Облачно со повремен дожд и ветер


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во текот на денот од југ ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во ноќните часови ќе […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе е добро да ги кажете работите што одамна беа заглавени во вашето грло – тие чекаа со години да излезат на виделина. Тоа е добар начин да се ослободите, издигнете и пронајдете нов мир во животот. Простувањето секогаш помага. Воспоставете блискост со другите. БИК: Можеби ќе треба да направите исклучок – следете го она […]

Коѕијас објаснува зошто Албанците апстинирале на референдумот


„Имавме информација од владата во Скопје дека на референдумот ќе излезат помеѓу 40% и 45%. Ние, пак, мислевме дека излезеноста ќе биде 41%. Се покажа дека одѕивот беше понизок и од тоа“, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервјуто за ЕРТ. Ниската излезеност Коѕијас ја објаснува со непрочистениот Избирачки список, стар над […]

Албанската опозиција контра Рама: Земањето позајмица од 500 милиони евра не е успех


По информацијата дека Албанија преку емисија на евробврзници се задолжи за 500 милиони евра и изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека тоа претставува успех, експресно реагираше албанската опозициска Демократска партија. Пратеничката на демократите Јолинда Табаку ставот на партијата го изнесе во објава на Фејсбук, оценувајќи дека не станува збор за никаков успех, туку за […]

Александар Стуб се кандидира за претседател на ЕК: Европските вредности на десницата под напад


Поранешниот фински министер за надворешни работи и поранешен европратеник сака да биде кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) за иден претседател на Европската комисија. Во писмо испратено до европската демохристијанска партија еден месец пред конгресот на оваа партија, на кој делегатите ќе го избираат нивниот кандидат, Стуб порачува дека како кандидат ќе ги брани фундаменталните […]

Гутереш: Договорот да биде имплементиран


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, по неделниот референдум, ги повика политичарите во Македонија да продолжат со спроведување на преспанскиот договор. „Фактот што огромно мнозинство од оние што гласаа го поддржаа преспанскиот договор е многу важен“, порача Гутереш. Во соопштението објавено од прес-службата на ОН, Гутереш ги повикува сите политички сили во Македонија да продолжат […]

Албанската Влада се задолжи со еврообврзница од 500 милиони евра


Албанската Влада преку издавање еврообврзница на меѓународниот пазар ја задолжи државата со 500 милиони евра. Парите ќе се користат за финансирање на Буџетот и за рефинансирање на стари долгови. Еврообцрзницата има рок да доспевање од седум години со каматна стапка од 3,5 проценти. Алабснкиот премиерот Еди Рама добивањето позајмица од 500 милиони евра го оцени […]

Патувачката изложба на Дороти Пачкова во Струга


Во галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга денеска ќе биде отворена патувачката изложба „Уште што друго сум освен што сум канцер во општеството?“ на Дороти Пачкова. Изложбата содржи 20 концептуални фотографии на жена во различни ситуации од нејзиното секојдневие. Преку проектот авторката сака да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. – Феминистичката уметност, […]

Заев и Мицкоски нема да се сретнат, власта оди на избори?


Премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со уставните измени за Договорот од Преспа, со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори, брифира за Плусинфо висок владин функционер, пишува Плусинфо повикувајќи на висок владин функционер. – Немаме намера […]

Анѓушев: Алтернатива освен членство во ЕУ нема


Алтернатива за земјите од регионот, освен членство во ЕУ, нема, а регионот мора да биде поефикасен и заедно да работиме за иднината, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Белград каде присуствуваше на Самитот 100 – Бизнис лидери од Југоисточна Европа. Според Анѓушев, регионот нема време за губење и мора да се отфрлат предасудите, […]

Писма со рицин испратени до Пентагон и до сенаторот Тед Круз


Обезбедувањето во Пентагон прогласило тревога во службата за прием на пратки, откако пристигнале неколку коверти кои содржеле траги од отровот рицин. Специјални полициски тимови денеска интервенирале и во Хјустон, во Изборниот штаб на републиканскиот сенатор Тед Круз, каде пристигнало писмо со бел прав, за кој се испитува дали е отров. Пентагон соопшти дека Федералното истражно […]

На 27 април во Собранието, СВР Скопје располагало со двојно помалку полицајци


На состаноците во МВР при изготвувањето на плановите за начините на делување за време на протестите на движењето „За заедничка Македонија“ било укажувано дека се потребни повеќе полицајци за да можат да се справат со ситуацијата. Ова попладнево во Кривичниот суд го сведочеше помошникот началник за општа безбедност при СВР Скопје Кирил Бошковски. Тој на […]

Италија: Очекуваме Парламентот во Македонија да ги одобри уставните измени


Италијанското министерство за надворешни работи се огласи по референдумот во Македонија и изрази надеж дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени со Договорот од Преспа. – На консултативен референдум, широко мнозинство на гласачи беа „За“ договорот со Грција со што ги потврдија аспирациите на граѓаните на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Италија […]

Канадска амбасада: Евроатланскиот пат ќе обезбеди безбедна иднина за Македонија


На 30 септември граѓаните на Македонија имаа уникатна можност да го изберат правецот по кој нивната земја треба да се движи, напишаа во заедничка изјава амбасадорката на Канада за Македонија, Кати Чада и специјалниот претставник за ЕУ и Европа и германски амбасадор Стефан Дион. – Во јули, Канада со гордост им се придружи на останатите […]

Харадинај: Не брзаме многу со формирањето на војската на Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешната седница на Владата, изјави дека „нема голема итаница“ за формирање на војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај нагласи дека законите за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово се доставени до Собранието и ќе се следат предвидените процедури. – Во врска […]

Меј: Мигрантите од ЕУ нема да имаат посебни права во Британија по Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека по Брегзит, за граѓаните на државите на Европската унија ќе важат нови правила, доколку сакаат да се преселат во Велика Британија, при што нема да имаат посебен третман во споредба со мигрантите од која било друга држава. – Кога ќе ја напуштиме ЕУ ќе воведеме имиграциски систем со […]

Заев и Ципрас меѓу најсериозните кандидати за Нобеловата награда за мир


Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир. Ова за грчката агенција АНА-МПА го изјави Виктор Нумелин, специјален уредник за Нобеловите награди на шведската новинска агенција ТТ. „Тешко е да се каже кој е кандидат, а кој не е. Јавна тајна е дека имињата им се […]

Нимиц: Раководството и политичарите во Скопје се пред крупни одлуки


Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ „Антена“ во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на […]

СЕХА Лига: Вардар рутински до победа против Војводина


Екипата на Вардар забележа победа против Војводина со 33:26 (17:15) во петтото коло од регионалната СЕХА лига. Иако играше со ослабен состав, откако одмор добија голманот Милосављев, Мораеш и Борозан, ракометарите на Роберто Гарсија Парондо покажаа стабилна игра и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Кисељов со девет погодоци беше најефикасниот […]

Вајгл: ВМРО-ДПМНЕ сака да ги заштити оние што го прекршиле законот


Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл изјави дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го помина тестот на зрелоста на референдумот за договорот со Грција и оценува дека однесувањето на оваа партија, заедно со претседателот Ѓорѓе Иванов, всушност крие обид да се заштитат оние кои го прекршиле законот. „Има и неколку работи што не се транспарентни. […]