Со подобрување на временските услови, најавено санирање на свлечиштето на магистралата А3


Санирањето на одроните кај месноста Драките, на патот Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, ќе се реализира со првото подобрување на временските услови. Од Јавното претпријатие за државни патишта, информираа дека редовно се следи состојбата на терен и најавија дека санација на свлечиштето е предвидено во годишната програма за работа за […]

По масовната вакцинација, Израел укинува дел од рестриктивните мерки


Фризерските салони повторно се отворени, клиентите се враќаат во продавниците кои досега беа затворени, а граѓаните може да се движат повеќе од еден километар од своите домови. Израел денеска почна постепено да излегува од третото „затворање“ од почетокот на пандемијата на Ковид-19, благодарение на масовната кампања за вакцинација на населението. Во петокот навечер, израелската Влада […]

Извозот од Британија во ЕУ паднал за 68 отсто


Извозот од Велика Британија во Европската унија се намали за 68% во јануари, откако трговијата беше нарушена по крајот на преодниот рок по заминувањето на Велика Британија од Европската унија, според трговското тело што претставува превозници. Владата не ги потврди податоците и рече дека нарушувањето на границата е минимално откако Велика Британија го заврши патувањето […]

Глечер во Индија удри во брана – меѓу 100 и 150 мртви


Глечер во Индија удри во брана – меѓу 100 и 150 мртви Се стравува дека меѓу 100 и 150 лица го загубија животот во неделата во индија откако дел од глечер се откачи од Хималаите и удри во брана, објавија властите. „Точниот број не е потврден“, но се стравува дека има меѓу 100 и 150 […]

Во Србија повеќе од 1.500 новозаразени, починаа 14 пациенти


  Според последните податоци во Србија регистрирани се 1.529 новозаразени со корона вирус, а починаа 14 пациенти. Тестирани биле 7.510 примероци, а од почетокот на епидемијата вкупно 2.693.265. Во болница се лекуваат 3.877 пациенти, од кои на респиратор се 135. Во Србија досега од корона вирус починаа 4.126 лица, а стапката на смртност е 1.01 […]

Порасна ќерката на Ана Никол Смит, дозна се за мајка ѝ во специјална емисија


САД-  Даниелин Биркхед имала само 5 месеци кога нејзината мајка Ана Никол Смит, ѕвездата на „Плејбој“  одеднаш почина на 39-годишна возраст од случајно предозирање со лекови. Низ нејзините 14 години живот, Даниелин дознаваше за Ана Никол преку слики и видеа, или приказни раскажани од нејзиниот татко, Лери Биркхед. Но, сега, во пресрет на 14-годишнината од […]

(Видео) Прва снежна бура во 10 години во Холандија, голем снег и во Германија


  Холандија денеска ја зафати прва голема снежна бура во последните 10 години, која го наруши железничкиот и патниот сообраќај, а бурата продолжува да се движи кој останатите делови на северна Европа. Железничкиот сообраќај е нарушен и во соседна Германија поради големи наноси од снег, а Британците во подрачјето на Северното Море се подготвуваат за […]

Поранешните бугарски претседатели Прванов и Плевнелиев со критики за Румен Радев


Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов упати критики до актуелниот шеф на државата Румен Радев дека речиси една година од почетокот на кризата со коронавирусот, тој не нашол време да свика Консултативен совет за таа тема. – Нема ништо поважно од здравјето на луѓето, и во таква ситуација, владата, парламентот и претседателот мора да комуницираат, без […]

Една година не функционира адреналинската патека во Пехчево


Повеќе од една година не работи адреналинската патека и зип-линијата во Пехчево. Како што информираат од Општина Пехчево, причината за нејзино нефункционирање на единствената атракција од ваков вид на крајниот Исток, е непотполната документација за користење на локацијата каде се наоѓа патеката. -Кога е разработена адреналинската патека и пуштена во употреба, немаше целосна документација, за […]

Летовите Атина-Скопје се враќаат од следниот понеделник, соопшти „Ејџиан ерлајнс“


