МЗШВ: Непречено се одвива извозот на праски


 Извозот се одвива непречено и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија и Косово. Ова денеска го констатираа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија кои денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев. На средбата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, […]

„Катимерини“: Северна Македонија веројатно кон крајот на годинава ќе добие поддршка од ЕУ за почеток на преговорите


Северна Македонија веројатно кон крајот на годинава ќе добие поддршка од ЕУ за почеток на преговорите за членство, додека во случајот на Албанија и пристапните преговори со ЕУ на таквата одлука се противат Франција, Германија и Холандија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори. И покрај реториката дека ЕУ треба да прифати нови […]

Тимоние: Претстои суштинска работа за да се подготви земјата да ги води преговорите


Треба да бидеме јасни. Франција ја поддржува Северна Македонија, Франсоа Лафон е експерт кој помага на тој пат и работи во Кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Претстои вистинска, суштинска работа за да се подготви земјата да ги води преговорите, што ќе значат внатрешни чекори што треба да се спроведат. Знам дека тоа сите […]

Следните денови ќе има пороен дожд, грмежи и ветер


Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање. Минималните температури во […]

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава


Кредитната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+ што е прво зголемување по 13 години. Тоа, според министерот за финансии Драган Тевдовски, е најдобра потврда за исправноста на политиките што ги презема Владата и оти економијата се движи во вистинска насока. -Ова е голем успех за нашата земја и големо […]

Туристичката кампања „Македонија вечна“ преименувана во „Северна Македонија вечна“


Северна Македонија го промени името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, земјава го коригирала името на кампањата ја вметнала географската одредница во согласност со Преспанскиот договор, објави грчкиот медиум „Прототема“. -Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како […]

Тимоние: Претстојните месеци да се искористат за да може реформската агенда целосно да се спроведе


Одредени реформи се веќе спроведени, остануваат и други реформи што треба да се спроведат и навистина билансот е веќе направен. На почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат, но исто така и на почетокот на есента. Рано е да се прават анализи. Се наоѓаме во суштинскиот период за Европската Унија, впрочем исто […]

Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко


Се повеќе луѓето кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во Полошкиот регион започнуваат со одгледување малини. Наместо нивите и имотите со луцерка, компири и слично, се засадува малина, која се смета за доходовна култура, а пласманот е претежно за странските земји. Со единствениот откупувачки центар ЛК „Распбери“ лоциран во тетовско Јанчиште сè повеќе земјоделци […]

Изминатава недела 70 граѓани заболеле со морбили


Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјава е 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца, информира денеска Министерството за здравство. -Родители ја препознаа важноста […]

Старт на Копа Америка со 100-та победа на Бразил


Со стота победа на Бразил во Копа Америка, што домаќините ја постигнаа на синоќешниот натпревар против Боливија со резултат 3-0, стартуваше годинешното фудбалско првенство на американскиот континент. Бразил иако доминираше во текот на целиот натпревар, сепак поради големиот отпор на Боливија, првиот гол успеа да го постигне дури во 50. минута, и тоа преку пенал […]

Во Скопско казнети 77 возачи за брзо возење


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира 77 возачи што ја пречекориле дозволената брзина (10 надвор од населено место и 67 во населено место). На прекршителите, […]

За Задушница изменет сообраќаен режим


На сообраќајниците околу гробиштата во Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во периодот од 06 до 16 часот поради верскиот празник Задушница. Возилата кои ќе се движат кон гробиштата Бутел, ќе бидат упатувани по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова”, а ќе […]

Европол: ИД мобилизира се повеќе жени


Жените почнуваат да играат се поважна улога во џихадистичката организација Исламска држава, како во борбите, така и во терористичките напади во западните земји, соопшти Европската полициска агенција – Европол, предупредувајќи дека тоа може да има долгорочни последици за други џихадистички групи. Задачите на жените ги опфаќаат „медиумите, секторите за здравство и образование“ – сите одговорности […]

Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ


Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот. Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, […]

САД се фокусирани на постигнување консензус за нападите во Оманскиот Залив


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е фокусирана на создавање меѓународен консензус за нападите врз нафтените танкери на Блискиот Исток, за кои САД го обвинуваат Иран, изјави американскиот вршител на должност министер за одбрана Патрик Шенахан. – За мене и за советникот за национална безбедност Џон Болтон, како и за државниот секретар Мајк Помпео фокусот […]

Денеска е Задушница, утре Духовден


Христијаните денеска празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува слегувањето на […]

Времето денес сончево и топло со температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината […]

Леонардо, нов спортски директор на ПСЖ


Поранешниот спортски директор на Милан, бразилецот Леонардо, повторно ќе ја извршува истата функција но овој пат во ПСЖ. Веста ја потврди самиот француски шампион кој овој пат наместо фудбалери како засилување за следната сезона го најави новиот спортски директор Леонардо, кој ќе го замени Антеро Енрике кој денеска ја напушти таа функција. Бразилецот се води […]

Дождот во Охрид повторно ги исфрли на површина старите проблеми


Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд попладнево го зафати Охрид. Десетина минути, колку што врнеше дождот, ги исфрли на површина проблемите со одводот и канализациската мрежа во Стариот дел на градот. При секој посилен дожд канализациската мрежа не може да ја прифати атосферската вода, која избива од шахтите и на површина ги исфрла фекалиите, […]

На свадбата на Рамос ќе свират AC/DC


Фудбалерот и капитен на Реал Мадрид Серхио Рамос по долгогодишна врска со Пилар Рубио, стапува во брак, а во Шпанија ова го нарекоа „свадба на векот“. Ова е најактуелната тема во шпанските медиуми кои од ден на ден изнесуваат се повеќе детали во врска со венчавката на Рамос. Откриваат дека за присутните гости ќе свири […]