„Еуро прогрес“ незаконски ископувал песок и чакал – да престане со работа блокот Б


Државниот инспекторат за животна средина на ден 21.01.2021 година изврши координиран инспекциски надзор со Државниот инспекторат за техничка инспекција над правниот субјект „ЕУРО ПРОГРЕС“ ДООЕЛ во с.Долно Коњаре, општина Петровец. Утврдено е дека правното лице ископува песок и чакал согласно Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал издадена во 2010, […]

Занаетчиска комора Скопје: Без финансиска поддршка за плата многу занаетчиски бизниси нема да опстанат


Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка, зашто поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците. Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии, и тие воопшто не можат да аплицираат, тврдат од Занаетчиската комора […]

За десет години Албанија ја напуштиле 600 илјади албански граѓани или за три децении 1,6 милиони


Албанскиот државен Институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на албанските граѓани кои живеат надвор од земјата, на крајот на 2020 година достигнал 1,6 милиони, наспроти 1,08 милиони колку што биле според пописот во 2011 година, односно околу 600 илјади лица повеќе. Според податоците на ИНСТАТ, од 2001 до 2011 година, 481 илјади луѓе се […]

Итно средба во Владата и заедничко креирање на измените на Законот за игри на среќа, бараат обложувалниците


Ако ставиме клуч на врата, државата ќе загуби повеќе од 250 милиони евра, предупредија денеска сопствениците на спортските обложувалници. Испровоцирани од предлог-измените на Законот за игри на среќа кои веќе се изготвуваат во Министерството за финансии, а наскоро треба да бидат објавени и на ЕНЕР, обложувалниците побараа итна средба во Владата со цел креирање ново, […]

Потпишан Договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини, ќе пристигнат до крајот на месецов


Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со Договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200 000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Точниот датум на пристигнување и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови, соопшти […]

Македонија отвора амбасада во Словачка – нѐ зближи бугарското вето


Македонија ќе отвори амбасада во Словачка, решила нашата Влада на предлог на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Одлуката за отворање на амбасадата, во ситуација кога дипломатската мрежа и без неа е преширока за финансиската моќ на Македонија, е очигледно благодарност кон оваа земја за блокадата на ветото на Бугарија во ЕУ. Османи отворањето на […]

Д Викенд со невиден перформанс на Супербоулот (видео)


САД- Откако минатата година Џенифер Лопез и Шакира ја воодушевија публиката со нивниот настап на Супербоулот, најгледаниот спортски настан во Америка, со најскапи реклами, оваа година поп-ѕвездата  Д Викенд се погрижи за 12-минутниот спектакл, изведувајќи голем број свои хитови во придружба на танчери, вклучително и песните „Blinding Lights“ , “Starboy” “и” Can’t Feel My Face […]

Прифатени за финансирање 295 научно-истражувачки трудови објавени во меѓународни списанија со фактор на влијание


 Министерството за образование и наука донесе Решение за финансирање прифатени барања за научно-истражувачки трудови од домашни автори објавени во меѓународни научни списанија со фактор на влијание (импакт-фактор) за 2019 година. МОН со Решението ги објави прифатените и одбиените барања од автори со научно-истражувачки трудови согласно со Конкурсот за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд за 2019 […]

Задолжителен седумдневен карантин за сите што ќе пристигнат во Грција


Грција – Освен потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од […]

Јелен: Без пакетот помош, американската економија ќе закрепнува со години


Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека „ќе поминат години“ кога економијата на земјата, уништена од коронавирусот, ќе се врати на колосек и го повика Конгресот да одобри пакетот помош од 1,9 илјади милијарди долари предложен од претседателот Џо Бајден. Јелен ги отфрли тврдењата на Републиканците дека таа сума е превисока. Таа за Си-Ен-Ен […]

„Тајмс“: Над 200 британски научници под истрага за трансфер на воена технологија во Кина


Англија – Британските безбедносни служби испитуваат повеќе од 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја, соопшти „Тајмс“, повикувајќи се на добро информиран извор. Според весникот, научниците се осомничени за кршење на „строгите извозни ограничувања, што имаат за цел спречување на трансферот на интелектуална сопственост“ во стратешки важните области кон […]

Секторот за финансиски услуги во Северна Македонија е подготвен за финтек-трансформација


Секторот за финансиски услуги во Република Северна Македонија е подготвен за финтек-трансформaција. Потребата за развој на финтек-секторот е оправдана, заради многубројните придобивки и можности. Дигиталната трансформација е во фокусот на сите страни вклучени во екосистемот, при што соработката на банките и небанкарските финансиски институции со компаниите коишто обезбедуваат услуги за поддршка на финтек-секторот е во почетна […]

Салма Хајек за опсесијата да се слика во бикини: Сѐ уште имам успешна кариера


САД– Во последното интервју, говорејќи за својата кариера, Салма Хајек се пофали дека ги победила предвидувањата дека нејзината возраст и националност ќе „ја пезионираат“ предвреме како глумица. – Ми велеа дека мојата кариера „ќе умре“ во средината на 30-тите години од мојот живот. Тоа ќе било, пред сѐ поради тоа што сум Мексиканка и никако […]

Стагнација на германската индустрија во декември 2020 година


Статистичките податоци покажуваат стагнирање на германското индустриско производство во декември минатата година односно забележан е нулти раст на месечно ниво во однос на ноември кога имаше раст од 1,5 проценти. Според гермаснкиот Сојузен завод за статистика Дестатис стагнацијата се должи на ограничувањата во земјата и во странство воведени поради пандемијата со Ковид-19, што го забавија […]

Цената на нафтата на највисоко ниво последнава година


На светските берзи цената на нафтата минатата недела се зголеми за шест отсто и го достигна највисокото ниво за една година. Зголемувањето на цената на нафтата се должи на одржување на договореното ниво на производство од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), како и на очекувањата за заздравување на економијата и за […]

Прага и Братислава во еден глас: ЕУ не може да има улога на арбитер за историјата


Министрите за надворешни работи, Томаш Петричек и Иван Корчок, заеднички го отфрлаат барањето на Бугарија Македонија да ја исправела наводно погрешната интерпретација на историјата, велејќи дека тоа за нив е „неприфатливо“   Министрите за надворешни работи на Чешка и Словачка денеска во заедничка колумна уште еднаш ги потврдија ставовите на двете земји околу барањето на […]

Скопјанец осомничен за предизвикан пожар врз автомобил и поседување оружје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела „тешки дела против општата сигурност“, како и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 4 јануари, на улицата „Јабланица“ […]

Отфрлена кривичната пријава на врховна судијка против тројца членови на Судскиот совет


Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од судија на Врховниот суд против претседателот и два члена на Судскиот совет на РСМ за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.   -Пријавителката во кривичната пријава наведе дека пријавените, […]

Осомничени четири лица од Прилеп за трговија со дрога


Основното јавно обвинителство од Прилеп почна истражна постапка против четири лица од Прилеп за кои постои основано сомневање дека набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. На сите четири лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. -Осомничените прилепчани, на возраст од 31 […]