Снег го изненади северозападот на САД, Сиетл блокиран


Граѓаните на Сиетл, кои се навикнати на дожд, ги изненади снегот, па се шегуваат дека северозападот на САД се соочува со „снежна апокалипса“. Делови од северозападот на САД се погодени од необично големи наноси од снег, а се работи за дел од Америка кој повеќе навикнал на дожд, па снежната бура ги изненади и властите …

Снег го изненади северозападот на САД, Сиетл блокиран Read More »

Австралија и Франција склучија договор за изградба на 12 подморници


Австралија и Франција потпишаа договор вреден 50 милијарди долари за изградба на 12 подморници во француските бродоградилишта за потребите на австралиската Воена морнарица, јави дописникот на МИА. Австралискиот премиер Скот Морисон го поздрави овој „многу амбициозен план” на церемонијата во Канбера, во присуство на француската министерка за вооружените сили Флоранс Парли, потсетувајќи дека тоа е …

Австралија и Франција склучија договор за изградба на 12 подморници Read More »

Манчестер сити одреди колку може да плати за Иско


Шампионот во Премиер лигата, Манчестер сити е заинтересиран во своите редови да го донесе играч од средниот ред на Реал и шпански репрезентативец Иско. Според „Дон Балон“ англискиот клуб е подготвен да плати 75 милиони евра за евентуален ангажман на Иско. Тренерот на „граѓаните“ Јозеп Гвардиола, во Иско гледа долгорочна замена за Давид Силва. Дваесет …

Манчестер сити одреди колку може да плати за Иско Read More »

ММФ: Можна е глобална економска бура


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека постои опасност од „економска бура“ во светот, од причини што растот на глобалната економија е помал од очекувањата. – Проблемот е во тоа што гледаме дека економијата расте многу побавно отколку што очекувавме, изјави Лагард. ММФ минатиот месец ја намали прогнозата за растот на глобалната …

ММФ: Можна е глобална економска бура Read More »

Утрово Куманово најзагаден град во Македонија


Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3. Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис. Граѓаните бараат бараат …

Утрово Куманово најзагаден град во Македонија Read More »

При Брегзит без договор, во Германија 100.000 луѓе ќе останат без работа


Излегувањето на Велика Британија од Европска унија без договор би можело да ја чини Германија 100.000 работни места, покажува најновото истражување објавено во „Велт ам Зонтаг“. – Ниту во една друга земја ефектот на вкупната вработеност не е така голема како во Германија, истакна еден од авторите на истражувањето Оливер Холтемоелер. Тој додаде дека со …

При Брегзит без договор, во Германија 100.000 луѓе ќе останат без работа Read More »

Денес се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје


Во текот на денешниот ден, според најавите на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје во кој ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, …

Денес се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје Read More »

Владината зграда подготвена за новиот натпис „Влада на Република Северна Македонија“


По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија. Во Службе весник ќе биде објавен …

Владината зграда подготвена за новиот натпис „Влада на Република Северна Македонија“ Read More »

ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“


Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Брисел. Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. Македонија треба …

ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“ Read More »

Заев од Сараево: Обединувањето што го создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан


Единството и обединувањето што ги создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан и заеднички да се движиме кон европска иднина, истакна премиерот Зоран Заев во Сараево, Босна и Херцеговина, по церемонијата на отворањето на Европските младински олимписки игри на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Нашата држава на овој фестивал ја претставуваат Ана – Марија …

Заев од Сараево: Обединувањето што го создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан Read More »

Комисиите во култура повторно ќе се состанат за субвенциите


Стручните комисиите што ги разгледуваа проектите по дејности за Годишната програма на Министерството за култура денеска ќе се состанат за повторно да ги разгледаат одбиените проекти за кои најмногу се крена врева во јавноста. Годинава најмногу внимание предизвика музичко-сценската дејност во која првпат не им се доделени парични средства за поддршка на фестивали и манифестации …

Комисиите во култура повторно ќе се состанат за субвенциите Read More »

Социјалдемократи на Северна Македонија, ново име на СДСМ?


