(Видео) Плаќање со мобилен телефон – ново едукативно видео на Народна банка

Народната банка објави ново, четврто по ред, видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, којшто се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Видеото, тематски е посветено на плаќањето со мобилен телефон, соопштија од Народната банка.

Видеото е достапно преку платформата Јутјуб, на македонски и на албаснки јазик, а ќе биде достапно и на веб-страницата на Народната банка и на страниците на Народната банка на социјалните мрежи.

Пораката на Народната банка е „Бидете мудри со парите“.