во Лига Европа, откако триумфот од 2:1 над Гранада беше недоволен да ја анулира негативата од првиот натпревар. Наполи, во чиј почетен состав се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, поведе веќе во третата минута со голот на Пјотр Зелински, но шпанскиот тим на средина од полувремето израмни преку Анхел […]

Лидерите на ЕУ повикаа на строги ограничувања поради новите мутации на корона вирусот


Лидерите на Европската унија денеска се заложија за „задржување на строгите ограничувања“ и забрзување на вакцинацијата против коронавирусот поради разните мутации на вирусот. – Епидемиолошката состојба останува сериозна, а новите мутации на коронавирусот претставуваат дополнителни предизвици. Затоа, мора да ги задржиме строгите ограничувања, а во исто време да се зајакнат напорите за побрза испорака на вакцини, рекоа лидерите на […]

БДП на САД падна за 2,4 отсто во четвртиот квартал


Американската економија падна за 2,4 проценти во четвртиот квартал 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од процената во јануари за падот на активноста од 2,5 отсто во однос на истиот период претходната година. Во третиот квартал, економијата се намали за 2,8 проценти на годишно ниво. Активноста нагло забави на […]

Меркел и Фон дер Лајен: Дигитален сертификат за вакцинација веројатно пред лето


 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата на корона вирусот, веројатно ќе бидат достапни пред лето. – Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација, рече Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржува онлајн. Германската канцеларка додаде дека на Европската […]

„Тесла“ времено го запре производството на „Модел 3“ во Калифорнија


САН ФРАНЦИСКО – „Тесла“ ги извести работниците дека привремено ќе прекине дел од производството во фабриката за монтажа на автомобили во Калифорнија, објави денес Блумберг повикувајќи се на неименуван извор запознат со оваа работа. На работниците од производната линија „Модел 3“ во Фремонт им беше кажано дека нивната линија нема да работи од 22 февруари […]