Во Романија не успеа референдумот за забрана на истополови бракови


Романија– Дводневниот референдум во Романија, на кој гласачите одлучуваа за уставна измена според која семејството ќе се дефинира како заедница помеѓу маж и жена, со што ќе се забрани истополовиот брак, не успеа, бидејќи не излегоа доволен број гласачи. Централната избирачка канцеларија соопшти дека по затворањето на гласачките места, на референдумот излегле 20,41 отсто од вкупниот […]

Трет меѓународен ГастроМак: Врвни светски готвачки повторно се собираат во Македонија


Врвни светски готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија, а поводот е стартот на Третиот меѓународен гастрономски натпревар – ГастроМак Македонија 2018, којшто се одржува од денеска до 12 октомври во Струмица, а традиционален домаќин повторно ќе биде Хотелот Вила Парк. Овој годишен светски собир на кулинарските мајстори и натпреварувачи, којшто ќе се случува по […]

Интерпол: Претседателот Хонгвеј поднесе оставка пред заминувањето за Кина


Франција-  Високиот кинески официјален претставник Менг Хонгвеј, чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред десет дена, поднесе оставка од функцијата претседател на Интерпол во пресрет на заминувањето за Кина, соопшти Интерпол. Интерпол не ја појасни причината за неговата оставка, но соопшти дека таа веднаш стапила на сила. Во соопштението се наведува дека вршител на должноста претседател […]

Умерено облачно време со повремен слаб дожд


Времето ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови локален слаб дожд. Утринските температури ќе се движат од пет до 13 степени, а дневните од 22 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од североисточен правец. Утринската темература ќе се […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Одморени и спремни да ја покажете својата повеќекратна личност, отстапувате во интимните и професионалните врски и покажувате спремност да се носите со сите предизвици. Дури и да немате заеднички афинитет, сепак придружете им се на останатите и помагајте. БИК: Вашата душа е отворена и сега имате поголемо разбирање за креативните и конструктивните процеси. Доколку некој сепак […]

LSDM: Opsionet e Mickoskit janë të palogjikshme


Në opsionet e ofruara nga kreu i opozitës Hristijan Mickovski, LSDM-ja sheh kërkesën për amnisti të ish kryeministrit, Nikola Gruevski. Nga partia në pushtet thonë se shumica qytetarëve janë për integrimin e vendit në NATO dhe BE, si dhe për funksionimin e shtetit ligjor dhe luftës kundër krimit. Andaj, LSDM-ja nuk do të lejojë amnisti. […]

Денеска пресуда за Јанкулоска во издвоената постапка за „Тенк“


Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“. Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади […]

Moti sot në Maqedoni


Moti sot në Maqedoni do të jetë me diell dhe vranësira, ndërsa pasdite në pjesën perëndimore të vendit do të ketë kushte për reshje të shiut. Temperaturat minimale do të lëvizin prej 5 deri 13 gradë celcius, ndërsa ato maksimale do të jenë në interval prej 22 deri 28 gradë celcius. Prej nesër moti pritet […]

Ќе се пече ли ДИК трипати во шест месеци?


Со уште несредени впечатоци од референдумот, членовите на Државната изборна комисија се во исчекување дали можеби уште оваа седмица ќе треба да почнат со подготовки за спроведување предвремени парламентарни избори на 25 ноември, како прв термин што го најави премиерот Зоран Заев. Според првичните најави, доколку во наредните два дена не се постигне договор со […]

Уставните измени чекаат договор, исходот познат кон средината на неделава


Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во […]

Додик, Џаферовиќ и Комшиќ прогласија победа на изборите во БиХ


Милорад Додиќ во трката за српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина освои најголем број гласови – 55,15 отсто од гласовите на граѓаните, додека Младен Иваниќ доби 41,98 проценти од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на БиХ  врз основа на гласовите од 43,42 отсто од избирачките места. Во трката за бошњачкиот член […]

Рускиот амбасадор во Тирана: Русија не се меша во Македонија


Рускиот амбасадор во Тирана, Александар Карпушин за време на престојот во градот Корча изјави дека прашањето за името на Македонија и членството во НАТО е одлука на народот. Тој ја отфрла можноста за вмешаност на Русија во ова, но од друга страна ја советува Македонија да не брза да стане дел од НАТО. Сметам, додава тој, […]

Мурали насликани на фасади во Струга


Фасадата на влезот од основното училиште „Јосип Броз Тито“ доби нов лик, шарена со два мурали насликани од познати македонски уметници во рамките на првиот фестивал на муралот „Мурал фест Струга“ што од петокот до денеска се одржува во Струга. Уметниците својата креативност ја изразуваат на повеќе локации низ градот вклучувајќи јавни и приватни објекти, […]

Британскиот маратонец Фарах победи во Чикаго и постави нов европски рекорд


Британскиот атлетичар Мо Фарах победи на маратонот во Чикаго и на американско тло постави нов европски рекорд. Тој маратонот го истрча за време од два часа, пет минути и 11 секунди и го подобри неговото најдобро време за 70 секунди. Втор маратонот го заврши Мосинет Геремев од Етиопија, а трет на целта пристигна Јапонецот Сугури […]

Убиена бугарската новинарка Викторија Маринова


Бугарска новинарка е силувана и убиена во градот Русе во северна Бугарија, јавија денеска локалните медиуми. Новинарката Викторија Маринова (30) била убиена вчера и работела како истражувачки новинар. Таа била и уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија. Полицијата тврди дека нема докази дека убиството е […]

Кина: Хонгвеи е под истрага заради сомневање за прекршување закони


Дисциплинскиот орган на КП на Кина соопшти денеска дека претседателот на Интерпол Менг Хонгвеи е под истрага заради сомневања дека прекршил закони. Станува збор за висок кинески претставник чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред 10-на дена. Менг Хонгвеи кој е замнеик кинески министер за јавна безбедност е „осомничен за кршење на закони и моментно […]

„Напред розово“, поддршка на пациентите со рак на дојка


Пациенти со рак на дојка, излечени од оваа болест и граѓани поддржувачи денеска по десетти пат учествуваа во традиционалната „Напред розово“ прошетка за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка во Македонија. Mинистерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на манифестацијата во Градскиот парк во Скопје, порача дека раната детекција и скринингот може […]

Притворени лица за продавање гласови на изборите во БиХ


Најмалку 11 лица беа сослушани во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Српска поради сомневање дека купуваат гласови на денешните избори во БиХ. Притворените, наводно, продавале гласови во областа на Источно Сараево, Источно Ново Сараево, Пале, Хан Пјесак и Соколац. За тоа е известена и Централната изборна комисија и Обвинителството на БиХ. Групата […]

Ракометарите на Металург изгубија од Силкеборг


Ракометарите на Металург претрпеа пораз од 33:25 на гостувањето во Данска кај Силкеборг во натпревар од четвртото коло во групата Ц од Лигата на шампионите. Во првите 15-тина минути од натпреварот имаше релативно израмнета контрола на теренот во која се играше гол за гол. Потоа, Металург ги искористи грешките на фаворизираните домаќини и успеа да […]

Трагедија во Њујорк: Лимузина усмрти 20 пешаци


Дваесет луѓе загинале во градот Скохери откако на нив налетала лимузина во движење, соопшти денеска полицијата во американската држава Њујорк. Возилото, според локалните власти, со голема брзина се спуштило низ едно височина и налетало на минувачи во област од градот што е туристичка атракција. Инцидентот се случил синоќа во градот Скохери на околу 270 км […]