Претседателот Пендаровски ја прими австралиската амбасадорка Рут Карис Стјуарт


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Рут Карис Стјуарт, амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, како и информации за актуелните случувања во двете земји.  – Претседателот Пендаровски го потенцираше интересот на […]

Ангеловски и Николов: Полска е фаворит во групата, но многу работи ќе зависат само од нас


Македонската фудбалска репрезентација денеска го започна официјалниот подготвителен период за квалификациските натпревари за ЕУРО 2020. против Полска (7. јуни, 20:45) и Австрија (10. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски на денешниот брифинг изрази задоволство од одработениот, прв дел од подготовките и поради фактот дека здравствениот билтен […]

Контраофанзива на Мексико по најави за зголемени царини на САД


Мексико почна контра-офанзива по закани за американски такси, со порака дека мерките преземени од страна на американската администрација против мигранти спречиле стотици илјади луѓе да стигнат до САД. Мексико денеска објави дека ќе одбие договор за „трета безбедна земја” врз основа на кој се бара од азилантите прво да поднесат барање за азил во Мексико. […]

Град Скопје ќе го награди Вардар со 6 милиони денари


По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање  пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите. Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства […]

Британската кралица го прими американскиот претседател


На почетокот на тридневната посета на Велика Британија, британската кралица Елизабета во Бакингамската палата ги прими американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. Согласно кралската церемонија, кралицата и Доналд и Меланија Трамп имаат формален ручек, потоа е предвиден чај со принцот Чарлс и посета на Вестминистерската опатија. Но сенка на посета фрлија изјавите на […]

Град Скопје повика на спортско однесување и прослава при пречекот на Вардарци


Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“. Тие сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а изразија и несогласување со изолираните случаи кои, како што се наведува, сакаат да стават дамка на прославата. […]

Повеќе од 500 судии ја тужaт Турција пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур


Европски суд за човекови права (ЕСЧП) прими 546 тужбени барања кои се однесуваат на привремената мерка затвор на судии во Турција по неуспешниот државен удар на јули 2016 година, објави денеска судот, јавува дописникот на МИА од Франција. -На различни датуми, 546 жалители, сите судии беа суспендирани од нивните должности (…), бидејќи тие биле членови […]

Пендаровски: Членството во НАТО е клучен кохезивен фактор во нашето мултиетничко општество


Во сиот свој професионален работен ангажман ме водеше идејата да помогнам во процесите кои денес ја донесоа државата до полноправно членство. Ве уверувам дека како претседател на Северна Македонија во мене и во мојот тим имате партнер и поддржувач на се она што е и ќе биде регионален и глобален приоритет на Алијансата, истакна претседателот […]

Новиот Закон за прекинување на бременоста објавен во Службен весник


Министерството за здравство информира дека новиот Закон за прекинување на бременоста е донесен и објавен во Службен весник под бр.101 од 22.05.2019 година. Законот стапува во сила осум денови по неговото објавување. Со новиот Закон, како што соопштуваат, се укинуваат постојните административни процедури-бариери, што го одложуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Првпат, се […]

ЦИВИЛ: Спортот треба да ги надминува етничките разлики, а не да ги разгорува


Во пресрет на денешниот пречек на ракометарите на „Вардар“ коишто вчера ја освоија европската титула, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да не потклекнуваат на провокации и мирно и достоинствено да го прослават враќањето на европските шампиони. ,,Ги повикуваме ракометарите остро да го осудат секој обид за ширење на говор на омраза […]

Nikollovski: Deri në fund të javës do të ketë sinjale më të qarta për rikonstruksionin e Qeverisë


Vazhdojnë konsultimet  e kryeministrit me partnerët e koalicionit dhe presim që deri në fund të kësaj jave do të ketë hap serioz për konceptin e punës së Qeverisë dhe propozimeve që kryeministri duhet që të parashtrojë në Kuvend, deklaroi sot sekretari i përgjithshëm i LSDM-së dhe ministri i Bujqësisë Lupço Nikollovski. Nikollovski pret që në […]

Изгоре автобус кај клучката кон штипското село Пиперово


Изгоре автобус на регионалниот пат Штип-Неготино, на клучката кон штипското село Пиперово, кој превезувал ученици на екскурзија. Повредени патници нема. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека настанот е пријавен во 10.10 часот од страна на Територијалната Противпожарна единица-Штип, којашто веднаш излегла на местото на настанот. Според информациите од директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Трајче […]

Знамето на НАТО подигнато на јарболот пред Собранието


Пред Собранието на Република Северна Македонија од денеска официјално заедно со државното знаме се вее и знамето на НАТО. Инаку, претседателот на Собранеието Талат Џадери синоќа беше домаќин на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на амбасадорите во Северноатлантскиот совет од 29-те земји членки, кои денеска го одржаа првиот состанок по потпишувањето на Протоколот […]

Два автомобила оштетени, две лица повредени и шестмина приведени на прославата за „Вардар“


Две патнички возила се оштетени, а две лица се повредени при вчерашната прослава по повод победата на РК „Вардар“ на плоштадот „Македонија“. При тоа полицијата приведе шест лица. -На 2 јуни 2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот […]

Оправдано отсутен


ЃОРЃИ СПАСОВ Да умревме вчера, немаше да дознаеме дека мозокот на грабежот на столетието во Македонија, почесниот претседател на македонската најреволуционерна организација, да ти бил „оправдано отсутен“ од земјава. Нему, според почитувачите на неговиот лик и дело, не му било дозволено од Будимпешта, во која доби политички азил, да го известува претседателот на Собранието дека […]

МВР ќе санкционира секаков инцидент на пречекот на ракометарите „Варадар“


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на европските шампиони ракометниот клуб „Вардар“ и ќе биде најстрого санкциониран било каков обид за предизвикување на инцидент, како што беше направено на синоќешната прослава. Притоа, од МВР укажуваат дека радувањето на спортските успеси […]

„Тепачки“ за паркинг во Тетово


Тепачки за паркинг места меѓу граѓаните, но и чести напади врз вработените во јавното претпријатие градски паркинг. Чести се ваквите слики низ Тетово, а особено тоа важи околу зелениот пазар во центарот на градот. Големата фреквенција на луѓе и возила е причината недоразбирањата да ескалираат во физички конфликти. Околу зелениот пазар има два затворени паркинзи, […]

Николовски: До крајот на неделава појасна слика за реконструкцијата на Владата


Во тек се консултациите на премиерот со коалициските партнери и очекувам до крај на неделава да имаме сериозен исчекор за концептот на работата на Владата  и предлозите што премиерот треба да ги достави до Собранието, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ и министер за земјоделство Љупчо Николовски. Николовски очекува дека во наредните денови ќе има […]

Кичевското обвинителство ќе го гони Ел Чека


Основното јавно обвинителство Кичево е надлежно за постапување за неовластено објавените снимки на Фејсбук профилот на жител на кичевското село Турин. Како што соопшти Јавното обвинителство, кичевецот кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, каде преку неговиот фејсбук профил „Ел Чека“ неовластено објавува снимани материјали и побара од надлежните органи во САД да преземат мерки да не […]

Во првото тримесечје на годината 9.100 слободни работни места


Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број на слободни работни места, односно 2.443 има за услужните дејности и продажба. Според статистичките податоци, највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала секторот Снабдување со електрична […]