ССМ ќе бара кривична одговорност за газдите што не ја дадоа помошта на работниците


Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека нема да отстапи од барањето субвенциите за плати да одат директно на сметките на работниците. Според Синдикатот, недопустливо е работниците во време на Ковид-19 кризата да останат без плати кои чесно си ги изработиле и без субвенциите „обезбедени на наше барање од нашиот социјален партнер Владата“. – […]

Со 9,2 милиони евра ќе се поддржат над 350 проекти на  земјоделските  стопанства


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира апликантите од 2020 година за финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата, Мерка 1  „Инвестиции во материјални средства за модернизација на земјоделски стопанства “, дека во финална фаза е обработката на  пристигнатите и комлетни барања. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се очекува да […]

Бизниси кои доживеаја процут за време на пандемијата со корона вирусот


Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, некои стопански гранки доживеаја вистински пад, како што се туризмот, угостителството или транспортот, додека други практично „процветаа“ – како доставата на храна, опремата за вежбање, трговија преку Интернет… Се појавија многу активности кои порано практично не постоеја. а околностите во кои живееме повеќе од девет месеци ги принудија […]

Возач „летал“ со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар


Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар  откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот. -Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското […]

Во Албанија се врати полицискиот час според стариот распоред


Во Албанија од вечерва се враќа стариот распоред на времетраење на полицискиот час. Тоа значи дека се враќа одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, со која од 11 ноември беше воведен полициски час од 22:00 до 6:00 часот. Непосредно пред празниците, од 24 декември, Комитетот донесе одлука со која полицискиот час траеше […]

И вакцината на Оксфорд и АстраЗанека почна да се користи во Велика Британија


Британскиот министер за здравство Мат Хенкок денеска изјави дека вакцината против Ковид-19 на Универзитетот Оксфорд и фармацевтската компанија АстраЗенека е триумф на британската наука. – Имаме многу позитивна вест утрово, почна вакцинирањето со оксфордската вакцина. Ние сме таму каде што сме сега, триумф за британската наука, изјави Ханкок. Првата вакцина на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека […]

Вакцината против Ковид-19 на „Модерна“ пристигнува во Франција оваа недела


Франција треба да ги прими првите дози од вакцината на „Модерна“ оваа недела, соопшти денеска француското регулаторно тело за здравство, додека Владата е на удар на критики поради тоа што вакцинацијата се прави премногу бавно. Франција почна со вакцинирање кон крајот на декември, како и многу европски земји. Но, од крајот на декември вакцинирани се […]

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 пациенти, вкупно се лекуваaт 375


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката […]

Во Сиднеј воведено задолжително носење маски во трговските центри и јавниот превоз


Австралија– Носењето заштитни маски во некои околности стана задолжително во Сиднеј, најголемиот град во Австралија. На жителите на Сиднеј им се заканува парична казна од 154 американски долари доколку не носат маски во трговските центри, јавниот превоз и во некои затворени објекти. Главниот советник за здравство на владата на Нов Јужен Велс, Кери Шант, не […]

Рестораните во Франција ќе останат затворени и после 20 јануари


Претседателот на Франција Емануел Макрон, на крајот на ноември предвидуваше повторно отворање на рестораните и баровите на 20 јануари, но отворањето ќе се одложи и пред да бидат познати последиците за епидемијата со коронавирусот од прославите на крајот на годината, јави дописникот на МИА.. Рестораните нема да ги отворат вратите в среда, 20 јануари и […]

Инаугурацијата на Бајден ќе биде „виртуелна парада“


САД– Инаугурацијата на избраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе претставува „виртуелна парада“ бидејќи се уште во сила е забраната за масовни собири поради пандемијата со Ковид-19, соопштија денеска организаторите на церемонијата. По заклетвата во западното крило на Капитол Хил, Бајден и неговата сопруга, идната прва дама Џил, ќе им се придужат на потпретседателката Камала […]

Нов стрип-албум за Астерикс и Обеликс ќе биде објавен во октомври


Нов, 39-ти стрип-албум за Астерикс треба да излезе на 21 октомври годинава. Ова за неделникот „Журнал ди Диманш“ го најави писателот Жан-Ив Фери, кој е еден од „татковците“ на бестрашниот Гал, заедно со карикатуристот Дидие Конрад. Тоа ќе биде ново продолжение на приказната, но како што велат уметниците, приказната нема да е инспирирана од моментните […]

Божиќно послание на г.г. Стефан: Годинава да биде време на победа над злото, непријателствата и подмолната болест


Возљубени чеда во Господа, Денес, на овој спасоносен ден, ликуваат ангелите и светиите на небесата, а ние верните се радуваме на земјата. Ветениот Месија2, за Кого пророците пророкувале и праведниците Го очекувале, Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се родил во времето3: слегол од небото на земјата придружен со песни на ангелите, дочекан […]

Канадски политичари летуваа на Карибите, некои поднесоа оставки, некои се извинија


Канада ја премина границата од 600.000 случаи со заразени од корона вирусот, две недели откако достигна половина милион, што ја потенцира силата на епидемијата во земјата во време на празничниот период кон крајот на годината. Во неделата попладне Канада забележа 601.314 случаи на зараза со Ковид-19 од почетокот на пандемијата и 15.860 смртни случаи, според […]

Во Скопје казни за 210 возачи, 78 непочитувале брзина на движење


На територија на Град Скопје вчера се казнети 210 возачи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, казнети се 78 возачи за управување со брзина поголема од дозволената, 22 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за […]

Битола изгласа буџет од неверојатни 35 милиони евра


Опозицијата ја споредува големината на буџетот со рубриката „Верувале или не“, локалната власт вели дека тоа е одраз на фрустрацијата поради доброто работење   БИТОЛА – Битола доби буџет за 2021 година од неверојатни 35 милиони евра и најголем досега во историјата на градот (лани Буџетот изнесуваше речиси 32 милиони евра). Буџетот е усвоен, во […]

Новиот вид на коронавирусот потврден во најмалку 37 држави


САД– Новиот вид на коронавирусот, што прво беше откриен во Велика Британија, потврден е во најмалку 37 држави, јави Си-Ен-Ен. Според експертите новиот вид полесно се пренесува, но нема докази дека е посмртоносен или да предизвикува потежок облик на болеста. Новиот вид на коронавирусот покрај во Велика Британија потврден е и во Австралија, Белгија, Бразил, […]

Бројот на починати од корона во САД надмина 350.000


Пешачкиот ритам на вакцинација против Ковид-19 во САД дојде повторно под лупа во неделата кога бројот на жртвите од пандемијата помина 350.000 и експертите предупредуваа на уште еден наплив на инфекции и смртни случаи кои ќе произлезат од собирите на Божик и Нова година. Водечкиот експерт за јавно здравје, д-р Ентони Фаучи, имплицитно го укори […]

Падна покрив од крематориум, загинаа 25 луѓе


  Најмалку 25 луѓе загинаа, а 15 се повредени, кога во неделата се сруши покрив на крематориум во северната индиска држава Утар Прадеш. Настраданите се сокриле под покривот поради силниот дожд. Повеќето од нив биле роднини на починатиот што требало да биде кремиеран, пренесе Индија тудеј. Премиерот на Индија Нарендра Моди изрази сочувство на семејствата […]