Во Хрватска нови 551 заразени, починаа 26 пациенти


 

Во последните 24 часа забележан е 551 нов случај со корона вирус, а активни се 3.075.

Меѓу нив 1.249 пациенти се на болничко лекување, од нив на респиратор се 113 луѓе.

Починаа 26 лица.

До денеска во Хрватска се забележани 232.090 заразени, а починаа 4.998. Оздравеа 224.017, од кои 567 во последните 24 часа.

До денеска се тестирани 1.186.046 примероци, од кои 5195 последниов ден.