Туристичката кампања „Македонија вечна“ преименувана во „Северна Македонија вечна“


Северна Македонија го промени името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, земјава го коригирала името на кампањата ја вметнала географската одредница во согласност со Преспанскиот договор, објави грчкиот медиум „Прототема“.

-Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи да ја вклучат географската одредница во главниот слоган ‘Македонија вечна’, пишува „Прототема“ .