Соломон Паси предложи Софија да испорача редица барања до Бајден, меѓу нив и бугарски космонаут на Месечината
Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, денеска наброја повеќе работи што треба Софија итно да ги побара од новиот американски претседател Џо Бајден за да било заврстено пријателството меѓу двете земји. Паси, кој е претседател на Атлантскиот клуб во неговата земја, изјави дека „изборите во Соединетите Држави ги разбеснија путинофилите во Бугарија и целиот свет. Во моментов сме сведоци на нервозни реакции“.
Во гостувањето на Бугарската национална телевизија, тој зборуваше за реакцијата на руската амбасада во Софија која ги прекори САД, кои преку правната советничка во нивната амбасада побараа сите функционери во Бугарија, од највисокиот од најнискиот, да се борат против корупцијата и при тоа да тргнат од себеси. Руската амбасада тоа барање за борба против корупцијата го нараче лицемерие. „Јас сум вистински шокиран што руската амбасада може да биде загрижена за владеењето на правото во Бугарија и владеењето на правото“, рече Паси.
Според него, „Русија на секој начин сака да го одвлече вниманието од Навални и да започне ваков огномет“.
Според Паси, Бугарите веќе долго време соработуваат со претседателот Бајден, активно и многу плодно. „Оваа предисторија може да се трансформира во нова приказна“, рече тој.
„Прашањето не е што ќе побара тој од нас, туку што ќе побараме ние од него“, рече Паси. Според него, во интерес на Бугарија е да побара Америка да востанови поморски бази на Црното Море, затоа што „90 отсто од вооружувањето во Црноморието е руско. Безбедноста на Црното Море, загарантирана од НАТО, ЕУ, со водечка улога на САД, Велика Британија, Франција, е она што ни треба“.
Потоа, според Паси, Бугарија треба да побара од Бајден Вашингтон да притисне Софија да биде примена во ОЕЦД. Пред неколку дена оваа глобална организација на најбогатите соопшти дека Бугарија не е подготвена за членство во неа и ѝ испорача редица услови на Софија што треба да ги исполни. Тоа наиде на широко разочарување во Бугарија. „Големиот проблем на Бугарија се нарекува спроведување на законот, а не пишување закони“.
Соломон Паси вели дека Бугарија треба да побара да учествува во програмата за развој на борбениот авион од последната генерација „ф-35“. Но не само тоа, бугарско-американските односи требало да се развиваат и во вселенската сфера: „Мораме да им кажеме на Американците: сакаме бугарски космонаут да биде во следната мисија на Месечината“, рече Паси, додавајќи дека Бугарија произведува вселенска храна со исклучително висок квалитет. И најпосле, Софија веднаш да побара Бајден да ја посети Бугарија. (Н.В.)