Во Русија се урна авион за обука, пилотите се катапултираа


Во јужниот руски регион Краснодар се урна авион за обука Л-39, а двајцата пилоти се катапултираа, соопшти регионалната Служба за вонредни ситуации. Во несреќата нема повредени лица. Според руските медиуми во леталото биле само двајцата пилоти кои се катапултирале.

Јанакиевски до Гордана во 2013-та: Да направите собраќајка, „Шиптариве“ да не стигнаат до Кичево да гласаат


Судењето за Титаник на СЈО за изборните нерегуларности продолжува на 24 октомври откако на денешното рочиште во Кривичниот суд беа пуштени околу 90-ина „бомби“ и беше прекинато по барање на обвинетиот Илија Димовски да може да присуствува на седница на собраниска комисија. Во предметот „Титаник“ предложени се повеќе од 1.000 аудио снимки во листата на материјални докази […]

Метју Палмер на 22 октомври во Македонија


Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник на 22 октомври ќе престојува во посета на Македонија за да разговара за американската поддршка на договорот од Преспа и за важноста на македoнската реформска агенда, соопшти амбасадата на САД во Скопје. Палмер ќе се сретне со владини и политички претставници, меѓу кои и премиерот Зоран […]

Собранието донесе одлука за оглас за членови на Антикорупциска


Пратениците во рамки на 60. седница за вицегувернери на Народната банка на Македонија беа избрани Емилија Нацевска и Ана Митревска. Беше усвоена одлуката за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесен од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Димовски образложи дека Антикорупциска подолго време е без членови и дека имајќи предвид дека се […]

Кукан и Мекалистер: Пратениците имаат слободен мандат и одговорност


 Европратениците Дејвид Мекалистер и Едуард Кукан по собраниската дебата за предлогот за пристапување кон уставни измени денеска во заедничка изјава потенцираа дека Договорот од Преспа е историска можност за европска иднина на земјата, а оти пратениците ја поседуваат клучната одговорност во одредување на политичката насока на земјата.  – Договорот од Преспа од 17-ти јуни 2018 година […]

Шепкачот на Трамп


Иан Бурума Има многу чудни придружници на американскиот претседател Доналд Трамп, но малкумина се толку чудни – или толку злобни – како 33-годишниот Стивен Милер, висок советник за политика на Трамп. Милер личи на припадник на екстремната десница, кои се почести во Европа отколку во САД: млад, залижан, со скап костум, дури и денди. Тој […]

Косово: Уапсени пет лица за шверц со оружје


Косовската полиција денеска соопшти дека по преземена обемна акција во регионот на Приштина и на Косовска Митровица, уапсила пет лица осомничени за нелегална трговија со оружје. Сите петмина уапсени во акцијата насловена „Труда“, се државјани на Косово од албанска националност и се на возраст од 38 до 65 години. По претресот по налог на надлежно […]

ОБСЕ загрижена за иднината на албанските портали


Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите, Арлем Дезир денеска изрази загриженост во врска со новиот систем за регистрација на интернет порталите во Албанија, кои доколку не бидат регистрирани им се заканува затворање. На 15 октомври албанската Агенција за електронски и поштенски комуникации објави листа од 44 медиуми […]

Во близина на Стража се преврте камион полн со овци


Камион полн со овци се преврте во близина на превојот Стража. Во сообраќајната несреќа, која се случи по 16:30 часот, настрадаа голем број овци. Полицијата е на лице место и се очекува да излезе со детална информација за причините на несреќата. Сообраќајот се одвива по една собраќајна лента, а полицијата го регулира сообраќајот.

