Дете од скопска градинка заразено со Ковид-19


Прв случај на дете заразено со ковид-19 бил забележан во скопска градинка, а оваа информација ја потврди и Министерството за труд и социјална политика, дознава Сител. Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор. Во домашна изолација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното […]

Бејл заминува во Манчестер Јунајтед?


Напаѓачот Герет Бејл може да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Главен претендент за 31-годишниот Велшанец е Манчестер јунајтед, но клубовите сè уште не се договориле за висината на обесштетувањето. Претходно беше објавено дека Реал толку многу сака да се ослободи од Бејл, што дури беше подготвен да плати […]

Приведени тројца жители на Теарце за напад врз малолетник од Пршовце


Три лица на возраст од 18 и 19 години од тетовско Теарце се приведени ноќеска откако се пријавени во тетовската полиција дека нападнале и повредиле малолетник, како и уште едно лице кое се обидувало да ги раздвои. Нападот се случил вчера околу 16.30 часот во авто-перална во Пршовце. – Вчера во 21 часот и 30 […]

Вечерва црвен аларм за спас на забавната индустрија


Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert, (https://wemakeevents.org/) вечер, во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП), земјава ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби поради КОВИД пандемијата, а милиони луѓе остануваат без работа и се на раб на егзистенција. Иницијативата потекнува од Америка и е […]

Едно лице загина во сообраќајка на излезот од Гевгелија


Утрово,околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки. До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени […]

Маричиќ: Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за парламентарните


Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за наредните парламентарни избори, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот брифинг со новинарите. Тој посочи дека се планира до април наредната година, односно шест месеци пред локалните избори, да бидат усвоени измените во Изборниот законик што се однесуваат на отворените листи. Европската Унија, како што […]

Во Босна и Херцеговина 293 новозаболени


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележани се 293 новозаболени од корона вирус од кои во Федерацијата 235, во Република Српска 57 и еден до Брчко. Во федерацијата биле тестирани 1.733 примероци со што вкупно од почетокот на епидемијата тестирани се 138.296, а Ковид-19 е потврден кај 15.285 лица. Оздравеле 11.092 пациенти, активни […]

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Изречени 514 санкции


Министерството за внатрешни работи од вчера почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, во Скопје, но и на територијата на целата држава, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.  „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за […]

Преработувачите очекуваат зголемено производство и повеќе вработувања


Поповолни очекувања за состојбата во преработувачката индустријата имаат раководителите на деловните субјекти во оваа гранка. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, раководителите очекуваат поповолна состојба за обезбедност на производството со порачки и обемот на производството во наредните три месеци.  Според нивните оценки, залихите на готовите производи се зголемени, а се очекува бројот на […]

Мозокот на космонаутите се менува во Вселената


Мозокот на астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица (МВС) се менува за тие да можат да се прилагодат на вселенските услови, објаснуваат руски научници. Се работи за новиот научен труд на Елена Томиловскаја – истражувачка на Институтот за медицински и биолошки прашања при Руската академија на науките. Во него, се вели дека истражувањата врз […]

Маричиќ: Пописот да се одржи во април в година


Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година […]

Исплатата на штедачите од Еуростандард банка се одвива без застои, велат банкарите


Обесштетувањето на лицата кои имаат депозити до 30 илјади евра во Еуростандард банка кое почна од денеска во банките се одвива тековно и без застои. Нема поголеми гужви од вообичаеното. Исплатата, како што информираат за МИА од банките преку кои се врши обесштетувањето на штедачите, се врши тековно и брзо, има мало задржување кај оние […]

(Видео) Уште еден пожар во центарот на Бејрут


Пожар денеска изби во зграда во централниот дел на Бејрут, во близина на пристаништето каде на 4 август се случи експлозија во која загинаа речиси 200 лица, а повредени беа илјадници. Не е познато што го предизвика пожарот во зградата проектирана од покојната британска архитектка по потекло од Ирак, Заха Хадид. Happening now: Fire in […]

Шилегов: Наскоро ќе се преименуваат улиците во Скопје


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредните седници на Советот на Градот да започнат со постепено преименување на улиците. – Комисијата имаше состанок минатата недела и тоа е веќе процес што го поминавме, така што како фази веќе се поминати, а очекувам дека веќе во наредните седници на Советот на Градот […]

Сите училишта од Кавадарци побарале настава со физичко присуство


Симулација на училишен ден се реализираше денеска во Основното општинско училиште „Тоде Хаџи-Тефов” во Кавадарци, во која учествуваа вработени, претставници на општината и други лица од воспитно образовниот процес, родители. – Општина Кавадарци заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претставници на воспитно образовниот процес работеа напорно во изминатиот период со цел да се обезбеди соодветна […]

Николовски најави нов етички кодекс за Владата и функционерите


Заменик претседателот во Владата за борба против корупција, Љупчо Николовски, ги претстави денес целите на кои ќе биде фокусиран, потенцирајќи дека првиот чекор е направен, а тоа е именувањето  нова, мала и ефикасна влада, која отвора длабинска и неселктивна борба против криминалот и корупцијата. -Транспарентноста и отвореноста се наш врвен приоритет и ќе бидат спроведени […]

Навални објави фотографија од болница, сака да се врати во Русија


  Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска на инстаграм ја објави својата прва фотографија откако деновиве се разбуди од кома. „Здраво, овде навални. Ми недостигате. Се уште не можам да работам, но вчера цел ден можев самостојно да дишам. Без помош од страна, дури ни обичниот вентил во грлото не го користев. Многу ми се допадна. […]

Хрватска ја продолжи забраната за премин на границата до 30 септември


Националниот штаб за цивилна заштита ја продолжи одлуката за привремена забрана за преминување на границите на Хрватска, што значи дека постојниот режим, воведен по „заклучувањето“ кон средината на јуни, е продолжен до 30 септември. Ограничениот режим на преминување на хрватските граници главно се однесува на државјани на трети земји, додека граѓаните на Европската унија и […]

Американскиот апелациски суд одобри депоратција на илјадници имигранти


Американскиот сојузен апелациски суд со два гласа „за“ и еден „против“ одлучи администрацијата на претседателот Доналд Трамп да може да депортираа стотици илјади имигранти кои претходно добија привремено заштита од хуманитарни причини. Со судската одлука потврдено е укинувањето на мерката за заштита на имигранти од Салвадор, Хаити, Никарагва и Судан од депортација. Администрацијата на Трамп […]

Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите


Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ и неговата подружница „Мерцедес-Бенц САД“ се договорија со американските власти да платат 1,5 милијарди долари за повлекување на тужбите поднесени за измама на тестовите за издувни гасови. Договорот вклучува и парична казна од 875 милиони долари. – Денеска испраќаме јасна порака: ќе го спроведуваме законот и ќе ги заштитиме животната средина […]