Брегзит: Нема ЕУ, нема сендвичи за Британците


Новите правила по Брегзитот стапија на сила и на изненадените британски возачи овие денови на влегувањето во Европската унија холандската полиција им ги запленува сендвичите, објави во вторникот BBC. На снимките од холандските телевизии кои ги емитуваа британскиот јавен сервис и другите медиуми, се гледа како граничната полиција им ги објаснува на возачите правилата за […]

Собранието го изгласа Даштевски за претседател на ДИК


Собранието на Македонија го изгласа новиот состав на Државната изборна комисија вклучувајќи го и Александар Даштевски како нејзин прв човек, и покрај контроверзите што ја следеа неговата претходна работа во Комисијата за спречување на дискриминацијата и отвореното служење на Никола Груевски.     Даштевски инаку беше член на ДИК пред 15-тина години, а претседател на Комисијата […]

Мицотакис бара од ЕУ да воведе сертификат за вакцинираност


Грчката влада предлага ЕУ да воведе сертификат за вакцинација, за „олеснување на слободата на движење на лицата кои биле вакцинирани против Ковид-19“, ѝ напишал премиерот Киријакос Мицотакис во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој бара „итно е да се донесе заедничко разбирање за тоа како треба да се структурира потврда […]

Продажбата на БМВ лани помала за 8,4 отсто


Германскиот производител на автомобили БМВ денеска објави дека лани е забележан пад на продажбата на нивните возила од 8,4 отсто. Причината за тоа е пандемијата на коронавирусот, бидејќи многу продажни места низ целиот свет беа затворени со месеци. Сепак, побарувачката бележи благ пораст во четвртото тримесечје, зголемувајќи се за 3,2 насто во споредба со истиот […]

Новиот грчки амбасадор кај Пендаровски: Договорот од Преспа е столб за односите во иднина


Грција има искрена желба и посветеност за унапредување на добрососедските односи, соработка и пријателството со Северна Македонија, изјави денеска новиот грчки амбасадор Русос Кундурос за време на предавањето на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски. „Како непосредни соседи, со заедничка работа, можеме многу да постигнеме. Тоа ги вклучува нашите економии, така што економска соработка ќе […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 403 ковид-пациенти, слободни кревети има


Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 403 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има […]

УХМР: Од утре снег и особено студено време од петок


Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени во западните делови, каде што освен на повисоките места,  тенка снежна покривка некаде ќе се создаде и на пониски места. Во вонредна прогноза Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека […]

Охрид SOS“: Се замајува јавноста дека институциите активно работат на зачувување на статусот на Охрид


Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ смета дека владините институции се главни виновници за настанатата ситуација и поместувањето на Охридскиот регион на листата загрозени светски вредности на УНЕСКО.Со нагласок дека се уште не го добиле извештајот од Реактивната мониторинг мисија од 2020 година по што најавуваат нивен коментар, „Охрид SOS“ како крајно неодговорни ги карактеризира изнесените ставови […]

Заедно со УСАИД ќе се прави проценка на интегритетот на функционерите


Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, тврди СДСМ, најавувајќи закнување на сите капацитети кои се борат против оваа појава. -Продолжуваме со реализација на препораките од ГРЕКО. Во соработка со УСАИД во првите шест месеци од годинава ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, […]

Задолжителен негативен тест на Ковид-19 за сите патници во Англија


Со цел да се спречи натамошното ширење на коронавирусот во Англија, сите патници кои пристигнуваат од странство од 15 јануари ќе мораат задолжително да приложат негативен тест на Ковид-19 не постар од три дена, се наведува во соопштението на британската Влада. Во објаснувањето за спроведување на оваа мерка, Владата им наложува на транспортните оператори да […]

Конте: На повидок е нов бран на пандемијата


Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека наскоро може да се очекува нов бран на пандемијата со Ковид-19 во земјата и истакна дека се неопоходни нови мерки за да се спречи ширењето на вирусот. Во изминатите 24 часа во Италија регистрирани се 12.000 новозаразени лица, а од последици од новиот коронавирус починале 448 пациенти. Нивото на […]

Најавено олеснување на анти-ковид мерките во Косово


Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај вели дека здраствените власти во земјата ги разгледуваат можностите за олеснување на дел од мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, кои  се моментно во сила, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната средба со Советодавниот борд за справување со пандемијата, Земај, преку својата страница […]

Богојавление (Водици) неработен ден за православните граѓани


 Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија. Неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците(„Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07). Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) […]

Бучковски за МИА: Ќе ги разгледаме бугарските коментари на нашиот Акциски план и ќе изградиме јасна позиција


Во периодот што следува нашата работна група ќе ги разгледа коментарите, кои пристигнаа од Бугарија на нашиот предлот Акциски план и ќе биде изградена јасна позиција, изјави за МИА специјалниот пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, кој се наоѓа во посета на Софија. Бучковски вчера имаше средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерија Захариева, […]

Кумановец украл паричник во приватна болница во Скопје


Приведен е крадец кој одзел паричник во приватна здравствена установа во Скопје. Во паричникот имало 15.000 денари и две платежни картички. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела, признал дека направил грабеж во приватна здравстена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје. -По […]

Чернева: Само ако се смени владата во Софија ќе има напредок во спорот со Македонија


Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, гледа само еден начин да се придвижи спорот меѓу Скопје и Софија: “Ако има промена во владејачката коалиција во Бугарија.  Во изјавата на бугарскиот весник „Дневник“ таа оценува дека актуелната бугарска влада нема ни желба ни намера да стори нешто до март, така што за […]

Словенија со нови 1.860 заразени, а Хрватска со 759


Во Словенија во последните 24 ласа потврдени се нови 1.860 новозаразени со корона вирус, а од последиците од Ковид-19 починале 24 пациенти, објави Министерството за здравство, додека премиерот Јанез Јанша попладне треба да го изнесе планот за вакцинирање за првите шест месеци од годината. Бројот на активни случаи е 24.190 и е помал за сто […]

Србија од 14 јануари го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани


Од 14 јануари, четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште […]

Утврден предлог-составот на Државната изборна комисија


 – Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница со 9 гласа „за“ ја изгласа Предлог-одлуката за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. За претседател на ДИК е предложен Александар Даштевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседател Дитмире Шеху од ДУИ, која и сега е потпретседател на Комисијата. […]

РСБСП: Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози-возете внимателно!


По значителното влошување на временските услови во последните неколку денови во земјава и појавите на дожд, магла и снег кои се очекува да се интензивираат во наредниот период Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при ниски температури […]