Социјалдемократи на Северна Македонија (СДСМ) или само Социјалдемократски сојуз (СДС) – се двете можни варијанти за промена на називот на владејачката партија, согласно со новото име на државата чија примена почнува од оваа недела. Не е исклучено веќе на априлските избори за шеф на државата СДСМ да настапи со модификувано име. Висок партиски функционер во …

Социјалдемократи на Северна Македонија, ново име на СДСМ? Read More »

Амбасадорот Ѓорги Филипов ќе се пријави во СДСМ за претседателски кандидат


Во СДСМ денеска треба да пристигне првата пријава на огласот за избор на претседателски кандидат на партијата за изборите на 21 април. Амбасадорот Ѓорги Филипов, во соопштение до медиумите, најави дека денеска во 12 часот ќе ја поднесе пријавата на отворениот повик на СДСМ за претседателските избори 2019, по што ќе одржи прес-конференција. Филипов е …

Амбасадорот Ѓорги Филипов ќе се пријави во СДСМ за претседателски кандидат Read More »

Средба на Заев со нашите олимпијци во Сараево


Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево, македонскиот премиер Зоран Заев се сретнал со македонските претставниици на овој настан – Ана Марија Зафировска и Никола Петковски. Тие ќе се натпреваруваат во дисциплината “крос кантри”, а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство. „Сигурен сум дека ова е одлична можност за подготовка …

Средба на Заев со нашите олимпијци во Сараево Read More »

Што треба да знаете за аерозагадувањето


Аерозагадувањето претставува концентрација на штетни материи над толерантната граница (максимално дозволените концентрации – МДК), но оваа концентрација зависи не само од интензитетот на изворите на загадување, туку и од локалните услови во поглед на воздушните струи, врнежи, конфигурација на теренот итн. Аерозагадувањето на населението може да биде директно и индиректно. Аерозагадувањето директно ја оштетува слузокожата …

Што треба да знаете за аерозагадувањето Read More »

Конгрес во Солун


Александар Кржаловски Добро, не беше баш „конгрес“, но минатата недела организацијата што ја раководам – Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) одржа седница на Управниот одбор во Солун. Но, да, една од инспирациите за ова да се случи потекнува од познатата изјава од почетокот на деведесеттите на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, дека некој …

Конгрес во Солун Read More »

Над 500 планинари се искачија на врвот Клепа во чест на Калина и Александар


Над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006“ од Врање денеска се искачија на врвот Клепа на надморска височина од 1150 метри, во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски кои на денешен ден пред една година загинаа на Кајмакчалан. Искачувањето го организираа општините Градско и Росоман и еколошките друштва „Грин …

Над 500 планинари се искачија на врвот Клепа во чест на Калина и Александар Read More »

Адеми: Јавно ќе се преиспитаат апликациите за кои има сомнежи


Сите проекти и апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста и сите апликанти кои се одбиени пак ќе се анализираат. Тоа го побарав од Комисијата и уште утре од 10 часот ќе почнат со работа, изјави министерот за култура Асаф Адеми по реакциите за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти …

Адеми: Јавно ќе се преиспитаат апликациите за кои има сомнежи Read More »

Анкета: Трајни прифатилишта – решение за кучињата скитници


Најсоодветно решение за проблемот со кучињата скитници е да се обезбедат прифатилишта во кое ќе бидат сместени неограничено, сметаат мнозинството граѓаните – над 60 проценти опфатени со истражување објавено во емисија на ТВ Сител, во која гостуваа Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, Радмила Пешева, активистка на „Анима мунди“ и Димитар Терзиевски од Агенцијата за храна …

Анкета: Трајни прифатилишта – решение за кучињата скитници Read More »

Помпео во Централна Европа, главна тема влијанието на Кина и Русија


Вашингтон – Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре ќе допатува во повеќедневна посета на Централна Европа. Како што пренесуваат светските агенции, на врвот на неговата агенда е зголеменото влијание на Кина и Русија во тој регион. Според американски официјални претставници, Помпео за оваа проблематика ќе разговара со лидерите на Унгарија и Словачка, во понеделник и …

Помпео во Централна Европа, главна тема влијанието на Кина и Русија Read More »