Велика Британија подготвува забрана на меѓународните патувања


Разгледуваме дополнителни опции за тоа како да се спречат меѓународните патувања, изјави денеска британскиот државен секретар Мајкл Гоув. Британската Влада соопшти дека наскоро ќе бидат објавени планови за нови ограничувања на границите, што  ќе бидат воведени со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот. – Ќе ја информираме јавноста многу брзо за нови предлози […]

(Видео) Прес на Заев и Бесими


Заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими. Проследете ја во живо:

(Видео) Ни требаат ли вакви семафори?


Во индискиот град Мумбај поставен е семафор кој ќе може да се види од многу подалеку. Се работи за семафор на кој по целата должина на држачот има поставено лед светилки, кои ја менуваат бојата во зависност од тоа дали семафорот покажува црвено, жолто или зелено. Засега поставен е еден ваков семафор во повеќемилионскиот Мумбај, […]

Земјотресот во Хрватска откри голема афера, отворена истрага за обновата на куќите по војната


Разорниот земјотрес кој ја погоди Петриња и Глина покажа една од најголемите афери во Хрватска – сомнителна државна обнова на куќите по војната. Сега Бирото за сузбување корупција и организиран криминал (УСКОК) покрена истрага. Во земјотресот се срушија многу стари објекти, но и оние куќи кои државата ги обнови по војната, односно по 1995 година. […]

ДУИ си доби приватно министерство за прослави без маски


Свеченото отворање на новата зграда во која се всели Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го искористи првиот вицепремиер Артан Груби со сите владини функционери на ДУИ да му организира роденденска прослава на партискиот лидер Али Ахмети.На фотографијата се гледа дека ниту еден од функционерите не носи заштитна маска, ниту е на потребната […]

Бред Пит крие многу тетоважи под смокингот: Ги откри на егзотичниот одмор со пријател


САД– Оскаровецот  Бред Пит ги покажа своите тетоважи! Актерот (57) уживаше нуркајќи за време на викендот во одморалиштето Аманјара во Туркс и Каикос. Фотографиите од авантурата фатени од папарацо покажуваат како седи на брод со тетоважи по целиот грб. Во обемната колекција на тетоважи на Пит се првите иницијали на секој член на семејството, тетоважи […]

Бугарија сакаше договор со сојузниците, но да ѝ останат окупираните територии дадени од Хитлер


Две прашања беа важна пречка за бугарскиот договор со сојузниците: барањето на сојузниците за безусловна капитулација и одбивањето да ѝ ветат на Бугарија дека ќе ги задржи териториите што ги доби од Хитлер и потоа ги анектира Позицијата на Германија во Сталинград на почетокот на 1943 година стана толку критична што дури и најсилните бугарски […]

Во САД над две третини од дистрибуираните вакцини не се употребени


Повеќе од две третини од вакцините дистрибуирани во САД се уште не се употребени, соопштија здравствените власти. Гувернерите на сојузните држави Њујорк и Флорида соопштија дека болниците кои нема да го забрзаат  процесот на вакцинирање ќе бидат казнети. – Во Њујорк, болниците се должни да ги аплицираат сите вакцини што ги примаат во рок од […]

Во Србија се вакцинира на 110 пункта и на повеќе од 30 локации


Вакцинацијата против Ковид-19 денеска почнува во Србија и ќе се одвива на повеќе од 30 локации, и околу 110 пунктови за вакцинација, јави Радио Телевизија Србија. Во Србија вчера пристигнаа 19.500 вакцини на Фајзер и БиоНтек против новиот коронавирус, што е втор контингент откако на 22 декември минатата година беа набавени 4.875 дози од вакцината. […]

Ковид-19 му нанесе силен удар на туризмот во Грција


Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција. Грција преку два карантини стигна до вакцината и веќе десет месеци е во „војна со невидливиот непријател“,  паралелно во […]

Новиот вид на корона вирусот откриен и во Париз


 Генералниот директор на болничкиот систем во Париз, Мартин Хирш, утрово во интервју за телевизијата Франс 2 потврди дека во Париз е откриен нов вид на корона вирусот. Претходно, министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, во изјава за РТЛ наведе дека досега е потврдено присуство на новиот вид на корона вирус во 10 случаи.

