Кина ги смета пацифичките острови Дијаоју за дел од нејзината територија


Кина денеска соопшти дека пацифичките острови Дијаоју или Сенкаку се дел од нејзината територија, односно дека се под јурисдикција на Пекинг, и дека има право да ги спроведува своите закони на таа територија, јавија британските медиуми. САД во неколку наврати го критикуваа упадот на Кина на овие острови во Источното Кинеско Море, за кое Јапонија, …

Кина ги смета пацифичките острови Дијаоју за дел од нејзината територија Read More »

(Видео) Плаќање со мобилен телефон – ново едукативно видео на Народна банка


Народната банка објави ново, четврто по ред, видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Видеото, тематски е посветено на плаќањето со мобилен телефон, соопштија од Народната банка. Видеото е достапно преку платформата Јутјуб, на македонски и на …

(Видео) Плаќање со мобилен телефон – ново едукативно видео на Народна банка Read More »

ССМ: Работодавачите да го заштитат здравјето на работниците во услови на топлотен бран


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува сите работодавачи, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, како и одредбите од …

ССМ: Работодавачите да го заштитат здравјето на работниците во услови на топлотен бран Read More »

ЗНМ со остра осуда на заканите кон Дерала и Сарачини


Здружението на новинари (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на јавно искажаните закани и омаловажувања со елементи на говор на омраза упатени преку социјалната мрежа Фејсбук, до новинарите и активистите на „Цивил медиа“, Џабир Дерала и Петрит Сарачини. На оваа социјална мрежа, личност со профил именуван како „Марјан Камиловски“ …

ЗНМ со остра осуда на заканите кон Дерала и Сарачини Read More »

Гаши: Нема да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет


Демократската унија за интеграција (ДУИ) треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но, имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме …

Гаши: Нема да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет Read More »

„Форбс“: „Епл“ највреден светски бренд – 241,2 милијарди долари


Вредноста на брендот „Нетфликс“ за една година се зголеми за 72 проценти и изнесува 26,7 милијарди долари, според најновата листа на „Форбс“ највредни светски брендови, додека на прво место, како и минатата година се наоѓа „Епл“, чија вредност се проценува на 241,2 милијарди долари. „Гугл“ е на второ место со вредност од 207,5 милијарди долари, …

„Форбс“: „Епл“ највреден светски бренд – 241,2 милијарди долари Read More »

Нов термин за Тур де Франс 2021 поради Олимпијадата


Франција– Меѓународната унија за велосипедизам (УЦИ) во официјалното соопштение за медиумите информира за новите датуми на Тур де Франс 2021. Терминот е променет поради совпаѓање со натпреварот во велосипедизам на Олимпијадата во Токио. Претходно, Олимписките игри 2020 беа одложени за 2021 година поради пандемијата на коронавирус. Тур де Франс 2021 година, првично закажан од 2 …

Нов термин за Тур де Франс 2021 поради Олимпијадата Read More »

Научници работат на „вештачко Сонце“ вредно 20 милијарди евра (фото)


Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, група научници со седиште во Франција вчера почнаа да работат на уред што треба да покаже дали нуклеарната фузија, која е извор на енергија на Сонцето, може да биде безбеден и одржлив извор на енергија на Земјата. „Уредот ИТЕР ќе биде составен од речиси еден милион компоненти, …

Научници работат на „вештачко Сонце“ вредно 20 милијарди евра (фото) Read More »

ССМ бара кривично да одговараат работодавачите што не ја исплатија помошта од државата


Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките, вели Дарко Димовски, претседателот на ССМ, по информациите дека над 700 работодавачи земале пари од државата за да исплатат плата како помош поради корона-кризата, а парите не им ги исплатиле на своите вработени. Димовски во емисијата „Утрински брифинг“ вели дека тие апелирале …

ССМ бара кривично да одговараат работодавачите што не ја исплатија помошта од државата Read More »

„Фич“ ги намали изгледите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“


Рејтинг агенцијата „Фич“ ги ревидираше денеска можностите за долгорочно задолжување на Јапонија во странска валута од „стабилни“ на „негативни“, наведувајќи во образложението остар пад на домашната економија како последица на коронавирусот. – Пандемијата на коронавирусот предизвика силен пад на јапонската економија, иако земјата на почетокот имаше успех во спречување на заразата, соопшти „Фич“. Агенцијата ја …

