И викендов ќе се поднесуваат барања за субвенции


– За да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и викендов. Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули. -Со цел да им излеземе […]

ВМРО-ДПМНЕ сама на себе си се восхитува


Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните измени во внатрешната организација на партијата, изјави денес на прес конференција дека тие се „најпрогресивната и најдемократската политичка партија во Македонија“. -ВМРО-ДПМНЕ со одлуки на највисоките тела, на Извршниот и на Централниот комитет, се определи за измени на партискиот Статут со што се воведува најголем степен на демократија во […]

Договорот на ЕУ ги зголеми шансите за обновување на европската економија


Договорот на членките на Европска унија за   планот за стимулирање економии погодени од корона-кризата ја зголеми можноста за постепено закрепнување на економијата во втората половина од оваа година, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмаер. Алтмаер истакна дека постигнатиот договор е добра вест за милион луѓе во Германија и Европа. – Шансата да забележиме внимателено, […]

Во ДУП-от за Мал ринг зградите за домување се пренаменуваат за култура, нема галии и барокни фасади


Во делот од предложениот детален урбанистички план за Мал Ринг во Општина Центар што се презентира денеска секаде каде што имало неизградени споменици се бришат и на нивно место се предвидува зеленило. Секаде каде што имало згради со намена А2 за домување во претходниот план се пренанаменуваат за култура. Се што сметаме дека не треба […]

Фестивалот „Локум фест – музика и традиција“ со „Љубојна“ и “Баклава“


Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ продолжува со своето 14. издание кое во наредните три дена ќе се одржува во пациото на Завод и Музеј-Битола. Фестивалот со целовечерен концерт ќе го отворат „Чалгија саунд систем“, утревечер ќе настапат „Баклава“, а ќе заврши со концерт на групата „Љубојна“, најави организаторот Тодор Ивановски. – Инспирацијата на фестивалот е […]

Граничниот премин „Дојрани“ затворен до 4 август


Поради новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од среда 22 јули од 00.00 часот до вторник 4 август. -Министерството за внатрешни работи  ги  известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар […]

УХМР: Во петок и сабота нестабилна облачност со локален пороен дожд


Нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР за во петок и сабота попладне. Во почетокот на наредната седмица се очекува многу топло време. Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, попладне во северните делови повремено ќе засилува. Максималната температура […]

Пандемијата може да го зголеми економскиот јаз помеѓу половите


Пандемијата со новиот коронавирус би можело да го загрози напредокот што го постигнаа жените во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, истакна денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа додаде дека економскиот шок предизвикан од здравствената криза повеќе ги погоди жените отколку мажите, бидејќи поголем е бројот […]

Од 12 јуни повратот на ДДВ раздвоен, за домашни 20, за странски 10 отсто


Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. Заради тоа, појаснуваат од УЈП, износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје […]

Апел за разумно користење на водата


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје повторно апелира до граѓаните на Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Соопшти и дека за да го заштити системот за водоснабдување и граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите […]

Левица поднесе 102 тужби пред Управен суд


Политичката партија Левица денеска во Управниот суд поднесе 102 тужби за заштита на избирачкото прво на подносителите на листите. Од Управен информираат дека за одржување на јавните седници по тужбите ќе биде дополнително сооопштено. Управниот суд за денеска има закажано повеќе јавни расправи по поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и […]

Фејсбук ќе го тестира алгоритмот за расна дискриминација


Фејсбук ќе прави проверка дали алгоритмите на социјалните мрежи можат да доведат до расна дискриминација и да ги отстрани недостатоците. Тимови од експерти кои се занимаваат со „еднаквост“  се формирани во самата компанија и во компанијата на Инстаграм, што е во сопственост на Фејсбук. Експертите ќе истражуваат како алгоритмите влијаат врз  припадниците на националните малцинства. […]

Рекордни цени на златото и среброто


Вредноста на златото и на среброто утрово достигна највисоко ниво од 2011 односно од 2013 година. Златото се продава за 1.860 долари за унца, додека среброто за 23 долари. Цената на златото за испорака во август на њујоршката берза „Комекс“ се золеми за 0,77 проценти и достигна 1.858,05 долари за унца, откако претходно се искачи […]

Арсовска: Неопходна е соработка на приватниот и јавниот сектор за поголема доверба во институциите


Имплементирање мултирателарен систем за олеснување на трговијата и на инвестициите, воспоставување контролиран раст на е-трговијата преку посебни договори со особено внимание за потребите на микро, малите и средните компании, олеснување на пристапот до финансирање на трговијата, поддршка на извозот на услуги во секторите поврзани со туризмот кои се најзагрозени, како и поттикнување иновации и развој […]

(Во живо) Богдановиќ: Со планот за Мал Ринг отстрануваме дел по дел од „Скопје2014“


Планот за Мал Ринг што денеска го презенетираме не го правиме за да протуркаме нешто, туку да отстрануваме дел по дел од проектот „Скопје 2014“. Мора да одиме чекор по чекор, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавната презентација за предложениот ДУП, што се одржува во Општината. Богдановиќ истакна дека на планот се […]

Паскал Сорио: Работиме на вакцина против Ковид-19 која ќе чини 2,50 евра


Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ планира до крајот на годинава да пласира на пазарот вакцина против новиот коронавирус, која ќе чини 2,50 евра, најави претседателот на компанијата Паскал Сорио. Тој истакна дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе. „АстраЗенека“ се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според […]

Спор околу исплатата на бонус на првиот човек на „Визер“


Водечките групи за корпоративно управување со седиште во Велика Британија изразија загриженост во врска со можната исплата на бонуси на извршниот директор на „Визер“, Јозеф Варади во пресрет на собранието на авиокомпанијата, објавија локалните медиуми на 20-ти јули. Иако не ја исполни целта за добивката потребна за исплата, Варади се очекува да добие бонус од […]

ЕУ ќе ни даде околу 3 милијарди евра наредните седум години


СДСМ утрово јави дека во рамките на новиот буџет на ЕУ се предвидени речиси 3 милијарди евра за Македонија во рамките на програмата ИПА 3, што е речиси трипати поголема сума од таа што ја добиваше нашата држава изминатите години. -Успешните политики на Владата предводена од СДСМ за изминатите три години и вистинскиот пат по […]

Грција ги заостри мерките за влез на граничните премини


Само од шест гранични премин, од денеска е дозволен влез и излез од Грција за грчките државјани и оние кои имаат дозвола за престој, додека пак Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија и понатаму останува единствената влезна точка на копнените граници за туристите од земјите што се наоѓаат на листата одобрена од јужниот сосед, јави […]

Италија: Балканската рута активна и за време на пандемијата


Балканската рута по која мигрантите се обидуваат да стигнат до земјите во западна Европа е активна и за време на пандемијата на новиот коронавирус, а гувернерот на италијанскиот регион Фурланија-Јулиска краина, кој граничи со Словенија, изјави дека ситуацијата е „неподнослива“. – Фурланија-Јулиска краина не е подготвена за прием на нови илегални мигранти. Повеќе пати ја […]