Дете од скопска градинка заразено со Ковид-19


Илустрација

Прв случај на дете заразено со ковид-19 бил забележан во скопска градинка, а оваа информација ја потврди и Министерството за труд и социјална политика, дознава Сител.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.

Во домашна изолација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.