Аматерскиот театар од Демир Капија вечерва со нова премиера


Аматерскиот театар „Мирка Гинова„ од Демир Капија, кој опстојува 55   години и има бројни награди и признанија, вечерва премиерно ќе ја одигра претставата „Умри машки„ од Алдо Николај. Режијата е на Томе Атанасов. -За сиве овие години, во театарот имаат членувано над 1.650 лица, а реализирани се над 90 премиерни изведби. Се игра во […]

Стотици илјади тони опасен отпад влегле во земјава, каде завршиле


Стотици илјади тони опасен отпад влегле во земјава во 2015 и 2016 година, пријавени како суровина за преработка и рециклирање или како гориво за големите индустриски капацитети. Според годишните извештаи на Министерството за животна средина, во овие две години биле увезени дваесетина пати повеќе опасен отпад отколку во претходните пет години. Увозот од 2011 до […]

Палестинскиот Исламски џихад понуди примирје со Израел


Палестинските милитанти од групата Исламски џихад соопштија дека ќе ги запрат нападите врз Израел од Појасот Газа. Таквата нивна одлука уследи откако израелски воени авиони нападнаа 80 цели на Хамас во Појасот Газа. Нападот на израелската авијација беше одговор на 30 ракети истрелани врз јужниот дел на Израел. Исламски џихад, вооружена група која дејствува во […]

Макрон: Демагогија е ембарго врз оружјето за Ријад поради Кашоги


Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференција во Братислава вчера порача дека повиците за ембарго врз продажбата на оружје во Саудиска Арабија поради новинарот Џамал Кашоги се „демагогија“. Додека сѐ повеќе земји членки изразуваат поддршка за ваков вид санкции против Ријад по смртта на новинарот Џамал Кашоги, Франција, која склучи зделка за оружје во износ […]

Албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка


Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка. Рама на Твитер напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други детали. На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот. Рама истакна […]

Жерновски на „2018 ОБСЕ Медитеранска Конференција” во Шпанија


Владата работи посветено на развојот на енергетскиот сектор, а за тоа говорат бројните реформски процеси кои се одвиваат на овој план. Донесениот Закон за енергетика кој е усогласен со европските директиви, покрај низата предности кои ги нуди овозможува стимулирање на употребата на обновливите извори на енергија како и низа можности за македонските енергетски компании, што […]

Ахмети и Клеменс Која, дискутирале за уставните измени, реформите и Рамковниот договор


Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата ДУИ во Тетово, имаше средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која. Соговорниците, како што соопштија денеска од ДУИ, дискутирале за политичката ситуација во земјата, уставните измени, реформите, како и за Рамковниот Договор. Ахмети посочил дека е задоволен поради поддршката за уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ игра добро испланирано сценарио


Само десетина месеци по влегувањето на „реформското крило“ во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, дојде до нивно исклучување од партиските тела. Костадин Богданов, кој беше дел од Извршниот комитет, се сомнева дека целиот процес околу договорот со Грција, гласањето во Собранието и чистката што следуваше е добро смислено сценарио на врхушката. Жали што во ВМРО-ДПМНЕ отсуствува внатрепартиска […]

Во Кичево над 20 апликации за вработување, преку активните мерки за намалување на невработеноста


 Општина Кичево ги повикува сите невработени лица и работодавачи од микро и мали претпријатија да се пријават за некоја од мерките предвидени во Програмата за поддршка на локалниот економски развој, во која е предвиден буџет за подршка на претприемништво, бизнис планови, започнување нови бизниси и имплементација на проекти кои придонесуваат кон намалување на невработеноста во […]

Стара неексплодирана артилериска гранаата пронајдена во Битола


 Стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во старата касарна во Битола-комплекс Јуриј. Пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување вчера пријавил во Полициската станица – Битола дека во 13:30 часот од страна на вработен во ГП „Гранит“, при изведување градежни работи во старата касарна  била пронајдена артилериската граната. Во 13:50 часот, соопшти […]

ВМРО-ДПМНЕ:Државата е пред економски колапс


Македонија е пред економски колапс, а неспсобноста и криминалот, картелот на власт ги покрива со распродажба на државните и национални интереси.  Сите економски параметри ја покажуваат катастрофалната слика за македонската економија. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат  дека во земјава нема капитални инвестиции, растот на бруто домашниот производ е еднаков на нула, а сведоци сме на фирми кои […]

Олумчев: Нема потреба од паника поради присуството на тигрестиот комарец


Детектирањето на тигрестиот комарец во општините Богданци, Дојран и Гевгелија предизвика вознемиреност кај населението поради опасноста од болестите што може да ги пренесе, но место за паника нема, вели епидемиологот д-р Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија. Европскиот тип на тигрест комарец кој може да ја пренесе опасната зика […]

Сомнителен пакет доби и милијардерот кој бараше импичмент на Трамп


Сомнителен пакет испратен е и до демократот Том Стејер, познат по тоа што претходно бараше импичмент за претседателот Доналд Трамп. Американските власти приведоа и подигнаа обвинение против едно лице, осомничено дека испраќал пакети со експлозивни направи. Тој е идентификуван како Сизар Сајок (56) и е обвинет по пет точки, меѓу кои и испраќање на експлозив […]

Бусек: Сите во ЕУ и решен е проблемот Балкан


Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек изјави дека Европска унија мора што побрзо да ги прими преостанатите земји од Балканот, за да бидат решени проблемите на регионот. Според него тоа би ја поттикнало регионалната соработка. Бусек на Меѓународната конференција во Белград „Европски центар за мир и развој“ посветен на новите […]

За девет месеци регистрирани над дваесет несреќи при работа


Со девет случаи на повреда при работа, во октомври гостиварскиот регион е на врвот на црната статистика. Повредените главно завршиле со тешки повреди, односно скршеници по екстремитетите. Според евиденцијата на СВР Тетово од почетокот на годинава во гостиварско се пријавени 24 несреќи при работа, од кои една е со смртни последици. Според местото на случување, […]

Сончево со температура до 26 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од минус два до пет, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен […]

Почнува зимското сметање на времето


Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија. -Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот […]

Груевски поканет во затвор


По неколку обиди да ги избегне судските курири кои го барале на домашна адреса за да му го достават упатниот акт за извршување затворска казна, во рацете на поранешниот премиер Никола Груевски вчера се најде конечно „поканата“ според која тој треба наскоро да почне да ја издржува првата затворска казна што му е определена во […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Неколкукратни опозиции укажуваат дека треба да внимавате на емотивниот живот денес – тоа е толку моќна енергија, што ќе ви даде чувство на непобедливост и претерана желба за ризик и авантура. Затоа сега не барајте многу, особено од оние што сте ги запознале пред некое време. БИК: Вашата неверојатна мотивација шири топли чувства и убава енергија […]

Нов закон во Ирска: Кој вози пијан, ја губи возачката дозвола на самото место


Ирска донесе нов закон за возење во пијана состојба, кој веднаш стапува во сила. Според овој закон, секој кого полицијата ќе го фати дека вози со нелегална количина  алкохол во крвта ќе ја изгуби возачката дозвола на самото место. Законот стапува во сила на полноќ, а го најави министерот за транспорт Шејн Рос. Според овој […]