Челзи најде начин да го задржи Азар


Челзи ќе стори се за да ја задржи својата голема ѕвезда, Еден Азар.

Претходно, во текот на неделата се појави информација дека Белгиецот го информирал раководството на клубот оти е подготвен да започне официјални разговори за обновување на својот договор. Тековниот договор на фудбалерот со лондонскиот клуб истекува во летото 2020 година.

Раководството на „сините“ за возврат сакаат да го наградат својот играч, правејќи го најплатен во целата Премиер лига, оотег, со кој се надеваат дека ќе го натераат Азар да не го напушти „Стемфорд Бриџ“ следното лето.

Се очекува Челзи да му понуди плата од 18 милиони фунти годишно на играчот, со што ќе го претекне најплатениот во моментов – Кевин Де Бруин од Манчестер Сити, кој заработува по 15 милиони по сезона. Во моментов, Еден Азар заработува 230.000 фунти неделно или 13,5 милиони фунти годишно.

Во последниве месеци, впечатливиот настап на Азари со екипата на Челзи ги зголеми шпекулациите за неговото преминување во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Самиот белгиски репрезентативец, исто така, откри дека неговиот сон од детството е да игра за „белиот балет“.

– Правиме се што е можно за да го натераме Азар да остане. Секој навивач на Челзи го обожува Азар. Тој не е само голем играч, туку и голем човек. Сакаме да остане и се трудиме околу тоа, изјави претседателот на Челзи, Брус Бак за „Беин спортс“.

Од почетокот на сезоната белгискиот фудбалер постигна осум гола во десет натпревари за Челзи.