Сирија може да биде во фокусот на политиката на Бајден во Источен Медитеран


Професорот Абдурахман Бабакан, член на Факултетот за социјални и хуманистички науки на Универзитетот Медипол во турскиот град Истанбул, за агенцијата Анадолија изјави дека за време на мандатот на Џо Бајден како претседател на САД, во политиките кон Блискиот Исток тој своите напори првенствено ќе ги фокусира на Сирија. – Според воената стратегија, која започна под администрација на […]

Лажна бомба испратена во британска фабрика за вакцини, уапсено едно лице


Едно лице е уапсено откако е испратен сомнителен пакет во фабриката за вакцини „АстраЗенека“ во велшкиот град Рексам. Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам бил приведен во Кент, објави Би-Би-Си. Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на […]

 СЗО: За 24 часа во светот заразени повеќе од 500.000 луѓе


Во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 500.000 потврдени случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени, според Светската здравствена организација (СЗО), изнесува 101,56 милиони. СЗО ги заснова податоците на официјално потврдени информации издадени од владите на земјите. Северна и Јужна Америка се во водство според дневните заболувања – 287.160 случаи, следи Европа со […]

Облачно со дожд во попладневните часови


Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи информира. Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува […]

Пердју: Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува


Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор. На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за […]

Португалија има највисока стапка на Ковид-19 во светот и само седум слободни кревети на интензивна нега


ЛИСАБОН – Португалија во саботата соопшти дека има само седум слободни легла во единиците за интензивна нега поставени за случаи на Ковид-19 на нејзиното копно, бидејќи напливот на инфекции ги натера властите да испратат некои критични пациенти на португалските острови. Податоците на Министерството за здравство покажаа дека од 850 легла на интензивна нега доделени на […]

Во еден хороскопски знак се раѓаат најмногу милијардери


  Еден хороскопски знак особено се издвојува затоа што во него се родени најголем број милијардери. Во хороскопскиот знак вага се родени најмногу милијардери. Исражувањето кое е спроведено утврдило дека во тој хороскопски знак родени се дури 27 милијардери, а на второ место се рибит, со само 22 милијардери, пренесе ПинкВала. Во знакот на вага […]

Ќучук и Бучковски: Ѕидовите немаат место меѓу соседските држави


Европратеникот од ДПС/Обнови Европа Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија, Владо Бучковски, на денешната средба во Софија размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Северна Македонија и е потребна политичка стабилност […]

Британскиот сој на коронавирусот откриен уште кај двајца пациенти


Британскиот сој на коронавирусот е детектиран уште кај двајца пациенти во земјава. Пациентот што починал имал коморбидитет, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен, соопштија од Министерството за здравство.   Како што објавија дел од медиумите, починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на КОВИД-19 добил на 4 […]

Раб: ЕУ нема да ja спречува дистрибуција на вакцини во Британија


 Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб денеска изјави дека ЕУ го уверила дека не сака да ги наруши испораките на вакцини против Ковид-19 во Велика Британија. „ЕУ ме увери дека нема намера да ги спречува добавувачите да ги исполнуваат договорите за дистрибуција на вакцини во Велика Британија“, напиша Раб на Твитер. Раб посочи дека […]

Франција: Демонстрантите се судрија со полицијата за новиот закон за безбедност


  Во повеќе француски градови денеска се одржаа нови протести поради усвојувањето на новиот закон за сигурност со кој се забранува снимање на полициски службеници и поставување видеоснимки на полицајци на социјалните мрежи. Според официјалните извештаи, повеќе од 3.000 граѓани излегоа на протести во Монпеље додека во Париз незадоволните граѓани во голем број излегоа на […]

Филипче: Спремни листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат


Министерот за здравство Венко Филипче на барање на телевизија Телма, говореше за Националната стратегија за вакцинација која ја изработија Министерството за здравство и Националната работна група за вакцинација, а Владата ја усвои на 26 јануари 2021 година. Стратегијата е изработена врз основа на постојните препораки и основните принципи на СЗО, Стратешка советодавна група на експерти […]

Милијардерот Аркадиј Ротенберг тврди дека е сопственик на палатата на Путин


Милијардерот Аркадиј Ротенберг, близок до рускиот претседател Владимир Путин, во саботата изјави дека е сопственик на „палатата“ за која затворениот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека ја користи рускиот претседател. „Пред неколку години, успеав да постигнам договор со доверителите и станав корисник на таа зграда“, рече Аркадиј Ротенберг, според неговата канцеларија за печат. Тој додаде […]

Во Хрватска нови 551 заразени, починаа 26 пациенти


  Во последните 24 часа забележан е 551 нов случај со корона вирус, а активни се 3.075. Меѓу нив 1.249 пациенти се на болничко лекување, од нив на респиратор се 113 луѓе. Починаа 26 лица. До денеска во Хрватска се забележани 232.090 заразени, а починаа 4.998. Оздравеа 224.017, од кои 567 во последните 24 часа. […]

Згодниот доктор од „Менталист“ Сајмон Бејкер се разведува по 29 години брак


Австралија– Ѕвездата на Mentalist Сајмон Бејкер и неговата сопруга Ребека Риг се разделија по 29 години брак, ексклузивно потврдија за „Пипл“. Двајцата тивко се разделија минатиот април. „Остануваме блиски пријатели и нашите три деца секогаш ќе бидат најважниот фокус во нашите животи“, се вели во заедничката изјава на Бејкер и Ригс. Двојката има три деца: […]

Во Хрватска лов на професори-сексуални предатори


Хрватска– Академијата за драмски уметности, Академијата за ликовски уметности, Филозофскиот и Ветеринарниот факултет, по серија обвиненија за сексуални и други облици на насилства, воспоставија јасни канали за пријавување на професорите-напаствувачи. Досега се пристигнати над 60 студентски пријави Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Крис Кристоферсон се пензионира по пет децении кариера како врвен музичар и актер


САД – Пејачот, добитник на награди Греми, актерот и текстописец Крис Кристоферсон (84) најави пензионирање по пет децении плодна кариера . Всушност, Кристоферсон се пензионирал минатата година, а неговиот син Џон се вклучил за да го надгледува бизнисот на неговиот татко, вклучително и специјални проекти и неговата издавачка куќа КК Рекордс. Со неговиот имот ќе управува […]

Средба Битиќи – НУК: Прифатени три од петте барања на угостителите


Владата и претставниците на Независната угостителска комора, се чини постигнаа компромис околу барањата на угостителите и можностите што ги има државата да му помогне на овој сектор кој е еден од најпогодените во ковид кризата. На денешната средба во вицепремиерот Фатмир Битиќи, биле прифатени три од петте барања кои претходно ги имаше објавено НУК. Тоа […]

Затворањето во Австрија ја подобри состојбата со корона вирусот


Министерот за здравство на Австрија Рудолф Аншобер смета дека мерката заклучување ја подобрила епидемиолошката ситуација во земјата. Пет недели од почетокот на примената на третото заклучување бројот на новозаразени и понатаму е на високо ниво, од околу 1.500 нови случаи дневно, но по прв пат од средината на октомври боројт на инфекции во период од […]

Прва жртва на британската мутација на вирусот во Македонија


Регистриран е првиот починат од британскиот сој на корона вирус во Македонија. На осми јануари влегува во црниот здравствен билтен, а четири дена претходно е хоспитализиран во приватна болница, пренесува ТВ24. Освен овој охриѓанец, кај кого се регистрирани претходни хронични заболувања, во лабораторијата за генетика во „Жан Митрев“ клиниката е забележан уште еден случај на […]