Граничниот премин „Дојрани“ затворен до 4 август


Поради новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од среда 22 јули од 00.00 часот до вторник 4 август.

-Министерството за внатрешни работи  ги  известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин  „Дојрани“, а во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки поради КОВИД-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од  00:00 часот до 04.08.2020 (вторник), информира МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.