БДП на САД падна за 2,4 отсто во четвртиот квартал


Економистите се загрижени дека досега преземените херкулски напори нема да бидат доволни доколку кризата продолжи по јуни

Американската економија падна за 2,4 проценти во четвртиот квартал 2020 година, објави во четвртокот Министерството за трговија, што е малку подобро од процената во јануари за падот на активноста од 2,5 отсто во однос на истиот период претходната година.

Во третиот квартал, економијата се намали за 2,8 проценти на годишно ниво.

Активноста нагло забави на крајот на годината, со стапка на раст од само еден процент што беше многу помалку во однос на претходните три месеци кога скокна 7,5 проценти, покажува извештајот, потврдувајќи ја првата проценка.

Министерството во преден план ја става годишната стапка на раст што ја користат само САД, Канада и Јапонија, и која покажува раст на БДП на САД во четвртиот квартал од 4,1 процент, за 0,1 процентен поен поголем од првичната процена.

Ваквата стапка на раст на БДП покажува со која стапка би пораснал БДП за една година, доколку растеше со иста стапка во секој квартал како и во последните три месеци.

„Растот на БДП во четвртиот квартал го одразува континуираното закрепнување на економијата од остриот пад во првата половина на годината и истовремените ефекти од пандемијата со Ковид-19, вклучително и новите ограничувања и затворања во делови на САД“, се вели во соопштението.

За целата година, БДП на САД падна 3,5 проценти, ја потврди Министерството процената од крајот на јануари. Една година претходно економскиот раст на САД беше 2,2 проценти.

Падот на реалниот БДП во 2020 година, меѓу другото, го одразува падот на личната потрошувачка, извозот и инвестициите на компаниите во опрема и намалувањето на трошењето на федералните држави и локалните самоуправи, се вели во соопштението.