(Во живо): Прес-конференција на ДИК


Државната изборна комисија (ДИК) во моментов ја одржува својата прва прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори во нашата држава кои се одржуваат денеска. Државната изборна комисија денеска ќе одржи седум прес конференции, во 9.30, 11.30, 13.30, 15.30, 17.30, 19.30 и 21.00 часот како и дополнителна прес конференција за соопштување на првичните неофицијални резултати.

МОСТ : Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно, согласно здравствените протоколи


Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, сите гласачки места на кои Граѓанската Асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи се отворени навреме и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање. Како што беше потенцирано на првата денешна прес-конференција на МОСТ, гласањето се одвива безбедно, согласно здраствените протоколи. Во текот на денот, …

МОСТ : Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно, согласно здравствените протоколи Read More »

Почна гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, 54.764 тиквешани со право на глас


Гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија се одвива без проблеми. Вкупно 54.764 тиквешани имаат право на глас на денешните парламентарни избори. Како што информираа од општинските изборни комисии, во Кавадарци 32.270 избирачи имаат можност да гласаат на 60 избирачки места, во Неготино на 28 избирачки места своето право на глас можат да го …

Почна гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, 54.764 тиквешани со право на глас Read More »

ЦИВИЛ: Ситни нерегуларности и големо присуство на гласачките места


Обид за семејно гласање, групирање, присуство на неовластено лице на гласачко место и случај кога членовите на избирачкиот одбор не ги почитувале мерките за заштита од коронавирус се неколкуте регистрирани нерегуларности на самото отворање на гласачките места, што ги забележале набљудувачите на граѓанската организација ЦИВИЛ. Џабир Дерала на прес-конфернцијата нешто после 8 часот, ги објави …

ЦИВИЛ: Ситни нерегуларности и големо присуство на гласачките места Read More »

Здружението „Една може“: Да се реши проблемот на самохраните родители кои мора да одат на работа, а нема кој да им ги чува децата


Здружението за унапредување на правата на самохраните мајки „Една може!“ преку соопштение бара од надлежните органи, националните институции, одлучувачките тела и локалните самоуправи, а во овој период и од Владата, Кризниот тим за постапување во вонредни состојби и Министерството за труд и социјална политика, да се реши проблемот на самохраните родители – во најголема мера …

Здружението „Една може“: Да се реши проблемот на самохраните родители кои мора да одат на работа, а нема кој да им ги чува децата Read More »

Регионот и Македонија на црвена листа за влез во Унгарија поради Ковид-19


Во Унгарија на полноќ стапија во сила построгите гранични мерки поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во други земји. Земјите се поделени на „црвена“, „жолта“ и „зелена“ листа – според моменталната епидемиолошка состојба, при што земјите со најмал број заразени се на зелениот список, додека државите со најголем ризик се на црвената листа. …

Регионот и Македонија на црвена листа за влез во Унгарија поради Ковид-19 Read More »

Избирачките места отворени навреме, гласањето без никакви проблеми


Избирачките места изутринава се навреме отворени,  гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат за МИА од Државната изборна комисија. Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат …

Избирачките места отворени навреме, гласањето без никакви проблеми Read More »

„Спотифај“ отсега достапен во Македонија


Стрим-платформата за слушање музика – „Спотифај“ од вчера е достапна во С. Македонија и на пазарот во уште 12 други земји. Во соопштението се истакнува дека „Спотифај“ сега нуди бесплатни услуги и претплата и во Хрватска, Србија, Русија, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Украина. Со ова, сега платформата …

„Спотифај“ отсега достапен во Македонија Read More »

Десетина повредени лица во судар на два воза кај Прага


Чешка – Десетици лица се повредени кога патнички воз синоќа се судрил со товарен воз во близина на Прага, јавуваат локалните медиуми. Најмалку четири лица се пренесени во болница со сериозни повреди, објави агенцијата ЧТК, цитирајќи ги спасувачките служби. Според некои извештаи, еден од машиновозачите погинал во судирот. Според првичните информации, патничкиот воз се судрил со …

Десетина повредени лица во судар на два воза кај Прага Read More »

Полска создава голема мултиенергетска компанија


Полска – Полска создава голема мултиенергетска компанија преку спојување на ПКН Орлен, најголемата рафинерија за нафта во однос на приходите, со помалата рафинерија Лотос и производителот на природен гас ПГНиГ, соопшти полскиот вицепремиер Јацек Сасин. Минатата година Орлен имаше приходи од над 111 милијарди злоти (околу 28 милијарди долари), приходите на Лотос изнесува скоро 30 милијарди, …