Летовите меѓу Атина и Скопје почнуваат по 15 февруари по 11 месеци прекин поради пандемијата, соопшти грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. Според претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија, превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати […]

Натпреварот од ЛШ, Лајпциг – Ливерпул ќе се игра во Будимпешта


Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се одигра во Унгарија. Средбата ќе се одржи на „Арена Пушкаш“ во Будимпешта. Прашањето за одложување на натпреварот се појави откако Германија ги прекина летовите од Велика Британија до 17 февруари, поради ширењето на новиот вид на коронавирус. Така, Ливерпул нема начин […]

Ручек на Мицотакис на островот Икарија, во време на рестрикции, предизвика реакции во Грција


Реакции во Грција, како на социјалните мрежи, така и од опозициските партии предизвикаа фотографиите од собирот и ручекот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и неговите соработници во куќа на пратеник на Нова демократија на островот Икарија, во период кога во земјата се во сила строги рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, јави дописничката на МИА […]

Нови 199 случаи на Ковид-19, починаа осум лица


Во последните 24 часа пријавени се нови 199 случаи на Ковид-19 од направени 1.846 тестирања. Починати се осум пациенти, сите над 60 години. Институтот за јавно здравје регистрира 264 оздравени пациенти.   Повторно најголем број од новите случаи се од Скопје – 80, по што следуваат Охрид и Кавадарци со 19, Тетово со 14, Прилеп […]

Седумдесет и пет санкции за брзо возење на автопатот Куманово-Велес и скопската обиколница


Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера спровела засилена контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје при што санкционирани се 75 возачи.  Од МВР денеска информираа дека од нив, 13 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час над дозволената. – Засилените акциски […]

Вучиќ му одговори на Бајден: Меѓусебно признавање со Косово не стои во ниту еден акт


Српскиот претседател Александар Вучиќ му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за честитката за Денот на државноста на Србија, во која покрај останатото тој недвосмислено повика на меѓусебно признавање на Србија и Косово, порачувајќи дека веќе еднаш кажал во Вашингтон што мисли за признавањето и дека неговиот одговор нема да биде поинаков, јави дописникот […]

„Конти хидропласт“ пушти во употреба нов погон, инвестиција вредна 315 милиони денари


Компанијата „Конти хидропласт“ од Гевгелија денеска го пушти во употреба новиот погон за производство на цевки за гасоводни и водоводни системи. Вкупната инвестиција за период од пет години изнесува 315 милиони денари од кои 10 проценти се поддршка од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Компанијата, како што беше посочено на свеченоста, го […]

Василев: Бугарија може во 2024 година да го воведе еврото


Поранешниот бугарски вицепремиер, Николај Василев, за бугарската „Нова ТВ“ изјави дека реална цел е земјата во текот на 2024 година да го воведе еврото. Пред речиси еден месец, министерот за финансии, Кирил Ананиев, даде слична прогноза, а порано овој рок го даде и Бугарската народна банка (БНБ). Министерот Ананиев најави дека подготвува Национален план за воведување […]

Бајден му го честиташе Денот на државноста на Вучиќ со порака да го признае Косово


Американскиот претседател Џо Бајден го честиташе Денот на државноста на Србија и порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово „кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, јави допсиникот на МИА од Белград. -Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европските интеграции и […]

Малку е веројатен импичмент против Трамп поради настаните од 7 јануари во Капитолот


Импичмент против Доналд Трамп веројанто нема да се случи, тврдат американските медиуми, иако од вторникот во Сенатот се води дебата за отповикувањето на поранешниот американски претседател под обвинението за поттикнување на масата да предизвика насилство и упад во зградата на Конгресот, на 6 јануари. “Малку е веројатно. Иако многу републиканци остро го критикуваа Трамп, кој […]

Заев му кажа „Не“ за предвремени избори на Мицкоски


Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Гевгелија, како одговор на барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори. Државата, вели тој, има јасен правец по кој се движи, односно, како што рече, европеизацијата продолжува. – […]