Челзи најде начин да го задржи Азар


Челзи ќе стори се за да ја задржи својата голема ѕвезда, Еден Азар. Претходно, во текот на неделата се појави информација дека Белгиецот го информирал раководството на клубот оти е подготвен да започне официјални разговори за обновување на својот договор. Тековниот договор на фудбалерот со лондонскиот клуб истекува во летото 2020 година. Раководството на „сините“ […]

Икарди: Интер е мојот дом, ќе се разбереме за договорот до Божиќ


Неколку дена пред големото дерби во Милано, капитенот на Интер, Мауро Икарди даде опширно интервју за „Скај Спорт“, во кое ги сподели своите очекувања од неделното „Дерби дела Мадонина“, претстојната средба со Барселона, како и какви се неговите идни планови. Икарди подолго време е поврзуван со трансфер во друг европски гигант, но Аргентинецот призна дека […]

Ќе пукне ли зора во белиот дворец


Александра М.Митевска Може само да се претпоставува дали на американскиот помошник на државниот секретар во Стејт Департментот Вес Мичел му се стемнило или му се разденило кога го прочитал ноншалантниот одговор што му го испрати Христијан Мицкоски. На пораката на Мичел дека е разочаран од позициите на водачите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски возврати со поговорка „секогаш […]

Разбојници во Струга претепале едно лице и му одзеле девизи и денари


Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага две лица за сторено кривично дело Разбојништво (соизвршителство) од како и против едно лице за сторено кривично дело Разбојништво (поттикнување и помагање) кои нападнале едно лице и му одзеле поголема сума пари што ги носело со себе. Осомничените, на 27 август на улицата „Битолски конгрес“ во Струга, нападнале едно […]

Иванов: Да се почитува суверената волја на граѓаните на референдумот


Претседателот Ѓорге Иванов ги прими денеска акредитивните писма на Војчех Јежи Тичињски, новоименуван амбасадор на Полска во Македонија. Иванов на церемонијата на предавање акредитиви, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека македонско-полските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области од взаемен интерес. Иванов порачал […]

„Титаник 3“ породолжува на 25 октомври со сослушување нови сведоци


Разлики во бројките од записниците и дополнителните преправки во нив, биле дел од причините заради кои, според дел од денешните сведоци во предметот „Титаник 3“, е повторено гласањето на неколку Избирачки места за Локалните избори 2013 година во Општина Чаир. Во кривичниот суд за предметот на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети Ејуп Аљими и […]

Триесетдневен притвор за едно лице за поседување околу половина килограм „хашиш“


рСкопското Јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет накотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, лицето е осомничено затоа што вчера при извршен претрес во неговиот дом во Скопје, била пронајдена наркотична дрога […]

НАТО: Македонија има историска можност да влезе во евроатлантското семејство


Портпаролката на генералниот секретар на НАТО Оана Лунгеску по почетокот на пристапните преговори за членство на Македонија во Алијансата, изјави за МИА дека денешниот настан е важен чекор за Македонија и оти земјата сега има историска можност да стане дел од евроатлантското семејство ако се имплементира Договорот со Грција. – Земјата одбележа важен чекор денеска […]

Приведени двајца велешани кои превезувале мигранти


Полицијата вчера околу 4:00 часот приведе двајца велешани кои превезувале четворица мигранти од Иран, кои по расправија со двајцата им го одзеле клучот од возилото и побарале помош кај наплатната рампа „Градско“. Како што информираат од МВР, полициските службеници од Полициската станица Неготино по преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р. (36) и С.Р. […]

Пендаровски: Македонија ќе придонесува 0,0721 отсто во буџетот на НАТО


По првата рунда пристапни преговори за членство во НАТО, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, изјави за МИА дека е пресметана стапката на македонскиот придонес во буџетот за НАТО, откако таа ќе стане членка на Алијансата. – Нашата формула е 0,0721 отсто од буџетот на НАТО. Ќе ме прашате колку е тоа. Треба прво да […]

Концесионерот на „Македонско село“ ќе ја плати гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци


На Концесионерот на „Македонско село“ за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од околу 43 илјади евра и подмирување на закупот за наредните шест месеци. Владата, од друга сдтрана, на наредна седница ќе достави информација за целосната постапка што произлегува по раскинување на договорот и […]