Франција ги затвори границите за патниците кои не се од земји членки на ЕУ


Франција воведе нови епидемиски ограничувања на границата и повторно избегна воведување заклучување на целата територија. Забрането е секое несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ, додека за граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави построго спроведување на полицискиот час […]

Соломон Паси предложи Софија да испорача редица барања до Бајден, меѓу нив и бугарски космонаут на Месечината


Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, денеска наброја повеќе работи што треба Софија итно да ги побара од новиот американски претседател Џо Бајден за да било заврстено пријателството меѓу двете земји. Паси, кој е претседател на Атлантскиот клуб во неговата земја, изјави дека „изборите во Соединетите Држави ги разбеснија путинофилите во Бугарија […]

Лани на фирмите за ДДВ им биле вратени 397,4 милиони евра  


Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, ссоопшти Министерството за финансии.   […]

Руското МНР објави честитка за годишнината од односите со Македонија


Руското Министерство за надворешни таботи објави денес објави честитка за годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Македонија -На 31 јануари 1994 година беа воспоставени дипломатски односи со Република Северна Македонија.Со векови, народите на нашите земји беа поврзани со тесни врски на пријателство и заемна помош, засновани врз нивната духовна и културна блискост, стои во честитката […]

Фото галерија од протестите во Русија


Над 500 луѓе се упасени во денешните протести во повеќе градови во Русија со кои се бара демократија и слобода за опозиционерот Алексеј Навални. За да спречат поголемо собирање властите затворија шест метро станици.  Тие се продолжение на претходните протести кои завршија исто така со масовни апсења под образложение дека се интервенира поради прекршување на […]

2021 година е година на колекционерски чанти (галерија)


САД- „Тајната на животот е во уметноста“. Овој познат цитат е повеќе од само мудрите зборови на Оскар Вајлд – тоа е потсетник за моќта на дизајнот да ни донесе радост, да влее надеж и да нè натера да посакаме неверојатна чанта да ги краси нашите рамења а ние горди да чекориме во светот вооружен […]

Казнети 428 лица за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 428 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. 

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“ почнува дијалог со компаниите за отворање барани профили во стручните училишта


Министерството за образование и наука денеска информира дека почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и […]

Стотици луѓе веќе се уапсени на истокот на Русија за време на протестите


МОСКВА – Илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата низ огромната површина на Русија и побараа ослободување на затворениот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, одржувајќи бран протести на национално ниво, кои го разбрануваа Кремљ. Стотици беа приведени од полицијата. Властите вложија огромни напори да го спречат бранот демонстрации откако десетици илјади луѓе се собраа низ […]

Аргентина воведе Ковид данок за милионерите


Аргентинската влада донесе одлука со која воведе еднократен данок за Ковид 19 за милионерите во земјата. Со оваа одлука , која стапува во сила во сабота, треба да и се помогне на земјата да ги плати медицинските материјали и да обезбеди стимулации за компаниите во криза поради пандемијата, објави Би-Би-Си. Аргентинците со сметки од над […]

Грозев за мешањето на Москва: Тие што трујат свои граѓани нека не даваат совети


„Демагогијата на руската дипломатија – ова „тролање“ што го прават е  нивната нова стратегија. Нивните дипломати во еден ист ден ги критикуваат западните земји затоа што изразуваат мислење за тоа што се случува во Русија и го нарекуваат мешање во внатрешни работи, а потоа интервенираат во истите внатрешните работи на другите земји, како што прават […]

Тимот на СЗО отиде на пазарот во Вухан каде прв пат се појави корона вирусот


ВУХАН – Тимот експерти предводени на Светската здравствена организација, кои го испитуваат потеклото на Ковид-19, го посетија пазарот во Хуанан во неделата, сега затворениот трговски центар со морска храна во кинескиот град Вухан каде што првично беше откриен новиот коронавирус. Тимот пристигна во Хуанан во услови на силно обезбедување, со дополнителни барикади поставени пред висока […]

Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд без карантин


Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд по извештаите дека таму не е откриен ниту еден нов локален случај на Ковид-19. Со оваа одлука, патниците од Нов Зеланд се единствените странци за кои не е потребен карантин од 14 дена по пристигнувањето во Австралија. Австралиските власти соопштија дека пристигнувањата од Нов Зеланд се сметаат […]

Виетнам: Антикорупцискиот цар доби уште еден мандат на чело на партијата


Нгуен Фу Тронг, реизбран за најмоќен човек на Виетнам во неделата, е еден од најсилните и најдолговечните водачи на оваа земја во Југоисточна Азија од револуционерот Хо Ши Мин. 76-годишниот Тронг, освојувајќи редок трет мандат како генерален секретар на владејачката Комунистичка партија на петгодишен партиски конгрес, комбинира децении на врвот на моќта и култивираната слика […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Македонија немала реален попис 40 години


Македонија 40 години немала реален попис, кој може да помогне на државата во планирањето на идните чекори. Заев е на пат да спроведе уште еден политички попис, кој ќе биде само за задоволување на коалициони апетити и ништо друго, реагираше денес со соопштение ВМРО-ДПМНЕ. -Време е СДСМ да се откаже од насилно туркање кон попис […]

Како да препознаеш шовинист


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Не е чудно што во екот на оваа пандемија од сексуално насилство на површина излегуваат арогантните, агресивни гласови на шовинистите   Во моментов регионот доживува своевиден #metoo миг. Поттикнати од ужасното сведоштво на Милена Радуловиќ во Србија, земјите од поранешна Југославија ги потресоа сведоштва за сексуални малтретирања, кои прво тргнаа од факултетите за […]

Фаучи: Училиштата во САД можеби нема да се отворат во рок од сто дена


Американскиот имунолог Ентони Фаучи предупреди дека планот на Џо Бајден да ги отвори повеќето училишта во рок од сто дена откако ќе стане претседател на САД „можеби нема да се случи“, бидејќи САД продолжуваат да се борат со голем број нови случаи на коронавирус, објави Си-Ен-Ен. – Претседателот го сфаќа ова многу сериозно. И од […]

Тајната на кавадаречката рвенија


Прсти да излижеш од рвенијата на баба Блага. Со вакви коментари се пренесува рецептот за подготовка на тиквешки традиционален специјалитет, меѓу жители на Тиквешијата, други делови од државата, па и меѓу странци кои престојуваат во земјава. Се работи за десерт со кој вообичаено, со години се насладуваат луѓе од сите генерации. Од најмлада возраст, до […]

Сообраќајот по суви коловози, внимателно возење поради утринска магла и можни одрони


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се […]

Италијанската агенција за лекови ја одобри вакцината на Астра Зенека, но за лица до 55 години


Италијанската агенција за лекови (АИФА) ја одобри вакцината на „Астра Зенека“ против Ковид-19 за сите возрасни лица, но препорача алтернативи за лица над 55 години. АИФА ја одобри вакцината за лица постари од 18 години, како што препорача Европската агенција за лекови, но изрази одредена несигурност за нејзината ефикасност кај луѓето постари од 55 години, […]