Полска создава голема мултиенергетска компанија Read More »

Во седум канцеларии на омбудсманот телефонски линии за пријавување повреди на избирачките права


Во канцеларијата на Народниoт правобранител  поради одржувањето на предвремените парламентарни избори денеска во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. – Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, …

Во седум канцеларии на омбудсманот телефонски линии за пријавување повреди на избирачките права Read More »

САД: Од 27 јули почнува клучната фаза од испитувањето на вакцина против Ковид-19


САД – Американскиот фармацевтски концерн „Модерна инк“ објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат на или околу 27 јули. Станува збор за третата, клучна фаза на тестирање на луѓе на вакцината мРНА-1273. Клиничкото испитување го спроведува Националниот институт за здравство, а американската влада инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на „Модерна“. …

САД: Од 27 јули почнува клучната фаза од испитувањето на вакцина против Ковид-19 Read More »

Трамп го укина посебниот статус на Хонг Конг


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша извршната наредба со која се прекинува специјалниот третман на Хонг Конг, откако Кина го донесе новиот контроверзен Закон за национална безбедност, пренесува Би-Би-Си. -Хонг Конг сега ќе биде третиран исто како и континенталниот дел на Кина, рече Трамп. Покрај тоа, тој го потпиша и Законот за воведување санкции …

Трамп го укина посебниот статус на Хонг Конг Read More »

Во Бразил речиси 42 илјади новозаразени и 1.300 починати од Ковид-19


Бразил – Во Бразил, во последните 24 часа, се регистрирани 41.857 нови случаи на коронавирус, а починаа уште 1.300 луѓе, соопшти Министерството за здравство. Досега во земјата се заразени 1,92 милиони луѓе, вклучувајќи го и претседателот Жаир Болсонаро. Од последиците од вирусот досега починаа 74.133 лица.

Нов портрет на принцеза Беатрис: Не, не се мажи, ама го има оној невестински сјај


Англија- Свадбата со италијанскиот благородник можеби е одложена поради коронавирус, но принцезата Беатрис сепак го има тој невестински сјај. Фотографот Фил Појте неодамна објави на својата страница на Инстаграм никогаш досега невидена фотографија од внуката на кралицата Елизабета, а Беатрис никогаш не изгледала погламурозно. Црно-белата снимка е блиску до кралското зјапање директно во камерата со …

Нов портрет на принцеза Беатрис: Не, не се мажи, ама го има оној невестински сјај Read More »

Од денеска нови правила за влез во Грција преку Промахонас, дозволени и директни летови од Велика Британија


Грција- За туристите од земјите за кои е дозволено патување во Грција, а кои од граничниот премин Промахонас (Кулата) планираат да влезат кај јужниот сосед, од денеска важат нови правила, односно задолжителна е потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Откако во изминатиот период беше зголемен бројот …

Од денеска нови правила за влез во Грција преку Промахонас, дозволени и директни летови од Велика Британија Read More »

Нови патоказни и информациски табли за локалитетот Кокино


Локaлната акциска група АБЕР 2015, во соработка со НУ Музеј Куманово, преку донација добиена од Амбасадата на Република Франција го заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино, информираа денеска надлежните. За таа цел, како што информираше археологот Дејан Ѓорѓиевски, биле подготвени  пет нови табли (патоказни и информациски) кои значително ја олеснуваат посетата …

Нови патоказни и информациски табли за локалитетот Кокино Read More »

Најмногу гласачи има во Куманово, најмалку во Вевчани


Во Северна Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е …

Најмногу гласачи има во Куманово, најмалку во Вевчани Read More »

Шеесетина странски новинари акредитирани за известување од изборите


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 57 странски новинари, кои добија акредитации од Државната изборна комисија. Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс прес, Гласот на Америка, …

Шеесетина странски новинари акредитирани за известување од изборите Read More »

Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат 2.708 домашни и странски набљудувачи. За мониторинг на изборите, акредитации од ДИК добија вкупно 2.551 домашни и 158 меѓународни набљудувачи и преведувачи. Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 1.254, на АКСИОС 2017 – 830, Цивил – Центар за слобода ќе има 315, Инклузив – Куманово …

Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи Read More »