Студија: Кинеска вакцина против Ковид-19 со ветувачки резултати


Кина– Една од вакцините за новиот коронавирус што се развива во Кина се покажа како безбедна и предизвика имунолошки одговор во текот на првата и втората фаза на клиничките испитувања врз луѓе, се вели во извештајот објавен во престижниот „Лансет“. Потенцијалната вакцина наречена BBIBP-CorV ја развива Институтот за биолошки производи во Пекинг, подружница на големата […]

Карантин од 14 денови за сите кои доаѓаат од Италија во Велика Британија


Aнглија – Продажбата на алкохол во британскиот Парламент ќе биде забранета како дел од новите мерки против коронавирусот, што ќе стапат на сила во државата од утре. Од сабота повеќе нема да може да се купуваат алкохолни пијалоци во локалите на Долниот дом, објави неговиот претседател Линдзи Хојл. Тој потсети дека пабовите во голем број области […]

Каков е ефектот на пандемијата врз човековите права: Форум во Стразбур


Претставниците на Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа и правосудните институции од седум држави на Југоисточна Европа, денеска и утре ќе учествуваат на Седмиот регионален форум за владеење на правото во ЈИЕ на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човековите права“. Форумот го организираат Програмата на AIRE Центарот за Западен […]

Уницеф: Три милијарди луѓе се без услови каде може да се мијат раце


САД – Речиси три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови дома да ја одржуваат основната хигиена на рацете, покажуваат најновите податоци на УНИЦЕФ. Недостапноста за основната хигиена како миење раце за милиони луѓе ширум светот значи зголемен ризик од нов коронавирус и други заразни болести, предупреди Меѓународниот фонд за деца на ОН. […]

Ќе се одлучува за нови рестрикции – уште 535 заразени, над половина во Скопје


Нов негативен рекорд вчера во Ковид-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од кои над половината односно 277 се во Скопје. Од 2445 направени тестови, вирусот е потврден и кај 30 луѓе во Струмица, 26 во Прилеп, 24 во Гевгелија и 22 во Штип. Двоцифрени бројки на новозаразени имаат и Тетово – 18, Куманово – […]

Втор ден расправа на Македонско-бугарската комисија, Ѓоргиев и Димитров попладне ќе информираат за разговорите


Втор ден расправа на македонските и бугарските историчари денеска во Клубот на пратеници во рамки на десеттата средба на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Комисијата заседава по пауза од речиси една година, а причина за тоа била пандемијата со Ковид-19, но и изборите кои се […]

Во Сараево казните за неносење маски и на отворено ќе бидат од 250 до 750 евра


БиХ – Носењето маски во Сараево е исто така задолжително на отворено, а припадници на МВР на Сараевскиот кантон ќе бидат ангажирани за почитување на мерките. Шефот на полицијата, Џафер Хрват, изјави дека казните за непочитување на наредбите, издадени поради влошување на епидемиолошката состојба, се од 500 до 1.500 км (од 250 до 750 евра). Тој […]

Ребалансот во собраниска процедура, поднесени околу 170 амандмани


Ребалансот на Буџетот за 2020 година влезе во собраниска постапка. Расправата почна во матичната Комисија за финансирање и буџет, која треба да заврши за  10 работни дена, по што со усвоени амандмани се испраќа во Собранието. Очекувањата на премиерот Зоран Заев се тој да биде донесен навреме за да може да се финансираат мерките од […]

На проблемот со Бугарија интензивно се работи, а за првата Меѓувладина натпреварот се префрла од теренот на историски настани, на теренот на реформите


Префрлање на натпреварот од теренот на историските настани и идентитетските атрибути, на теренот на реформите и сегашноста ќе овозможи одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската унија, оценуваат македонските власти и се надеваат дека тоа ќе се случи во декември и покрај тензиите изминатиот период на релација Софија-Скопје. Нејзиното евентуално неодржување, сметаат тие, би означувало […]

