(ВИДЕО) По убиството, саудиски агент се шетал низ Истанбул во облеката на Кашоги


По убиството на новинарот Џамал Кашоги, човек сличен на него излегол од конзулатот во истата облека што ја носел Кашоги. Ова било втора посета на новинарот на саудискиот конзулат. Тој при првата бил љубезно пречекан и му било ветено дека ќе ги добие потребните документи за венчавката на втората средба. Вториот пат, место Кашоги, од […]

Роби Телекабел учесник во тепачка во штипска дискотека


Сопственикот на Телекабел и ТВ 24, Роберт Димитров синоќа учествувал во тепачка во штипската дискотека „Клик“. Од МВР велат дека Димитров со шише го удрил лицето А.П. неколкупати во пределот на главата. „Во СВР Штип пријавено е дека на 21.10.2018 во 02:55 часот во дискотека Клик во Штип Р.Д. (45) држејќи стаклено шише се доближил […]

Миленко Неделковски повикан на разговор во полициска станица во Велес


Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес. Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат. Според извори на истрагата, Неделковски е повикан поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го […]

Харадинај: УНМИК нема веќе што да бара во Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека мисијата на Обединетите нации УНМИК треба да си замине од Косово бидејќи, според него, таа нема веќе што да бара во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Изјавата Харадинај ја даде на трибина за трансформацијата на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово во Американскиот универзитет во […]

Милошоски и Велјаноски му изразија поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски


Пратеникот Антонио Милошоски му даде поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоја појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа […]

Во Германија најмногу крадат теренски возила


Во Германија минатата година се украдени помалку автомобили од претходната, но штетата е поголема бидејќи главно се крадат луксузни автомобили, соопшти денеска Сојузот на германските осигурителни компании (ГДВ). -Бројот на украдени автомобили е 17.493, четири отсто помалку отколку 2016 година, но штетата порасна за осум проценти, така што за изминатата година изнесува 324 милиони евра, […]

Обезбедувањето на училиштата и учениците го презема Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода во сите основни училишта, кои се под нејзина надлежност ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно, како што информираат од општината, оваа обврска беше на товар на родителите. Како што наведуваат преземањето на оваа обврска од страна на општината има за цел намалување на трошоците на […]

Капиталот стекнат за ВМРО-ДПМНЕ по референдумот потрошен со едно гласање


Капиталот стекнат по референдумот – се стопи преку ноќ. Вака во ВМРО-ДПМНЕ се толкува петочното гласање во Собранието со кое е крената рампата за договорот со Грција околу името. Експресното исклучување од партијата на седумтемина пратеници кои ѝ забија нож во грб на партијата е само обид да се поправи штетата, но вистинските предизвици во […]

ФИАТ ја продава филијалата за автоделови на Јапонци за седум милијарди долари


Автомобилската компанија Фиат Крајслер Автомобили (ФЦА) соопшти дека ја продава својата фабрика за автомобили, Мањети Марели. Таа се продава на јапонскиот производител на делови за автомобили „Калсони Кансеји“ за седум милијарди долари. Според ФЦА, ова ќе биде седмиот по големина светски производител на авто делови со поголем географски опсег, обем и финансиска моќ, а кој […]

Кирацовски до пратениците: Приклучете се, историјата ќе не вреднува сите


Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски денеска ги повика сите пратеници од Собраните на Република Македонија, особено оние кои не гласаа во првата фаза од уставните измени, активно да се вклучат во процесот за креирање на нацрт-амндманите, како што рече, со единствена цел, заедно да се дојде до национално прифатливо решение, што ќе биде во […]

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ се движи кон изолација


„Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, дека власта погрешно го водеше целиот процес и дека не смееше да биде исклучива спрема опозицијата од самиот почеток. Останувам и на ставот дека јас како пратеник немам право и легитимитет да гласам за промените во Уставот. Како што […]

Норвешка бара Хрватска да ѝ ја врати донацијата од 1,3 милион евра


Норвешка, која беше подготвена да донира 1,3 милиони евра во мултикултурното училиште „Дунав” во Вуковар, првото училиште во Хрватска во кое ќе учеа стотици деца хрватски, српски и други националности, бара од Хрватска да ги врати парите досега инвестирани во тој проект поради непочитување на меѓудржавниот договор. Во тоа училиште, децата исто така ќе учеа […]

Кољо, Ќосето, Нинџа и Југ пред упадот во Собранието заедно биле во кафе-барот „Дион“


Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Горанче Ангеловски-Ќосето, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски и Митре Питроповски, обвинети во предметот за „27 април“ од настаните во Собранието на РМ, се лицата кои истиот ден биле во кафе барот „Дион“ во ГТЦ и потоа организирано се […]

Иво Санадер осуден на две и пол години затвор за воено профитерство


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден е денеска на две и пол години затворска казна поради воено профитерство. Судијката Јасна Галешиќ го прогласи Санадер за виновен во аферата за примање мито од австриската банка Хипо во 1995 година. Таа во образложението наведе дека Санадер ја злоупотребил својата положба и направил дела против службената должност и […]

Германски медиуми: По одлуката во Собранието, национализмот во ќор-сокак


Чекор во насока кон ЕУ и НАТО, а против национализмот е оценка на дел од германските медиуми за случувањата во Македонија, откако во Собранието беше поддржано отпочнувањето на процедурата за уставни промени. Германскиот весник „Ханделсблат“ во текстот „Да за промена на името е пораз за нацонализмот на Балканот“ пишува дека поради „да“ за промена на […]

Заев – Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за Преспанскиот договор


Британската амбасадорка Рејчел Галовеј на денешната средба со премиерот Зоран Заев, ја поздрави одлуката на Парламентот на Република Македонија во поддршка на Преспанскиот договор, оценувајќи го како значаен чекор напред во евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, двајцата на средбата констатирале дека двотретинското мнозинство во Собранието за Предлогот на пристапување кон […]

Почна постапката за прогласување на Лесново за прв Геопарк во Македонија


Почна официјалната постапка Лесново да стане првиот Геопарк во Македонија, под заштита на УНЕСКО. Во Пробиштип денеска беше потпишан Меморандум за почнување на постапката за оваа иницијатива, а на него потписи ставија градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, градоначалникот на општина Кратово,Љупчо Бојаџиев, директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева и Маријана Шушлевска […]

Бившиот хрватски премиер Санадер доби 2,5 години затвор за воено профитерство


Хрватска– Поранешниот премиер на ХДЗ и претседател Иво Санадер е осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање. Според судијата, Санадер ја искористил својата позиција и извршил дела на злоупотреба на службената положба и воено профитирање. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, а времето поминато во притвор ќе биде вклучено во […]

Бартомеу: Нејмар замина и нема да се врати


Шпанија – Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу, ја отфрли веројатноста за враќање на Нејмар. Претходно, шпанските медиуми ги раширија информациите дека Бразилецот може да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“. – Нејмар си замина и нема да се врати. Неговото враќање не е планирано. Не добив никакви повици од неговиот агент. […]

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор


Грција – Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за […]