Во Албанија се пролонгира повторното воспоставување на јавниот превоз поради зголемниот број на новозаразени со Ковид-19


Техничкиот комитет на експерти на Албанија соопшти дека се пролонгира планираното отпочнување со работа на јавниот превоз в понеделник, поради трендот на зголемување на новозаразени со Ковид-19. Техничкиот комитет со кој раководи професор доктор Мира Ракацоли, одлуката ја донесе по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба, што е оценета како стабилна, но за поголема сигурност, оваа […]

Во изолација 790 лица, шестмина не ја почитувале, а 1071 не носеле маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за […]

Исланд, Нов Зеланд и Португалија се најмирните држави во светот


Исланд 13. година по ред е најмирна држава во светот, се наведува во овогодинешниот извештај на Институтот за економија и мир. Глобалниот индекс на мирот се објавува секоја година, а државите се оценуваат според 23 критериуми од три категории: општа безбедност, милитаризација и меѓународни спорови. На второ и трето место се Нов Зеланд и Португалија, […]

Мицкоски ги зголемува условите, немало никакво приближување


По неуспешната средба кај претседателот Стево Пендаровски и обидот да се договори датум за избори, од партиите протекоа информации за разговорите, кои не се разликуваат многу од тоа што го слушавме јавно деновиве. Од СДСМ информираа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не бил фокусиран на здравствената ситуација, туку ги спорел техничките моменти околу изборите, […]

Градоначалникот на Гази Баба позитивен на коронавирусот


Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус, тој утринава потврди за „Фокус“. – Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите, вели Георгиевски. Не е познато дали негови соработници од администрацијата во Општина Гази Баба ќе мора да одат во самоизолација.

Решението за депонијата Русино заглави пред финишот


Неизвесен е исходот од иницијативата за организирано и современо депонирање на комуналиот отпад во Полошко. Уредувањето современа депонија и формирањето заедничко претпријатие најверојатно ќе се се пролонгира. Почетокот на работата беше предвиден до средината на оваа година. Раководните органи не може да се назначуваат поради предвремените избори и околностите што ги наложи корона-кризата. Закочено формирањето […]

Горјан Тозија-Медо : Oд каде и да почнам, секогаш ќе завршам со моите пријателски чувства кон Хрватска


  Почитувани, Дозволете ми на самиот почеток да го изразам своето искрено жалење за непријатните медиумски изложувања поттикнати од преписка на социјалните мрежи, која во ниту еден случај не ги претставува официјалните ставови на Северна Македонија, ниту пак се одраз на моето политичко, идеолошко, културно, социолошко и конечно, морално убедување во светло на македонско-хрватските релации. […]

Пекинг ново жариште на Ковид-19


Кина– Во Пекинг под карантин се ставени 11 станбени квартови поради појава на ново жариште на Ковид-19 на пазар, соопштија денеска кинеските власти. Седум лица се инфицирани со новиот коронавирус од пазарот, поради што се затворени девет училишта и градинки. Според најновите податоци, во светот со Ковид-19 се заразени 7.741.062 лица, од кои 428.352 починаа, […]

Бразил на второ место по бројот на смртни случаи од Ковид-19


Бразил – Бразил ја престигна Велика Британија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус и сега е на втор место, зад САД. Вкупниот број на починати луѓе се искачи на 41.828, од кои во 909 лица во изминатите 24 часа. Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број на инфицирани лица изнесува […]

САД засега не го обновуваат издавањето визи, но почнаа да издаваат пасоши


САД– САД засега не го обновуваат издавањето визи во своите конзуларни претставништва, изјави Карл Риш, помошник државeн секретар на САД задолжен за конзуларни работи. Тој на вчерашниот брифинг за новинарите истакна дека повеќе информации за возобновување на издавањето визи за САД ќе има за неколку недели. – Стејт департментот продолжува да ја следи локалната состојба со […]

ФЗО ќе може да го утврдува начинот за издавање лекови без рецепт


Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравственото осигурување за време на вонредна состојба, со што на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗО) му се дава можност да го утврди начинот и активностите за остварување на правото на лекови на осигуреното лице без приложување на рецепт. Владата […]

Исплатени 1,6 милиони евра од „Ковид 2“ кон 83 компании


На 117 компании со 3001 вработен досега им се одобрени средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“ преку Развојната банка на Република Северна Македонија, а на 83 од нив веќе им се исплатени средствата. Одобрениот износ, како што информираат за МИА од Развојната банка, на овие 117 компании е два милиони евра, а исплатени […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест


За македонски државјани, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. При влез во државата, пак, секој граѓанин мора да приложи направен […]

Денеска завршува вонредната состојба


Лидерите на двете најголеми партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вчерашната средба не постигнаа договор за датум за одржување на предвремени парламентарни избори, а вечер завршува вонредната состојба, што беше воведена од страна на претседателот Стево Пендаровски заради состојбата со епидемијата во земјава. Имено, како што посочија од кабинетот на Пандаровски, каде […]

КОВИД-19 ја намали продажбата на недвижности, цените непроменети


Агенциите за недвижности во главниот град по двомесечна пауза поради кризата со КОВИД-19 повторно работат, пазарот бележи раздвижување, но само кај продажбите на становите, каде нема промени во цените. Закупите на станови се значитено намалени затоа што голем дел од нив се испразнети. Продажба и издавање на куќи речиси и да нема. Од Агенцијата за […]

Македонија во исчекување на преговарачката рамка


Северна Македонија заедно со Албанија е во исчекување на презентацијата на нацрт преговарачката рамка која деновиве треба да ја претстави Европската Комисија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска на виртуелната панел дискусија „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство“, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржа од Атина, најави […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 9 до 16, а максималната ќе се искачи од 22 до 30 степени. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. […]

Владата нема да ја обжали пресудата на Стразбур за парното


Владата на на седницата во петокот вечерта ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за упатување жалба на предметот „Стрезовски против Северна Македонија и 7 други“, и донесе заклучок да не поднесе барање за обжалување на пресудата пред Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Со оваа одлука да не ја […]

Зголемен повратот на МојДДВ за домашни производи на 20 отсто, за другите намален на 10 отсто


Физичките лица кои дале согласност за донирање на вратениот ДДВ во првиот квартал од 2020 година добија можност да го променат одговорот најдоцна до 30 јуни 2020 година и да се стекнат со право на враќање на ДДВ на нивните трансакциски сметки најдоцна до 30 јули 2020 година. Ова беше усвоено на денешната владина седница, […]

Моловите се враќаат на старото работно време, недела останува неработен ден


Владата на денешната 65-та седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите, со кои работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден. Со претходно донесениот протокол моловите работеа со скратено време од 10 до 18 […]