До 8 ноември Груевски треба да се јави во затворот во Шутка


Поранешниот премиер и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го добил упатниот акт за издржување на затворската казна за случајот „Тенк“. Според информациите, до 8 ноември тој треба да се јави во затворот „Шутка“ во Скопје за да почне да ја издржува затворската казна од две години, откако скопска Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот […]

Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковско


Со исказ на вешто лице вработено како биолог во лабораторија при МВР  денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро од 12 април 2012 година. На почетокот од рочиштето обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите  Алил Демири […]

Dënohet me burg ish kryetari i Demir Kapisë


Gjykata i ka shqiptuar masën e paraburgimit prej 30 ditëve ish-kryetarit të Demir Kapisë, Trajçe Dimitriev, për shkak të keqpërdorimit të detyrës zyrtare. Dimitriev dhe tre persona tjerë janë nën hetime pasi Policia Financiare ngriti padi penale nën dyshimet se me veprime joligjore kanë dëmtuar buxhetin e Komunës së Demir Kapisë dhe buxhetin e shtetit […]

Силеџиите со фантомки биле добредојдени кај Трајко Вељаноски


Никола Митревски-Кољо, Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Митре Питроповски и други обвинети со фантомки на главите биле добредојдени во Собрание на 27 април минатата година. Обезбедувачите на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељаноски – Иван Цветановски и Горан Ѓошевски, заедно со Елена Божиновска-Доцевска, која тогаш беше соработничка на Вељаноски, ги пречекуваат лицата со фантомки и ги упатуваат […]

Телото како вселенски брод – Предавање на Лиса Нојберг во МСУ


Вечерва, во 20 часот во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје предавање насловено „Телото како вселенски брод“ ќе одржи Лиза Нојберг, уметничка од Малме, Шведска. Таа ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики. Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани […]

Никола Тодоров за „Независен“: Ме исклучија, а не знаеја зошто


Никола Тодоров никогаш не работел спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, иако за тоа го товарат од партијата од која беше исклучен во вторникот. Точната причина за исклучувањето, како што вели, не ја знаеле ниту сопартијците во општинскиот комитет. Од политичката функција се повлекол бидејќи имал несогласувања како треба да се структурира партијата во иднина. Лоша […]

Стилска промена: Сите фризури на Фатиме Фетаи


Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи (33) , ги менува фризурите и стилот на облекување, ама останува доследна на театралноста, црвениот кармин, црвениот лак на долгите нокти и драматично нашминкани очи. Како моќна фигура на судењата кои ја потресуваат и предизвикуваат внимание во македонската јавност, ја дозира и моќноста на облеката. Еднаш избира строги т.н. машки […]

Романија под притисок од ЕУ за владеење на правото


Белгија- По Полска и Унгарија, Романија, која го презема претседателството со Европската Унија од јануари, е под лупа на Европската Комисија поради притисоците на Владата врз  јавниот обвинител на земјата, Аугустин Лазар, јави дописничката на МИА од Брисел. – Повеќе пати повторивме дека независноста на романскиот судски систем и нејзиниот капацитет да се бори против […]

Avirovic joins the excluded MPs from VMRO-DPMNE


The excluded MPs from VMRO-DPMNE who voted for constitutional changes do not intend to return their terms, as the parent-party demands. They are having their last consultations, after which the official formation of a new parliamentary group is announced, which will act independently in the Parliament. For now, their group will have eight MPs, but […]

Истражување: Жените со факултет се мажат за побогати мажи


Англија- Британскиот институт за фискални студии објави дека жените кои завршиле факултет имаат поголема шанса да стапат во брак со побогати мажи и да заработуваат 30 отсто повеќе од оние без диплома. Според резултатите од нивното истражување, приходите се само дел од придобивките што ги уживаат факултетски образованите жени. Имено, шансите за движење во кругот […]

Шинед О’Конор стана муслиманка и го смени името во Шухада


Ирска- Поп- ѕвездата Шинед О’Конор (51) која стана славна со најубавата балада на светот “Nothing Compares 2 U” одлучи да го прифати исламот како своја религија и веќе има ново име Шухада Давит. Пејачката, мајка на четири деца, на својот профил на Твитер објави дека таа повеќе не е католик. Ирските медиуми во своите вести […]

Адеми го кине проклетството на Динамо


Динамо Загреб продолжува да гази во фудбалската Лига на Европа. Во третиот натпревар од групната фаза, ја забележа и третата победа. На гости во трнава, „модрите“ славеа со 2-1 против Спартак, иако на полувреме губеа со 1-0. Во вториот дел, Марио Гаврановиќ и Мислав Оршиќ им донесоа три бода на загрепчани, со што само теорија […]

Премиера на „Елешник“ во велешкиот театар


На големата сцена во театарот „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата „Елешник“ од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова.  Таа појаснува  дека „Елешник“ е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов, што стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на „брзото […]

Ново рочиште за „Траекторија“


Со презентирање на СМС пораки и други доказни материјали што ги предложи СЈО, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид. На претходното рочиште беа прочитани неколку стотини СМС […]

Презентација на анализа на случаите на убиства на жени


Анализа на случаите на убиства на жени во периодот од 2008 до 2016 година, како и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство ќе бидат презентирани денеска во Скопје. Презентацијата на публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија […]

(Фото) Топ-манекенките носеа улична мода: Ревија на „ Москино и H&M“ во Њујорк


САД– Наоми Кембел и сестрите Џиџи и Бела Хадид беа дел од манекенките што вчера се појавија на модната ревија во Њујорк со која се презентира соработката на брендот H&M со Џереми Скот, креативниот директор на „Москино“. Славни личности, како Париз Џексон и Френсис Кобејн, исто така, беа забележани во првиот ред на ревијата. Интензивните […]

Авион принудно слета во Романија поради закана од бомба


Романија- Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба. Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија. Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е […]

Силен земјотрес кај Закинтос


Грција- Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос. Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил […]

Прва годишна конференција за е-трговија во Македонија


Во Скопје денеска ќе се одржи Првата македонска годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. На конференцијата ќе се обрати претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска, а од страна на организаторите најавено е и присуство на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за […]

На исклучените од ВМРО им се приклучува Авировиќ


Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени немаат намера да го вратат мандатот, како што бара матичната партија. Меѓу нив траат последните консултации по што е најавено официјално формирање нова пратеничка група, која самостојно ќе дејствува во Собранието. Засега нивната група ќе брои осум пратеници, но се остава простор за проширување со евентуално […]