Филипче: Обезбедени пари за вработување на близу 250 приватни специјализанти


Министерот за здравство д-р Венко Филипче во утринската емисија на МРТВ најави вработување на приватни специјализанти, за што се обезбедени финансиски средства. – Со приватните специјализанти имавме бројни состаноци, дадовме ветување. Обезбедени се финансиски средства за близу 250 специјализанти да бидат вработени во јавните здравствени установи, за иднината да ја гледаат тука во нашата земја […]

Штипски „Гласен Текстилец“ за шест дена примила над 70 пријави за неисплатен К-15


 Воопшто неисплатен или уплатен минимален износ од 250 до 2000 денари добиле над 70 текстилни работници во земјава, кои пријавите и поплаките ги доставиле до штипската невладина „Гласен Текстилец“. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакнува дека годинава е зголемен бројот на рабодотавци кои се охрабриле и воопшто да не го исплатат регресот за годишен одмор, […]

ЕМА позитивно ја оцени вакцината против Ковид-19 на Модерна


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба  на вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за лица постари од 18 години. – Вакцината на Модерна е безбедна и ефикасна, објави ЕМА на Твитер. Европска комисија соопшти дека следен чекор е одобрување за ставање во промет на вакцината во Европска Унија. Во ЕУ досега е одобрен […]

Лондонскиот суд го отфрли барањето за кауција на Асанж


Судот во Лондон го одби барањето за кауција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се наоѓа во затвор, објави денеска Скај Њуз. Одбивањето на кауцијата следува откако британскиот суд во понеделникот одби да го испорача Асанж во САД поради неговата психичка состојба, односно стравувањата дека може да изврши самоубиство доколку биде екстрадиран. Асанж не […]

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник


 Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти поголема дневница од обичен работен ден, ги постесети денеска ССМ газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат, а кој согласно Законот за празниците на РМ денешниот е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и утрешниот ден е неработен за сите граѓани. -Согласно […]

Владиката Петар ги нападна реформите во образованието, ЛГБТ заедницата, а јогата ја нарече квази религија


„Со сексуалното образование под палките на ЛГБТ заедницата ќе им се отворат вратите кон развратот, кон разни психички растројства, а противприродните односи на хомосексуалците, лезбејките и сите перверзни типови ќе се третираат како природни“, порачува владиката Петар во божикното послание   БИТОЛА – Апсурдни се најавените реформи во образованието, се омаловажува нашата историја, се тргува […]

Во Србија почна имунизацијата со вакцината Спутник V, први ја примија Дачиќ и Вулин


Претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак во Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ изјави дека тој и министерот Александар Вулин […]

Кина не дозволи влез на претставниците на СЗО за истрага на потеклото на Ковид-19


На претставниците на Светска здравствена организација, кои треба да го истражи потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан, им беше забранет влез во Кина. Според СЗО проблемот настанал при издавање на визите за претставниците на СЗО. Додека кинеските власти соопштија дека се уште се договараат деталите за посетата, вклучително и датумите.  

Хоти: Косово ќе набави два милиони вакцини, првите пристигнуваат во февруари


Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека Косово досега постигнало договори за набавка на речиси два милиони вакцини против Ковид-19 и дека првите количини ќе пристигнат во месец февруари, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција Хоти информира дека 535 илјади вакцини се обезбедени со договорот со команијата „Фајзер“, 600 илјади со Австрија и […]

Филипче: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот ако состојбата остане стабилна


Доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче во утринската програма на МТВ. „Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Сѐ уште ја […]

Ким ги призна грешките во економскиот развој на Северна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на почетокот на Конгресот на владејачката Работничка партија на Северна Кореја изјави дека неговиот петгодишен економски план од 2016 година не ги постигнал своите цели во „речиси ниту еден сектор“. – Стратегијата требаше да биде реализирана минатата година, но целите страшно изостанаа во речиси секој сектор, наведе Ким. Како што јави […]

Пановски: Одиме на подобро, уште малку трпение (галерија)


Одиме на подобро, само уште малку трпение да не ја расипеме работата на крај, порача годинашниот кум на Бадник, доктор Никола Пановски. По осветувањето на погачата во Соборниот храм во Скопје, Пановски посака следната година овој голем христијански празник да се одбележи како што доликува. – Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од […]

Истражување: Над 60 отсто од здравствените работници во Македонија би се вакцинирале


Над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против Ковид 19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во утринската програма на МТВ. Ова бројка според него е резултат на истражување спроведено од Министерството со здравствените работници. – Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината и тоа е добар […]

(Видео) „Бекутан“ и децата од „Дајте музика“ со божиќна порака за сите генерации


Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатно но вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“ туку, веројатно, и на сите луѓе на планетава во 2020 година. Во вонредни околности и со почитување на сите […]

„Еден момент беше доволен“ – Џеф Безос за неговата кариера и за тоа како стана успешен


Пред да продаде книга на Интернет, Безос беше главен физичар на Универзитетот Принстон во 80-тите години на минатиот век. И покрај тоа што беше еден од најдобрите 25 студенти во почесната програма, Безос веруваше дека не е доволно паметен за да се натпреварува со другите. Затоа, според „Wired, тој ја сменил насоката со електротехника и […]

Помош за семејството во Скопје чија куќа изгоре на првиот ден од јануари


Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“. Службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година. Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство […]

Маричиќ до владиката Петар: Ќе има графа за национална и верска припадност на пописот


Министерот за правда Бојан Маричиќ преку Твитер му одговори на владиката Петар кој постави прашање дали на пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност и дека доколку нема, ќе повика на бојкот.   „На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто […]

Славен Билиќ нов тренер на кинескиот прволигаш Пекинг Гуан


 Хрватот Славен Билиќ е нов тренер на Пекинг Гуан, објави денеска кинескиот фудбалски прволигаш. Билиќ најде нов тренерски ангажман само три недели по отказот во премиерлигашот Вест Бромвич Албион. На тренерското место во екипата на Пекинг, хрватскиот стратег го замени Французинот Бруно Женесио, со кого прволигашот од кинеската престолнина не ја продолжи соработката. Пекинг минатата […]

Лепче со паричка на Василица, а не на Бадник


Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, […]

Започна вакцинацијата во Холандија


Во Холандија, со мало задоцнување во споредба со другите земји – членки на ЕУ, денеска започна процесот на вакцинација. Медицинската сестра Сана Елкадири (39), која се грижи за лица со деменција во Дом за нега на стари, е првата личност која е вакцинирана против корона вирус во Холандија. Таа ја прими вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ и […]