Мицотакис ќе направи промени во Владата


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, реши да направи промени во Владата и точно напладне и официјално ќе биде соопштена реконструкцијата, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите во грчките медиуми, промени ќе има на неколку министерски позиции, можно е да биде одреден и нов портпарол на Владата, а актуелниот Стелиос Пецас да замине во некое од […]

Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од утре  (5 јануари) почнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита  за декември 2020 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од […]

„Вечерње новости“: Почната е истрага за наводно прислушкување на претседателот Вучиќ


 Во Србија е покрената строго доверлива истрага за наводно прислушување на претседателот Александар Вучиќ, објави весникот Вечерње новости, повикувајќи се на свои извори. Истрагата во секторот за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи почнала пред извесно време со цел да се утврди кој и по чие барање го прислушкувал претседателот. Прислушувањето на шефот на […]

Македонија ќе добие 800 000 вакцини од Фајзер од кои 5850 ќе пристигнат во февруари


Република Северна Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер од кои првите 5850 дози ќе пристигнат во февруари, информира Министерството за здравство. -Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и […]

Во Велика Британија почнува имунизација со вакцината на Оксфорд и АстраЗенека


Англија– Во Велика Британија од денеска почнува да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд. Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози. – Ова е клучен момент во нашата борба […]

Организаторите на Австралија опен ќе бидат тужени поради карантинот за тенисерите


Австралија– Сопствениците на апартмани во „Вестин Мелбурн“ се подготвуваат да ги тужат организаторите на Австралија опен во врска со нивната одлука за карантин на тенисери во овој хотел, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“. Тие стравуваат за нивното здравје и не се согласиле странските играчи да живеат со нив. – Изгледа дека сме фрлени и незабележани. Оваа ситуација […]

Нов земјотрес го погоди хрватскиот град Петриња и околината


Хрватска –   Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб. Областа околу Петриња во Хрватска и претходно денеска беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4.20 часот утрово на два […]

За оставнината на Принс се води најсложена судска битка во Минесота


САД – Тековната полемика околу парите што ги остави поп-ѕвездата Принс кога почина без тестамент на 57 години, повторно се вжештува откако пресметките на Службата за внатрешни приходи покажаа дека извршителите на имотот на ѕвездата го потцениле за 50% или околу 80 милиони американски долари. УЈП утврди дека имотот на Принс вреди 163,2 милиони американски […]

Грција во 2020 година: Тензично со Турција, мигрантите го запалија кампот Мориа, а Златна зора заврши во затвор


Грција – Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција. Грција преку два карантини стигна до вакцината и веќе десет месеци е во „војна со невидливиот непријател“,  паралелно […]

Од екстрадицијата на Груевски не се откажуваме, вели Маричиќ


Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА. Државата, како што истакнува Маричиќ, не е лимитирана во однос на […]

Делови од скандалозниот разговор на Трамп со државниот секретар на Џорџија


САД– Делови од скандалозниот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер, во кои тој му ласка, го моли, но и му се заканува поради изборен пораз од новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Трамп се обидува да го смени резултатот од изборите За време на разговорот, шефот на државата изврши […]

Најмногу дожд во Дојран 31 литар, во Скопје пет


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Дојран 31 литар на метар квадратен. Во Струмица наврнале 27 литри, во Демир Капија 23, Берово 21, Прилеп 15, во Битола и Штип по 12 и во Скопје пет литри, соопшти УХМР. Температурата изутринава секаде е над нулата. Најстудено е во Крушево еден степен, а најтопло во Дојран […]

Јужна Кореја со нови мерки поради третиот бран со Ковид-19


Јужна Кореја – Во Јужна Кореја се забрануваат приватните собири на повеќе од четири лица во целата земја, а во Сеул се воведуваат правила за социјална дистанца. Новите мерки се поради тоа што за четири дена регистрирани се над 1.000 нови слулаи на Ковид-19. Во Јужна Кореја вчера се пријавени 1.020 новозаболени со што вкупниот број […]

Над 103 илјади пожари регистрирани во Амазонија


Бразил – Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, достигнувајќи навјвисоки цифри за изминатата деценија. Тоа се наведува во официјалните податоци кои веројатно ќе го зголемат притисокот врз Владата на претседателот Жаир Болсонаро во врска со уништувањето на шумите во Амазонија. Во текот на 2020 година низ Бразил имало вкупно 222.798 […]

Харис го обвини Трамп за злоупотреба на власта


САД– Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп ги злоупотребил овластувањата. – Дали сите го слушнавте тој снимен разговор? Тоа првенствено беше израз на очај, но и груба злоупотреба на власта од претседателот на САД, истакна Харис на митинг во Џорија за поддршка на демократските кандидати во вториот круг од […]

Асанж ќе биде екстрадиран во САД?


Англија–  Денеска ќе се знае дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе биде екстрадиран во САД, кога се очекува одлуката на британската судијка Ванеса Барејцер. Доколку биде екстрадиран, а потоа прогласен за виновен за шпионажа, Асанж може да оди во затвор од 30 до 40 години, велат неговите адвокати, иако обвинителите велат дека тој ќе добие […]

Ненси Пелоси реизбрана за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес


САД – Ненси Пелоси беше реизбрана со тесно мнозинство за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, и ќе го води за време на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Демократката од Калифорнија, Пелоси, ги предводи демократите во Долниот дом на Конгресот од 2003 година, и таа е единствената жена претседател на тоа тело. Се очекуваше таа […]

Ќе се прогласува вонредна состојба во Токио поради Ковид-19


Јапонија– Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата ќе разгледа повик за прогласување вонредна состојба за Токио. Одлуката се очекува бидејќи случаите со коронавирус се зголемуваат и тежат врз здравствениот систем на земјата. На 31 декември, Јапонија забележа рекордни нови 4.520 случаи од нов бран, што ги натера властите во главниот град Токио и три […]

САД разгледуваат вакцинирање со половина доза од вакцината на „Модерна“


САД – Американската Влада ја разгледува можноста за вакцинирање на луѓе со половина доза од вакцината на фармацевтската компанија Модерна, во обид да се забрза вакцинацијата на населението, изјави денеска Мосиф Слои, шеф на државната операција Warp Speed. – Знаеме дека аплицирање на само половина од дозата на вакцината предизвикува идентичен имунолошки одговор кај луѓето на […]

СЗО: ВО светот во изминатиот ден повеќе од 740 илјади новоинфицирани со Ковид-19


Швајцарија – Во изминатите 24 часа, во светот се потврдени повеќе од 740.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, додека повеќе од 12.500 лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на СЗО во претходниот ден евидентирани се 740.221 нови случаи, а починале 12.502 лица. Со тоа, вкупниот број на заразени лица се зголеми […]