Бислимовки: ЕВН е должна да изврши коригирање на фактурите за струја врз основа на самочитање


Потрошувачите по електронски пат да ги достават информациите за потрошена енергија до ЕВН, која е должна да изврши коригирање на фактурите, повика денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, по добиените реакции од граѓани за високи сметки за струја за месеците април и мај. Податоците од своите броила, посочи тој, граѓаните може да […]

Србија ќе гради брза пруга и од Белград до Ниш


Српската вицепремиерка и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, изјави денеска дека Србија инвестира вкупно околу 6,5 милијарди евра во модернизација на железничката пруга и дека е планирано да се изгради брза пруга од Белград до Ниш, јави дописникот на МИА од Белград. -Србија е транзитна земја и за да се поврзе со […]

Европски суд за човекови права: Љубе Бошкоски немал правично судење


Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење и да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија Обединети за Македонија за време на изборите во 2011 година. […]

Во петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат


План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење со важност од 04.06.2020 година од 00.00 часот до 07.06.2020 до 24.00 часот Четврток 04.06.2020 година Возови кои нема да сообраќаат: – релација Скопје – Гевгелија – Скопје: 1. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје по возен ред во 16:55 часот. – релација […]

Најстарата градба на древните Маи


Археолози од Мексико и од американскиот Универзитет на Аризона открија древна тврдина во југоисточно Мексико, за која се верува дека е најстарата градба што им припаѓала на старите Маи. Американскиот археолог Такеши Интомат смета дека таа е изградена пред 3.000 години. Долга е 1.400 метри, широка – 400, а висока меѓу 10 и 15 метри. […]

Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста


Министерството за информатичко општество и администрација информира дека претходно издадените дозволи за движење кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на викендот, односно од 5-ти заклучно до 7-ми јуни. За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола. Како што се наведува во соопштението, до категорија на дозволи кои […]

Повеќе од 110 нови случаи на Ковид-19, најмногу во еден ден досега


Повеќе од 110 нови случаи со корона вирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје. Од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје. Ова највисок број на заразени во еден ден во земјава. Досега најмногу заболени 107 […]

Тропската бура Кристобал го поплави Мексико


Тропската бура Кристобал предизвика поројни дождови и големи поплави во некои делови на Мексико, но според прогнозите би можела до вечерва да премине во „тропска депресија“, соопшти американскиот Центар за урагани. Бурата Кристобал, со брзина на ветрот од 75 километри на час, го погодила брегот на Мексико 35 километри од Сијудад дел Кармен. Според американскиот […]

Селекцијата за Спортската академија ќе се врши на отворени терени


Селектирањето на учениците кои сакаат да се запишат во Спортската академија ќе се врши на спортски терени од отворен тип, а терените мора да имаат посебен дел за публика каде ќе бидат распоредени учениците, предвидува Протоколот за спроведување на проверка на способностите за спортски вештини на учениците кои имаат интерес да се запишат на Академијата. […]

Морален пораз на Мицкоски


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Она што сака да го прикрие Мицкоски е дека тука не станува збор за големината на неделото, т.е. прекршокот, туку за него како морален пример, а уште повеќе за порака какво ќе биде неговото владеење ако тој биде иден премиер    Членството на ВМРО-ДПМНЕ изминатата ноќ имаше тешка задача на социјалните мрежи да […]

ОРМ: Дури 40.000 работни места се во ризик поради корона кризата


Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата има големо влијание на 82 отсто од македонските компании. Девет сектори во кои се ангажирани 62 отсто од вкупниот број вработени во стопанството се најмногу погодени од кризата, а дури 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик. Без адекватни мерки и поддршка за овие компании и вработени, сегашната стапка […]

Објавен протоколот за превентивни мерки за сите работни места


Универзалните мерки за спречување на пренесувањето на Ковид-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работни места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, ги вклучуваат следниве мерки: Хигиена на рацете • Редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за […]

Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ на терен делат маски


Го прочитав постот на д-р Беќаровски околу тоа дека е дојдено време за заедно да упатиме апел за почитување на протоколите кои пропишува здравствената комисија. Тоа е добро разгледување на колегата. Јас горе доле се согласувам дека ова не е проблем на една етничка заедница, туку за сите граѓани на Македонија. Јас и Села многу […]

Обама повикува на „вистинска промена во САД“ и на преиспитување на употребата на сила


Поранешниот американски претседател Барак Обама вчера ги повика Американците да ја искористат итноста на протестите заради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за да донесат „вистинска промена“ во САД. Обама, кој првпат ги коментира немирите во десетиците американски градови, ги повика сите градоначалници, во консултации со граѓаните, да ја преиспитаат политиката за употреба на сила од […]

Клаус: Изборите во Северна Македонија ќе имаат влијание врз некои земји членки на ЕУ


Германскиот амбасадор при ЕУ утрово повтори дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија се меѓу главните приоритети на претстојното германско претседателство, но посочи и дека „некои земји членки“ најавиле дека изборите ќе влијаат врз нивниот став, јави дописничката на МИА од Брисел. Амбасадорот Микаел Клаус утрово ја презентираше програмата на германското претседателство кое […]

Започна голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС


АПИС Македонија донираше медицинска опрема во вредност  од 40.000 евра на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје Справувајќи се со предизвиците наметнати од пандемијата на вирусот COVID-19 и водејќи се од својата заложба за општествена одговорност, денес се реализираше првата од серијата донации за здравствените институции од страна на компаниите, членки […]

Четири лица повредени во оружен напад во Лондон


Четири лица се повредени при напад со огнено оружје во северниот дел на Лондон, а засега никој не е уапсен, соопшти денеска британската полиција. Инцидентот се случил синоќа, а меѓу повредените има и едно дете. Засега не се соопштени повеќе детали за нападот, а истрагата е во тек.

Предложени парични казни за 17 лица во Скопје​


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на земјава, па за време на […]

Игор Иванов-Изи: Нападот на Тозија е напад на Агенцијата за филм


Филмот е рефлексија на случувањата во општеството. Дневно-политичките случувања можеби не влијаат директно на авторите и нивната авторска визија, но сепак и тоа како политиката допира до нас, преку поддршка или отсуство на поддршка, преку фаворизирање на селектирани поединци, преку репресија на мислата или давање услови таа да се искажува слободно, преку негување на систем […]

Убиениот Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус


САД- Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-Ен-Ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека ПЦР тестот бил направен за време на обдукцијата и дека тој може да покаже позитивен резултат и неколку недели по заблувањето со Ковид-19. Тој додал дека Флојд веројатно бил асимптоматски случај, па вирусот немал […]