Студија: Мали се шансите за зараза со коронавирус во авион


Англија– Ризикот од изложеност на коронавирусот за време на лет со авион е многу мал, се вели во студијата на Министерството за одбрана на САД. Кога пациент кој седи носи маска, просечно 0,003 проценти од честичките на воздухот во зоната на дишење околу главата на една личност се заразни, дури и кога секое место е […]

Спасовски ќе се сретне со Терзијски


Скопје денеска ќе биде домаќин на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите вклучени во Берлинскиот процес, со кој како земји копретседавачи на иницијативата ќе претседаваат првите луѓе на министерствата за внaтрешни работи на С. Македонија и  на Бугарија Оливер Спасовски и Христо Терзијски. Со министерскиот состанок во Скопје започнуваат и активностите од заедничкото […]

СЗО скептичнa во врска со ефикасноста на четири лека против Ковид-19


САД – Лековите ремдесевир, хидроксихлорохин, лопинавир и интерферон немаат речиси никакво влијание врз смртноста на пациентите при лекување од, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на студија на Светската здравствена организација (СЗО). Како што е наведено во студијата, овие лекови не го намалуваат ризикот од смрт од Ковид-19 и не го намалуваат бројот на пациенти на кои […]

„Храна во кадар“ – прв Трпеза филм фестивал во Скопје


Неколку кратки и четири долгометражни документарни филмови, ќе бидат прикажани денеска на првиот Филмски фестивал за храна „Трпеза филм фестивал‘’ (ТФФ) што ќе се одржи во Скопје. Фестивалот насловен „Храна во кадар“ го организираат Слоу фуд Водно и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Со ТФФ воедно ќе се одбележи и 16 […]

Времен сообраќаен режим во Скопје поради снимање филм


Од 11 до 14 часот денеска во Скопје ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев“, од 14 до 18 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и од 14 до 17 часот на бул. „ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија. Како што соопшти […]

Облачно со дожд и ветер


Времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а […]

ММФ, Светска банка и Г20 создаваат правила за дигитални валути на централните банки


Меѓународните финансиски институции и 20-те најголеми економии во светот (Г20) воспоставуваат официјални стандарди за регулирање и издавање дигитални валути од страна на централните банки. До крајот на 2022 година, регулаторната рамка за „стабилкоин“ треба да биде завршена. После веста дека Кина им поделила дигитален јуан на граѓаните на Шенжен за да го тестира нивното функционирање, […]

Љупчо Николовски ќе бара разрешување на Димова


Потпретседателот на владата, Љупчо Николовски, вечерва најави дека ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми, Лидија Димова, на седницата на владата идниот вторник по скандалот со грантовите во вредност од 270.000 евра доделени на компанијата„В.Е.З. Трејд“ на извесен Зоран Златковски. „Димова треба да поднесе политичка и морална одговорност, а понатаму институциите […]

Валентино Роси позитивен на корона вирус


Возачот на Јамаха, Валентино Роси е позитивен на корона вирусот, објави новинарот Сајмон Патерсон. Ова е втор случај вкупно кај возачите, и прв во кралската класа. Досега, ниту еден позитивен случај на новиот вирус не влијаеше на продолжението на шампионатот. – За жал, утрово кога се разбудив не се чувствував добро. Коските ме болеа и […]

Филипче: Утре ќе се дискутира за можни нови мерки, има болнички места и медицински кадар


Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе одлучува дали ќе има нови рестритивни мерки покрај предложените и тие што се во сила и ќе се анализира на што се должи скокот на новозаразени во последните денови и кој е начинот на трансмисија на вирусот. Министерот за здравство вечерва во гостување во Дневникот на ТВ […]

Нов рекорд во Франција – 30.000 заболени за еден ден


Француските здравствени власти во четвртокот објавија дека бројот на нови дневни инфекции со коронавирус скокна над 30.000 за прв пат од почетокот на епидемијата. Францускиот претседател Емануел Макрон во средата нареди ноќен полициски час во Париз и во осум други големи градови каде коронавирусот е неконтролиран. Имаше вкупно 30.621 нова инфекција со Ковид-19 во текот […]