Иран почна со производство на збогатен ураниум до 20 отсто


Иран– Иран сега произведува збогатен ураниум до 20 проценти, потврди денеска портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, Бехруз Камалванди. – Околу 19.00 часот (понеделник во 15.30 часот по средноевропско време), достигнавме производство од 20 проценти, нагласи Камалванди во интервју емитувано на Иранската државна телевизија. Тој додаде дека по достигнување на 20 отсто, процесот на производство […]

Австралија: Граѓаните да се тестираат за Ковид-19 и да останат дома


Австралија– Властите во најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс апелираа до жителите на трите најголеми градови да бидат тестирани за коронавирусот и да останат дома, затоа што постојат стравувања дека кластер на заразени од Сиднеј може да се прошири на целиот регион. Тие стравувања резултираа со забрана за граѓаните на многубројни предградија да присуствуваат на крикетското […]

Барселона објави за два случаја на коронавирус во првиот тим


Шпанија– Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, на официјалната веб-страница објави дека двајца претставници на првиот тим добиле позитивни тестови за коронавирус. – Клубот ги извести релевантните власти и целиот тим ќе биде подложен на понатамошно тестирање во вторник наутро, стои во информацијата на Каталонците. Тренингот закажан за денес претпладне е одложен. Новиот тајминг ќе биде […]

Во 2021 со заеднички напори до здрава и чиста животна средина


Наспроти бројните долгогодишни предизвици во животната средина и отежнатите услови за работа поради пандемијата со коронавирусот, надлежните оценија дека 2020 година можеме да ја сметаме за успешна во однос на заштитата на животната средина и просторното планирање. – Постигнат е посебен напредок во подобрувањето на регулативата и воведување на построги стандарди во три клучни области: […]

Шекеринска во посета на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната во Штип


Министерката за одбрана радмила Шекеринска денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе ги посети припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, која е нашата НАТО декларирана единица. Во текот на посетата на касарната, министерката Шекеринска ќе биде придружувана и од штипскиот градоначалник, Сашко Николов.

Куомо: Прв случај на новиот вид коронавирус откриен во Њујорк


САД- Високо заразниот британски вид коронавирус откриен е во градот Саратога Спрингс, што е прв познат случај во сојузната американска држава Њујорк, изјави синоќа гувернерот на Њујорк; Ендру Куомо. Тој наведе дека новиот вид на Ковид-19 е откриен кај еден 60-годишен маж и оти заздравува. Пациентот не патувал. Според Њујорк тајмс лицето, чиј идентитет не […]

Конгресот в среда ги потврдува резулатите од изборите за претседател на САД


Новиот состав на Конгресот на САД, конституиран во неделата во Вашингтон во тензична атмосфера околу неизвесноста околу тоа кој ќе има мнозинство во Сенатот и најавата од група републиканци за оспорување на изборната победа на демократот Џо Бајден, ќе одржи седница в среда за да ги потврди резултатите од претседателските избори. Претседателот на САД, Доналд […]

Најмногу дожд во Штип и Гевгелија


Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Штип, 38 литри на метар квадратен,  по што следат со 30 Гевгелија и со по 28 Крива Паланка, Струмица и Берово. Дваесет литри наврнале во Демир Капија, 16 во Ѓуриште, 9 Претор, 7 Тетово, 6 Охрид, Битола, Прилеп, 5 Скопје-Петровец, Пожаране, 4 во Скопје-Зајчев Рид, информира Управата за […]

Одрони на патиштата Демир Капија-Удово и Делчево-М. Каменица


Поради одрони сообраќајот на патиштата Демир Капија-Удово и Делчево-Македонска Каменица се одвива по една коловозна лента. Автомотосојузот на Македонија изутринава соопшти дека на патниот правец Р1102 Д.Капија – Удово, на два километра пред Удово поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри. На патниот правец  Делчево – М.Каменица кај […]