„Фич“ ги намали изгледите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“ Read More »

Лекот „Актемра“ не е делотворен против Ковид-19


Лекот против артритис „Актемра“ (Actemra) на швајцарскиот фармацевски концерн „Рош“ (Roche) не е успешен како терапија за пациентите инфицирани со новиот коронавирус. Клиничка студија покажа дека „Актемра“ не довел до никакво подобрување кај хоспитализираните пациенти кои имале воспаление на белите дробови предизвикани од Ковид-19. Исто така ниту бројот на починати не е намален со користење …

Лекот „Актемра“ не е делотворен против Ковид-19 Read More »

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници


Муслиманските верници одбрани за аџилак, вчера го завршија карантинот, а денеска ја посетуваат Мека, каде се применуваат мерките за спречување на ширењето на Ковид-19. Според саудиските власти Мека ќе ја посетат околу илјада верници, но локалните медиуми објавија дека нивниот број би можел да достигне до 10.000. Верниците претходно беа прегледани од лекар и ставени …

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници Read More »

На македонските институции им треба единствен систем за борба против кибер напади


Последните кибер напади министерствата за здравство и за образование во земјава, според експертите, е показател дека е потребна пософистицирана компјутерска заштита и воспоставување единствен систем на заштита што ги опфаќа сите јавни институции за одбрана од зголемениот број хакерски напади, наведува „Балкан Инсајт“. Порталот посочува дека одговорност за нападите врз интернет страниците на министерствата за …

На македонските институции им треба единствен систем за борба против кибер напади Read More »

Караџовски најави зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19


Се планира зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во кои ќе може таа да се прави, што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски. Значи на сегашните 11 институции за дијагностика, посочи тој, планираме уште три …

Караџовски најави зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 Read More »

Нови платформи за раздор и делби


ЕРОЛ РИЗАОВ   Македонија го троши својот историски модел на соживот и мултиетничко и мултикултурно општество пред националистички бран и тоа во период кога има најголема историска шанса по приемот во НАТО да ги почне преговорите со ЕУ Тешко им оди постизборната математика на политичките лидери. Откако сите прогласија победа, прво молчеа како риби божем …

Нови платформи за раздор и делби Read More »

Во Свети Николе се отвора мобилен пункт за тестирање на Ковид-19


Мобилен пункт за земање брисеви за тестирање за Ковид-19 денеска ќе биде отворен во Свети Николе. Од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести одговорила на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена, како …

Во Свети Николе се отвора мобилен пункт за тестирање на Ковид-19 Read More »

Лозови насади во Бутел ќе станат станбени комплекси со речиси нула зеленило


На 53 седница на Советот на Град Скопје, мнозинството усвои Регулациски план за градска четврт С15 (Општина Бутел). Со него 9,2 хектари земјиште под лозови насади (доминантно државна сопственост) комотно може да стане станбени згради, иако можеше подобро, вели Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град …

Лозови насади во Бутел ќе станат станбени комплекси со речиси нула зеленило Read More »

Драстичен раст на новозаболени во Австрија по посета на циркус


  Во Австрија во изминатите 24 часа забележан е драстичен раст на новозаразени, чиј број изнесува 173. Вчера Австрија пријави 119 новозаболени. Само во Виена регистрирани се речиси половина од новозаболените, или 81 случај. Интересно е што во покраината Тирол има регистрирано 27 нови случаи, а тие се доведувата во врска со посета на циркус. …

Драстичен раст на новозаболени во Австрија по посета на циркус Read More »

Курбан Бајрам – 31 јули, неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед


Првиот ден на Курбан Бајрам 31 јули (петок) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честитаат празникот Курбан Бајрам.

Демонстранти од Портланд поднесоа тужба против федералната полиција


Две групи демонстранти против употребата на федералните безбедносни структури, ангажирани да ги згаснат протестите во Портланд, поднеле тужба пред федералниот суд против Министерство за внатрешни работи, јавија американските медиуми. Во тужбата се тврди дека е противуставно испраќањето федерални безбедносни служби за растерување  демонстрации со употреба на невидено насилство, солзавец и гумени куршуми против граѓаните. Групите …

Демонстранти од Портланд поднесоа тужба против федералната полиција Read More »