Словенија се задолжи две милијарди евра


Словенија се задолжи на меѓународниот пазар 1,75 милијарди евра издавајќи десетгодишна обврзница и ја надополнувјќи ја емисијата на 30-годишни обврзници за 250 милиони евра. Според Блумберг, пренесен од Финанце, Словенија издала нови 10-годишни обврзници за 1,75 милијарди евра. Според достапните информации, побарувачката за оваа обврзница достигнала 10,6 милијарди евра, а каматната стапка достигнала 17 основни […]

Шолц: Германија води добра финансиска политика и може да си дозволи пандемиски мерки


Министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц посочи дека Германија може да си дозволи мерки за борба против пандемијата на корона вирусот. – Можеме да издржиме долго, рече вицеканцеларот во врска со финансиите и мерката за затворање на државата, која е продолжена до крајот на јануари. Во изјава за АРД, Шолц рече дека  во Германија не […]

Во сообраќајки настрадаа моторџија и возач на автомобил


Во две одделни сообраќајни незгоди што се случиле во Башино Село, Велешко и кај Бучин, повредени се моторџија и возач на автомобил што излетал од патот. Во соопштението од МВР се наведува дека вчера околу 9.20 часот во Башино Село, Велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Р.В.(77) […]

Трамп го потпиша Законот за сузбивање пандемиски измами


Претседателот на САД, Доналд Трамп го потпиша Законот за борба против пандемиски измами во 2020 година, соопшти Белата куќа на својата официјална веб-страница. Со Законот за сузбивање пандемиски измами од 2020 година се бара од Федералната комисија за трговија да открие и да објави информации во врска со измами поврзани со пандемијата. Трамп потпиша уште […]

(Видео од Соборниот храм) Бадник – предвестие за Божик


Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – […]

ВМРО-ДПМНЕ реагира на растурањето на собирот покрај оган во Орман


Откако синоќа полицијата растури собир покрај оган во скопското село Орман и приведе десетина лица, ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение обвини дека министерот Оливер Спасовски покажал сила кон народот додека министри од ДУИ сечеле торта без маски.   „Во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10-тина лица заради палење на бадников оган. Оливер […]

Црквите во Грција сепак ги отворија вратите за верниците за Водици (фото)


Грција – Под превентивни мерки, со дискретно полициско присуство, без осветување на водите во надворешните делови, без литии и без фрлање на крстот, но со отворени цркви за верниците и можност за причестување, Грците денеска прославуваат Водици, уште еден празник одбележан поинаку поради пандемијата, но и поради карантинот, јави дописничката на МИА од Атина. Иако Владата […]

Португалија не смета дека Бугарија е кочничар на проширувањето


Официјален Лисабон ќе се однесува претпазливо кон прашањето за проширувањето на Европската Унијата, изјави денеска нивниот амбасадор во ЕУ, Нуно Брито. Тој потенцира дека португалското претседателство, кое раководи со Советот на ЕУ во првите шест месеци од годинава, нема да брза и да предлага нови заклучоци на Советот на ЕУ за проширувањето. Прашан како го оценува […]

Во Скопје 224 казнети возачи, 21 без возачка дозвола


На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 224 мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола. Од МВР денеска информираа дека 20 казни се за управување со брзина поголема од дозволената, а 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Казнети биле и […]

Симболична Бадникова поворка во Скопје


 Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм. Овој пат, […]

Унгарија го отвора воздушниот сообраќај со Велика Британија


Унгарија – Унгарската Влада одлучи од денеска да ја укине забраната за комерцијални летови од Велика Британија, соопшти кризниот штаб во Будимпешта. Владата ја воведе забраната на 22 декември со намера да спречи ширење на новиот вид коронавирус што првпат се појави во Велика Британија, а суспензијата на воздушниот сообраќај требаше да трае до 8 февруари.    […]

Балкан 2021: Кој го загрозува Балканот?


Во историјата на меѓународните односи ќе биде запишано дека сите земји на Балканскиот Полуостров, почнувајќи од Словенија до Бугарија, официјално аплицирале за членство во ЕУ и НАТО, со исклучок Србија, која прогласи воена неутралност, но сепак е кандидат за членство во ЕУ. Низ историјата, преку јавни или тајни договори, меѓународни конференции, особено во случајот по […]

Демократите го освоија едното сенатско место во Џорџија, другото уште се брои


Демократот Рафаел Ворнок во средата победи на еден од двата натпревари за Сенатот во Џорџија, со што стана првиот црн сенатор во историјата на неговата држава и ставајќи го мнозинството во Сенатот на дофат на партијата. Пасторот кој ги помина последните 15 години водејќи ја црквата во Атланта каде што проповедаше Мартин Лутер Кинг, Ворнок […]

СЗО: Бројот на заразени во светот надмина 84 милиони, 541.000 за 24 часа


Швајцарија– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, зголемувајќи се за над 541.000 во последните 24 часа, се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен синоќа. Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за речиси 8.700, со што вкупниот број изнесува приближно 1,85 милиони. На 5 јануари, Светската […]

Г.г. Стефан: Пандемијата докажа колку е човекот немоќен


Состојбата која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат луѓето. Возљубени Христољупци, покајанието и поправањето се најдобриот лек против сите […]

Домот на Гвинет Палтроу од детството се продава за 15 милиони долари


САД- Пред Гвинет Палтроу да го лансира својот бренд за велнес, Гоп, таа беше позната по улогите во филмовите „Вљубениот Шекспир“ (за кој доби Оскар) и „Седум“; пред тоа, таа живееше во градска куќа во Њујорк на Upper East Side со нејзините родители, имот што сега можете да го поседувате за 15,5 милиони долари. Според […]

Блумберг: Во очекување на исходот во Џорџија, раст на акциите, пад на обврзниците


САД-Акциите на американските берзи пораснаа кога паднаа обврзниците во пресрет на резултатот од клучните избори во Џорџија, кои ќе одлучат која партија ќе го контролира Сенатот во следните две години, пренесува Блумберг. На сесијата обележана со низок обем на тргување, СиП 500 се подобри откако го претрпе најлошиот почеток на годината од 2016 година. Енергетските […]

Димоски: Театарот се приспособи на пандемијата, се подготвува програмата за 2021 „Да се почне одново“


Сашо Димоски од јуни годинава освен како драматург во НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е и на функцијата в. д. директор, а која му е продолжена со нов мандат за уште шест месеци. Велешкиот театар, кој во земјава е со најдолга и богата театарска традиција и бројна театарска публика, во годинава што изминува одигра шест премиери, […]

За основни месечни потреби не се доволни две минимални плати


Две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати. Најмногу пари се трошат за храна и […]

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во државава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Оваа година поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Одборот за прослава на Бадник, најави дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки […]