Денеска ќе се потпише договорот за набавка на 200 илјади кинески вакцини


Договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина треба да се потпише во текот на денешниов ден и се очекува по потпишувањето за најкраток временски рок тие да стигнат во земјава, иако засега нема подетални информации кога би пристигнале. Со пристигнувањето на кинеските вакцини ќе започне и процесот на имунизација, преку кој […]

Заев бара да се стави крај на барањата за предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ смета дека четири години се премногу за актуелниот премиер


Откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, побара предвремено одржување парламентарни избори, премиерот и претседател на владејачката СДСМ Зоран Заев, остро реагираше дека конечно треба да се престане со барањата за предвремени избори бидејќи, како што рече, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија. Заев вчера, одговарајќи на новинарско прашање околу барањата на […]

Араус прогласи победа на претседателските избори во Еквадор


Кандидатот на левицата за претседател на Еквадор, Андрес Араус, соопшти дека победил на изборите што се одржаа вчера во оваа латиноамериканска земја. Британските медиуми пренесуваат дека Араус ја прогласи својата победа над својот главен ривал, Гиљeрмо Ласо, но не прецизираше дали има освоено доволен број гласови да го избегне вториот изборен круг. Еквадорците вчера избраа […]

Седници на две собраниски комисии


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија ќе одржат седници со повеќе точки на дневен ред. Пратениците од Комисијата за политички систем ќе расправаат за повеќе годишни извештаи, меѓу кои, за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2019 година, за работата на Државната […]

Врнежливо со грмежи, на места дождот ќе биде обоен од пустинска прашина


Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што […]

Мицотакис ги прекрши правилата за карантин – по втор пат


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повторно се најде на удар на критиките за очигледно непочитување на правилата за карантин поради корона вирусот одредени од неговата сопствена влада, јавува бриселски „Политико“, пренесувајќи ги пишувањата на грчките медиуми. Видеа и слики започнаа да кружат за време на викендот на социјалните мрежи, кои се чини дека го покажуваат Мицотакис […]

Дубаи преплавен од туристи – ја плати цената со зголемен број новозаразени


Дубаи во последните неколку недели беше една од најголемите атракции за туристите од Европа, на кои им здосадија повеќемесечниот локдаун и студените зимски температури. Откако десетици илјади посетители се слеаја на градските улици во Дубаи, почнаа да растат и бројките на новозаразени – покрај мерките за претпазливост со кои властите сакаа да го спречат ширењето […]

(Видео) Nike претстави патики за мрзливи


  Компанијата Nike ги претстави првите патики за кои не е потребно да се наведнете за да ги обуете или собуете, а ќе чинат 120 долари. Пред се Nike Go FlyEase се наменети за лица со физички и здравствени потешкотии, но сигурно и мрзливите ќе им се израдуваат. Тие не се употребливи само за оние […]

На 100 години почина Џорџ Шулц, државниот секретар на Реган


ВАШИНГТОН – Поранешниот државен секретар Џорџ Шулц, титан на американската академија, бизнис и дипломатија, кој поголемиот дел од осумдесеттите години на минатиот век го помина во обид да ги подобри односите во Студената војна со Советскиот Сојуз и да создаде курс за мир на Блискиот исток, почина. Тој имаше 100 години. Шулц почина во саботата […]

Поради дефект прекинато водоснабдување за корисниците на дел од Бул. „3-та Македонска бригада“


Вечерва од 20:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Бул.„3-та Македонска бригада“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот е поради уличен дефект ф 200 мм на Бул.„3-та Македонска бригада“ спроти „Раде Кончар“ и ќе трае до санирање на дефектот. 

Кој е вистинскиот Алексеј Навални: Од либерал, преку националист, до популист


Додека политичкиот развој на лидерот на опозицијата во Русија одеше од либерализам до национализам и популизам, неговите основни вредности се насочени кон антикорупцијата   Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој ги канализираше фрустрациите на Русите во последните две недели за да протестираат десетици илјади низ целата земја, беше на сложено идеолошко патување во текот […]

Во Србија пристигнуваат уште 50.000 дози од вакцината „спутник V“


  Утре или задутре во Србија ќе бидат доставени 50.000 дози од руската вакцина „спутник V”, потврди министерот Ненад Поповиќ. „Пред неколку часа добивме информација од нашите руски партнери од Министерството за индустрија и рускиот фонд за директни инвестиции дека за Србија утре се подготвени уште 50.000 вакцини. Тие вакцини ќе бидат доставени утре навечер […]

Оксфорд: Пристигнува вакцина за јужноафриканскиот сој


  Нова вакцина која може успешно да се избори со јужноафриканскиот сој на ковид, може да се појави на пазарот до есен, рече денеска водачот на тимот кој ја направи вакцината од универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“, Сара Гилберт. Професорката Гилберт за Би-би-си изјави дека на вакцината не ѝ треба многу време да се адаптира на […]

Полицаец во Чиле уби уличен забавувач, јавноста гневна, запалени државни згради


Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видео снимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач. Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си. Chile: Where a violent protests took place in Panguipulli in Chile after a street artist […]

Папа Франциск: Драматично на балканската рута


Папата Франциск денеска побара од властите во земјите низ кои минуваат мигрантите да посветат посебно внимание на илјадниците малолетни лица без придружба, предупредувајќи на драматичната состојба на таканаречената балканска рута. Во пресрет на Меѓународниот ден на молитва против трговија со луѓе, кој се одбележува утре, папата посочи дека малолетниците без придружба се особено ранливи и […]

Иран ја претстави втората домашна вакцина против коронавирус


 Иран ја претстави својата втора домашна вакцина против корона вирусот и соопшти дека започна со тестирање на луѓе, објави денеска ирачката државна телевизија. Вакцината „Рази Ков Парс“, произведена од Институтот за истражување на вакцини и серуми „Рази“, ќе се тестира на 13 лица во рок од осум дена, и доколку не се појават сериозни реакции, […]

Вчера ден за физички пресметки, во повеќе градови „летаа“ тупаници


Нетрпеливоста меѓу луѓето или стресниот период кој произлезе од коронавирусот, го зголеми бројот на физички пресметки. Мажи вчера се тепале пред коперација, пред зграда или дома, но и на улица, жена пак во Гостивар физички нападнала две девојки. Билтенот на МВР за вчера бележи зголемен број на физички пресметки во Крива Паланка каде браќа со […]

Повеќе од 12 милиони Британци ја примија првата доза од вакцината против корона вирус


Повеќе од 12 милиони луѓе во Велика Британија ја примија првата доза на вакцина против корона вирус, соопшти денеска британската Влада. Според податоците на Владата, досега 12.014,288 Британци ја примиле првата доза на вакцината. Од последниот пресек, пријавени се 15.845 нови случаи на инфекција и 373 нови смртни случаи, пренесува Би-Би-Си, истакнувајќи дека бројките се […]

Познаници пукале кон маж на Бит пазар


Вчера околу 21 часот во СВР Скопје, А.Џ.(48) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на подрачје на Бит Пазар му се доближиле две лица со кои се познавал при што едниот од нив со пиштол пукал кон А.Џ.. На А.Џ му е укажана помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски,. Се преземаат […]

Грција се подготвува за отворање на границите за туристи од регионот


Грција се подготвува за отворање кон соседите. Откако беше најавено дека од 15 фебруари се обновуваат летовите меѓу Скопје и Атина, стигаат и информации за скорешно отворање на границите и за туристи од Балканот. Според она што беше објавено во Грција денес, Грција планира да потпише меморандум за разбирање со Србија со кој ќе се […]