Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица


На подрачјето на Општина Карпош на 04.01.2021 во 03.00 часот приведени се осум лица во подземна гаража на ул.„Анкарска“ на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија. Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), […]

Влошена состојбата во германската авто-индустрија


Состојбата во автомобилската индустрија во Германија се влоши, како кај германските производители на автомобили, така и кај нивните добавувачи, па во декември проценката на нивната моментална состојба падна на минус 5,4 поени, додека во ноември беше плус 5 поени, покажува најновото истражување на германскиот економски институт ИФО, пренесе Танјуг. Компаниите очекуваат дека состојбата ќе се […]

Меси по 750 настапи за Барса: Горд сум што имам толку многу натпревари во овој дрес


Капитенот на Барселона, Лионел Меси се огласи откако стигна до 750 натпревари за каталонскиот клуб. – Огромна е гордоста да се постигне овој број на натпревари во дресот на Барселона, истакна Меси. Аргентинецот има одиграно 750 официјални натпревари за Барса, на кои постигна 644 голови. Тимот со него победи на 524 натпревари, загуби 88 натпревари, […]

Ќе се гради нов експресен пат од Струмица преку Валандово до автопат на Коридор 10 кај Смоквица


Во финална фаза е проектот за нов експресниот пат од Струмица-преку Валандово до автопатот на Коридор 10 кај Смоквица. Се очекува проектирањето да биде завршено на почетокот на следниот месец со што ќе се знае конечната цена на чинење и ќе се влезе во фаза за обезбедување финансии за наскоро да се почне со реализација, […]

Јапонија: Рекорден број на новозаразени од корона вириус


Бројот на новоинфицирани од корона вирус во Јапонија денеска достигна рекордна бројка од 4.670, објави комерцијалната телевија НТВ. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во Јапонија изнесува 248.517 лица. Јапонската Влада ја разгледува можноста за воведување вонредна состојба во и околу Токио, поради зголемување на бројот на случаи со корона вирус.

„Малчанскиот берберин“ осуден на доживотна казна затвор


Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчански берберин, осуден е денес во Високиот суд во Ниш на првостепена казна доживотен затвор заради злоставување на малолетно девојче од Брзи Брод, јави допсиникот на МИА од Белград. Постапката беше затворена за јавноста поради заштита на интересите на малолетничката. Јовановиќ го доби прекарот Малчански берберин според неговата потреба да им […]

Норвешка е прва во светот според купени електрични автомобили


Норвешка минатата година стана прва земја во светот каде електричните автомобили сочинуваат повеќе од 50 отсто од регистрираните нови возила. Податоците ги објави индустриска група. Според Советот за информации за патен сообраќај (Opplysningsradet for Veitrafikken), електричните автомобили лани учествувале со 54,3 отсто од новите возила, наспроти 42,4 отсто во 2019 година.

Конкурс за стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2021


Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува до шест стипендии за кратки студиски престои (од еден до три месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научно-истражувачи институции во Велика Британија за 2021 година. Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции […]

Абазовиќ: Ѓукановиќ има даночен долг од 12,4 милиони евра


Потпретсeдателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ на државата му должи 12,4 милиони евра на име данок. – Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата напиша Абазовиќ на Твитер. Тој додаде дека „сега е јасно што се крие […]

Фејсбук: Преку Ватсап разменети 1,4 милијарди пораки и повици за Нова година


Рекордни една милијарда и четиристотини милиони разменети пораки и повици биле забллежани на новогодишната ноќ преку Ватсап, објави компанијата којашто е во сопственост на Фејсбук. Тоа е за 50 отсто повеќе од претходната година. Техничката менаџерка на Фејсбук, Кејтлин Бамфор потврди дека во текот на целата година компанијата бележи пораст на аудио, видео и пишаните […]

Петтиот пакет мерки ќе биде донесен во почетокот на февруари, вели Заев


По Божиќните празници ќе почне дијалогот со синдикатите, коморите, граѓанските организации, акадeмската јавност и сите останати учесници, за да се димензионираат наредните пакети за помагање на стопанството и граѓаните, рече денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Тој рече дека претстојниот празничен викенд е оставен за да се согледаат сите аспекти на здравствената криза, самите […]

Заев: 2021 година ќе биде година на економско заздравување од Ковид-19


Ќе има дебата околу легализацијата на канабисот, со што ќе почне агресивна борба против тешките дроги, најави премиерот Зоран Заев на денешното претставување на петтиот пакет мерки за спас на економијата.   – Во борба против тешките дроги, ќе имаме претстојна дебата околу легализацијата за канабисот. После празниците, ќе разговараме со сите фели околу формирањето на […]

Богојески: Ахмети создава историја на Албанците во Македонија, вие не ја гледате!


Петар Богојески, промоторот на платформата Македонски концепт преку својот официјален фејсбук профил излезе со остра реакција откако на фејсбук почна да се споделува фотографијата од министртеи и високи функционери на ДУИ како го прославуваат роденденот на лидерот на партијата, Али Ахмети во салата за состаноци и тоа на денот на вселување во новата зграда на […]

Вучиќ прислушкуван година и половина, јавуваат српските медиуми


Дел од полицијата го прислушкувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, околу година и половина, а покрај шефот на државата, како што дознава српскиот Курир, имало и цел список на лица кои биле ставени на незаконски мерки за прислушкување. Прислушкувани се и разговорите на дел од семејството на претседателот на Србија – неговиот брат Андреј Вучиќ […]

Новости: Вучиќ за Бадник и Божик на Хиландар


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Бадник и Божиќ ќе ги помине во Хиландар, пренесуваат „Новости“ и наведуваат дека ова ќе биде прва официјална посета на еден претседател на Србија на овој српскиот манастир на Света Гора во последните две децении. Според информациите на „Новости“, Вучиќ ќе присуствува на Бадниковата вечера и на свечената богослужба во […]

Градски автобуси по неделен возен ред за празниците


  Од ЈСП „Скопје“ инфпормираат дека утре, среда (6.01.2021 год) и четврток (7.01.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Утре, среда (6.01.2021 год), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во […]

Дури 150 семејства во социјален ризик добија пакети со храна во Центар


  Редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија продолжуваат и во новата година.  И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот. Оваа активност […]

Во европските градови брзината ќе се ограничи на 30 км/час во 2021


Новата година донесе промена во сообраќајните правила во Брисел. Од 1 јануари, автомобилите мора да ги исполнуваат ограничување на брзината од 30 километри на час речиси насекаде во главниот град на Белгија. Градските власти велат дека единствената мерка во сите 19 области на Брисел ќе помогне да се намалат несреќите и да се зголеми безбедноста […]

Зачувување на работните места и грижа за ранливите се приоритетите на МТСП


 Намалување на сиромаштијата, зачувување на работните места, поддршка на ранливите категории граѓани, заштита на правата на граѓаните, грижа за најмалите и највозрасните, на чија реализација работеше и минатата година, остануваат приоритети Министерството за труд и социјална политика и на државата за годинава, особено што здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 во светски рамки, а со тоа […]

Вселенски Патријарх Вартоломеј: Немам право да направам ниту чекор назад


Пандемијата, младите, внатрешната состојба на Православните цркви, украинскиот „трн“, врските со Московската патријаршија и триесетгодишнината од денот на неговото искачување на престолот на Архиепископот на Константинопол, Нов Рим и Вселенски Патријарх, која се навршува во 2021. Ова се главните теми на специјалното интервју од историски размери, кое за неделното издание на „То Вима“ го даде […]